Македонија
АХВ доби ISO сертификат
Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија (АХВ) во петокот соопшти дека го доби ISO 9001:2008 сертификатот за управување со квалитет, што претставува значаен меѓународен сертификат за управување со квалитетот во организацијата.
Придобивките од воведувањето на стандардот ISO 9001:2008 во работењето е од големо значење за Агенцијата , бидејќи тоа ќе придонесе институцијата да добие додадена вредност во однос на квалитетот на услугите што ги нуди, а воедно со системска контрола ќе се подобри ефикасноста и ефективноста на работењето се со цел да бидат задоволени потребите и очекувањата на бизнис операторите и на граѓаните, кои се корисници на нашите услуги, с евели во соопштението.
Процесот за воведување на ISO 9001:2008 стандардот за квалитет во АХВ почна со имплементација кон крајот на април 2014 година, по што во периодот од 22 и 23 декември 2014 година беа спроведени сертификациски проверки од страна на сертификациското тело МКС.
По спроведените проверки на имплементираниот Систем за менаџмент со квалитет, Агенцијата за храна и ветеринарство доби потврда за усогласеноста со барањата на ISO 9001:2008 стандардот за управување со квалитет.
По успешната сертификација, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија изјави дека имплементираниот Систем за квалитет во организација постојано ќе се унапредува се со цел на најдобар начин да се управува со квалитетот во институцијата.
„Со воведувањето на ISO 9001:2008 стандардот за квалитет, Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија уште повеќе го зацврстува своето реноме како институција која гарантира безбедна и квалитетна храна за луѓето, безбедна храна за животните, дека се добиваат квалитетни услуги и дека се грижи за здравствената заштита и благосостојбата на животните”, изјави директорот Зоран Поповски.
Државниот советник за храна и Менаџер за квалитет, Радмила Јовановиќ Николовска рече дека Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија ќе продолжи да го унапредува своето работење, преку подготовка на инспекциските одделенија во институцијата за акредитација со стандардот ISO/IEC 17020. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

