Македонија
Бесплатно запишување на правата на сопственост во 29 катастарски општини

Во 29 нови катастарски општини оваа година ќе се врши бесплатно запишување на правата на сопственост.
„Ја користам оваа прилика да ги повикам сите граѓани и правни лица кои поседуваат имот во катастарските општини опфатени со програмата, да поднесат барање, односно пријава до одделението на катастарот каде што се наоѓа нивната недвижност и кон истата да ја приложат целокупната документација со која располагаат за да го докажат првото на сопственост (пресуди, договори, акти на државни органи, наследни решенија, поседовни листови и сл), по што катастарот ќе изврши бесплатно запишување на правата на сопственост“, рече директорот на Катастарот Славчо Трпески.Тој додаде дека во Република Македонија има вкупно 4.047.000 катастарски парцели и заклучно со денес 9,9% од вкупниот број на парцели сѐ уште се со неутврдени права на сопственост.Според него, стратешка цел на Агенцијата за катастар на недвижности е секоја катастарска парцела во Република Македонија да биде со утврдени права на сопственост. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Димитриеска-Кочоска на министерскиот состанок во Подгорица посветен на мерки за елиминирање на недозволената трговија со тутунски производи во Западен Балкан

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре ќе учествува на министерскиот состанок во организација на Светската здравствена организација, посветен на елиминирање на штетните влијанија од употребата на тутун.
На состанокот на високо ниво учествуваат министри и заменици министри за финансии на земјите од регионот, претставници на Свеската здравствена организација и Eвропската комисија, Обединетото Кралство, Словенија, Светската банка, Светската царинска организација, Организацијата за економска соработка и развој, како и претставници на академската заедница.
Целта е да се подигне свеста за проблемот со нелегалната трговија со тутун и за нејзиното влијание врз даночната администрација, здравјето и одржливиот развој, за потенцијалот на земјите во справувањето со нелегалната трговија со тутунски производи, а воедно и да се споделат искуства во справувањето со овој проблем.
Економија
Реализирана исплата на мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и од Програмата за директни плаќања

Денеска се реализираше исплата на мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година за:
– мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, 5.001.667,00 денари се исплатени за набавка на комбајни за жито и 369.990,00 денари за набавка на механизација-деловен план.
– мерка 2 – Субвенционирање на каматна стапка и за истата се исплатени вкупно 1.402.023,00 денари.
Од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година се изврши исплата за:
– мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства за набавка на педигрирани чистокрвни или хибриди свињи (нерези и назимки) од увоз или од признати организации согласно Законот за зоотехника, набавени во период од 01.10.2023 до 30.09.2024 година, денес се исплатени вкупно 2.615.584,00 денари.
Воедно се исплатија и 44.559.948,00 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година за мерка 1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија.
Економија
Димитриеска-Кочоска: Економијата повеќе не е во стагнација, резултатите од нашата работа стануваат видливи

Економијата повеќе не е во стагнација. Државниот завод за статистика објави податоци за неколку сегменти од економското дејствување во Македонија преку кои веќе почнуваат да се гледаат видливи резултати од нашата работа, ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната прес-конференција.
Таа посочи на податоците објавени од Државниот завод за статистика кои евидентираа намалвуање на стапката на невработеност на историски најниско ниво од 11,9%, зголемување на вработеноста на 46,2%, раст на индустриското производство од 1,4% во јануари 2025 година, раст на извозот за 5%.
„Тоа значи дека 13.067 илјади нови вработувања се реализирани на годишно ниво односно споредено со истиот квартал претходната година, што е економска поткрепа за нововработените лица и еден показател дека во компаниите се создал раст кој поттикнал отворање нови работни места, а тоа во 4 – от квартал од 2024 година се регистрираше и преку остварениот раст на БДП од 3,2%“, рече минисерката.
Според министерката клучно е дека за овој процес да се покрене, а имајќи ги предвид достигнувањата на економијата во првите два квартала од 2024 година, е создавањето предуслови за сигурно бизнис опкружување кое влијае на реализација на инвестиции, отворање нови работни места и повисок стандард. Дополнително ова е клучно и за привлекување и реализација на странски директни инвестиции за кои минатата недела објавивме дека во 2024 година е реализиран историски највисок износ од над 1 милијарда евра.
“Иако станува збор за краток период од имплементација на нашите политики, сепак податоците се охрабрувачки за нас да продолжиме со спроведување на поставениот план. Владата става фокус особено на економијата и инвестициите и на нив го темели вистинскиот напредок. Економијата и компаниите, како и вработените секогаш ќе имаат партнер во Владата. Обезбедивме и веќе почна исплатата на средствата од унгарскиот заем наменет за домашните компании, тоа ќе покрене инвестиции од околу 300 милиони евра кои ќе отворат нови дополнителни работни места наменети за нашите граѓани, за нашата млади кои ќе можат да ја бараат иднината тука во својата земја“, рече минитерката.
Таа на прес-конференцијата посочи дека поволности за компаниите и граѓаните се обезбедени и со приклучувањето на Македонија кон Единствената област за плаќања во евра СЕПА, а за што Владата создаде предуслови преку усогласување со ЕУ регулативите извршените измени на повеќе закони, односно Законот за платежни услуги и платни системи и Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам коишто беа услов за нашето приклучување во СЕПА.
„Нашите граѓани кои работат во странство во некоја од СЕПА земјите и кои праќаат пари во Македонија, провизиите при праќањето двојно ќе се намалат од околу 7% на околу 3%. Тоа претставува сериозна заштеда ако се има предвид дека стотици милиони евра се праќаат секоја година. Заштедите на компаниите би биле и поголеми, не само во износи туку и во време. Така, плаќањата помеѓу компанија од Македонија и компанија од земја од СЕПА би биле за само еден ден, а во одредени случаи и за само неколку минути. Со ова ќе се олесни водењето на бизнис и конкурентноста на македонските компании“, потенцира министерката за финансии.
Таа изрази очекувања дека ваквите тенденции ќе продолжат и во наредниот период и дека ќе се оствари стапката на раст за оваа година која е проектирана на 3,7, изјаќи ги предвид и сите ризици кои се присутни.