Македонија
Бесими–Мантованели: Поддршката од Светската банка е од суштинско значење за Македонија
Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими во средата оствари средба со новоименуваниот директор на Канцеларијата на Светска банка во Република Македонија, Марко Мантованели.
Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими во средата оствари средба со новоименуваниот директор на Канцеларијата на Светска банка во Република Македонија, Марко Мантованели.
Досегашната поддршка од страна на Светска Банка и нашето долгогодишно стратешко партнерство, е од суштинско значење за Македонија, рече вицепремиерот Бесими, особено преку кредитните линии за изградба на патна инфраструктура со која се подобрува целокупната транспортна мрежа, а со тоа и конкурентност на нашата економија.
Бесими ја афирмираше и националната структура за координација на финансирањето на големите инфраструктурни проекти, како заедничка платформа на Владата, ЕУ, Светската банка и останатите финансиски институции.
На средбата стана збор и за актуелните проекти кои се финансираат преку ИПА фондовите, а се реализираат во партнерство со Светската банка, вклучително и во делот на руралната инфраструктура и санацијата на штетите од минатогодишните поплави.
Во текот на разговорот вицепремиерот Бесими даде и краток осврт на развојот на политичката состојба и моменталната економска состојба во Македонија, како и за итните реформски приоритети во процесот на пристапување кон Европската унија.
При тоа, тој ја потенцираше и заложбата на земјата за отворена соработка со ЕУ, при справувањето со мигрантската криза со што покажа дека е сериозен партнер на ЕУ, подготвен да учествува во каков било план или заедничка заложба на Унијата. Бесими и Мантованели изразија задоволство за можноста за понатамошна соработка меѓу Светската банка и Република Македонија./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
(Видео) СДСМ предлага зголемување на платите на полицајците за 20 отсто
СДСМ предлага 20 отсто зголемување на платите на полицајците. Ексминистерот на МВР и пратеник, Оливер Спасовски, го оцени предлог-буџетот за 2025 година како погубен, посочувајќи дека тоа ќе значи уште една загубена година за економијата, за граѓаните и за полицајците.
Вели дека за полицијата да биде вистински сервис во едно демократско општество, мора да има и мотивирани полицајци, а таа цел со овој амандман целосно се исполнува.
„Полицајците се клучна алка за безбедност и сигурност на граѓаните, чувари на редот и мирот. Тие се секогаш во првите редови подготвени да го ризикуваат својот живот за државата и за сите граѓани. Во изминатите години СДСМ силно инвестираше и во подобрување на животниот стандард на граѓаните и на модернизација и подобрување на условите за работа“, рече Спасовски.
Покрај платите, СДСМ има амандман и за набавка на нови современи технички средства. Опозициската партија бара пренамена на пари за 4 нови командни центри. Поднесен е амандман и за 30 специјализирани дронови за работа на полициските сили, за набавка на 300 напредни комуникациски уреди како и 50 уреди за мерење на издувните гасови на возилата.
СДСМ поднесе над 200 амандмани на Буџетот за идната година.
Економија
Сиљановска-Давкова пред претседателот на Азербејџан ги претстави инвестициските можности
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев. На средбата присуствуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше оценето дека тие се пријателски и во таа насока беше изразена посветеност за интензивирање и продлабочување на односите во културата, туризмот, образованието и други области од заемен интерес.
Давкова го истакна интересот од македонска страна за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји, особено во областа на енергетиката, имајќи го предвид нашиот интерес за диверзификација на изворите на снабдување со енергија.
Соговорниците се согласија дека треба да се продлабочат економските односи со конкретни билатерални договори, при што изразија задоволство од Меморандумот за разбирање меѓу македонски и азербејџански енергетски компании којшто се потпиша во Скопје со цел зајакнување на македонската енергетска стабилност.
На средбата претседателката ги претстави и инвестициските можности што ги нуди нашата држава. Од страна на претседателот Алијев беше изразена подготвеност за можни инфраструктурни проекти поврзани со гасификацијата на нашата држава.
На средбата претседателката Сиљановска Давкова упати честитки за одличната организација на самитот и благодарност за гостопримството.
Економија
СДСМ со амандмани на буџетот: 20 oтсто повисоки плати за МВР, образованието, здравството, прожарникарите
Опозициската СДСМ смета дека поднесениот Буџет за 2025 година е неразвоен и недомаќински.
Од партијата утрово потсетуваат дека поднесoa повеќе од 200 амандмани, предлагајќи зголемување на платите во полицијата за 20 отсто, во образованието, здравството, јавниот сектор, пожарникарите.
„Тоа значи повеќе пари во џебот на граѓаните, подобар животен стандард, мотивацијата на работниците а ќе овозможи и поквалитетни услуги. Браме поддршка за нивно усвојување од сите пратеници, бидејќи тие се во интерес на сите граѓани“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, нивните амандмани се конкретен план за Македонија којашто, како што велат, се грижи за своите граѓани, за нивните приходи и за нивниот животен стандард.