Македонија
Анкета: Македонските инвеститори треба да ги имаат истите поволности како странските
Мнозинството македонски граѓани сметаат дека странските директни инвестиции во зоните имаат позитивно влијание врз македонската економија, но дури 85,2 отсто од нив, сметаат дека македонските компании треба да ги уживаат истите поволности како и компаниите во технолошко-индустриските развојни зони, покажа анкетата на ЗМАИ (Здружение на млади аналитичари и истражувачи).
Мнозинството македонски граѓани сметаат дека странските директни инвестиции во зоните имаат позитивно влијание врз македонската економија, но дури 85,2 отсто од нив, сметаат дека македонските компании треба да ги уживаат истите поволности како и компаниите во технолошко-индустриските развојни зони, покажа анкетата на ЗМАИ (Здружение на млади аналитичари и истражувачи).
Телефонската анкета покажува дека повеќе од половина од граѓани, односно 56 отсто, сметаат дека странските директни инвестиции имаат позитивно влијание врз македонската економија, наспроти 20,9 отсто кои не се согласуваат со овој став.Во однос на влијанието на владините промоции и патувања во странство за привлекување на странски директни инвестиции во земјава, мислењето на граѓаните е генерално поделено. За разлика од останатите, 50% од вработените во компаниите во технолошко-индустриските развојни зони сметаат дека владините промоции и патувања имаат големо влијание во привлекувањето на СДИ, додека пак мнозинството (56,7%) сопственици на приватни бизниси, сметаат дека влијанието од оваа промотивна активност е мало.Вработените во странски директни инвестиции повторно се со спротивставени ставови со сопствениците на приватни бизниси и студентите кога станува збор за поволностите кои владата ги дава на странските инвеститори. Дури 56,3 проценти од вработените сметаат дека поволностите кои Владата ги нуди се оправдани, додека сопствениците на приватни бизниси (со 66,7 проценти), како и студентите (со 63 проценти), не се согласуваат со овој став. Дополнително, македонското и албанското население има спротивни ставови во однос на ова прашање, па така 48,1 отсто од Македонците одговориле позитивно, наспроти 58,4 проценти од Албанците кои сметаат дека поволностите кои се даваат на странските директни инвеститори не се оправдани.Повеќе од половина граѓани, 52,6 проценти, се против ослободувањето од данок на добивка за странските директни инвеститори во ТИРЗ, а 70 отсто од сопствениците на приватни бизниси, кои ја немаат оваа поволност, како и 60,8 проценти од вработените во приватен сектор сметаат дека не е оправдано ослободување на данокот на добивка за овие компании.Дури 60,5 отсто од граѓаните сметаат дека работните места отворени во технолошко-индустриските зони не се доволно платени. Единствено студентите не се согласуваат со овој став, па така, 67,4 проценти од нив сметаат дека вработените во странските директни инвестиции се добро платени.Општата јавност е поделена по прашањето „Дали придобивките од странските директни инвестиции се поголеми од трошоците за нивно привлекување?”, но 53,3 отсто од магистрите/доктори на науки се изјасниле дека трошоците за привлекување на странски дирекни инвестиции се поголеми од придобивките кои ги има државата.Исто така 74,8 отсто од македонските граѓани сметаат дека е потребно отварање на нови технолошко-индустриски развојни зони.Оваа анкета е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1118 граѓани од страна на Здружението на млади аналитичари и истражувачи. Проектот „Влијанието на владините субвенции за странски директни инвестиции, наспроти нивниот ефект врз економскиот раст“ е прв проект од ваков вид што се спроведува од страна на невладина организација и е дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Поскап бензин од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.
Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,883 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

