Македонија
Богов: Нема причина за паника, парите на граѓаните се сигурни во македонските банки
Нема причини за загриженост, парите на граѓаните се најсигурни во македонските банки, изјави во вторникот гувернерот на Народната банка, Димитар Богов за порталот Економски.мк како одговор „оркестрираните шпекулации“ во последниот период чија цел е, како што оценува, да се создаде притисок врз банкарскиот систем.
Нема причини за загриженост, парите на граѓаните се најсигурни во македонските банки, изјави во вторникот гувернерот на Народната банка, Димитар Богов за порталот Економски.мк како одговор „оркестрираните шпекулации“ во последниот период чија цел е, како што оценува, да се создаде притисок врз банкарскиот систем.
Економските фундаменти во земјава се здрави и сите параметри покажуваат дека не може да дојде до валутна криза односно до девалвација на денарот, порачува гувернерот Богов.
„Обично кога некоја валута се наоѓа под закана, во земјата има платно–билансна криза. Во Република Македонија во последните два месеци имаме вишок во платниот биланс, а во последните пет години имаме исклучително низок дефицит кој е помал од 2 отсто од бруто домашниот производ (БДП) и кој лесно се покрива дури и при пониско ниво на странски директни инвестиции. Така што целосно се неосновани овие шпекулации. Единствено што предизвикуваат е психоза која има цел создавање поголема побарувачка и одреден притисок. Но НБРМ има моќни инструменти кои може да ги употреби и да ја стабилизира ситуацијата за кратко време, но во тој случај цената ќе ја платат сите економски фактори и таа ќе биде повисока“, уверува Богов.
Поради споменатите шпекулации, деновиве медиумите информираа за повлекување помали депозити од банките. Богов потсетува дека слично ситуација имала и ланскиот мај, веднаш по судирот во кумановско Диво насеље, но ситуацијата била брзо стабилизирана, а најмногу загубиле граѓаните кои повлекувајќи си ги орочените пари ја изгубиле каматата. НБРМ деновиве регистрира и зголемена побарувачка на евра, но девизниот пазар е стабилен.
„Има зголемена побарувачка за девизи, но девизи има доволно на пазарот. Менувачниците шпекулираат. Секој кој чувствува загриженост ноже слободно во било која банка и без ограничување да си купи девизи колку сака“, вели Богов за Економски.мк
Девизните резерви во моментов се на нивото од крајот на минатата година или 2.270.000.000 евра што е над нивото кои го препорачува ММФ. Банките се здрави и високо ликвидни, а во нив се чуваат околу 5 милијарди евра штедни влогови на фирмите и граѓаните. Штедењето расте во континуитет, а во март е забележан раст од над 22 милиони евра./крај/ек/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Ѓорѓиевски со порака за посилна регионална соработка на форумот на Стопанската комора на Војводина
Во рамките на осмиот форум кој е организиран од Стопанската Комора на Војводина во Нови Сад се одржа панел дискусија со фокус на регионалната соработка,зелената транзиција и идните чекори на регионот на која покрај домаќинот господин Владимир Гак преседател на стопанската комора на Војводина учествуваа Горан Ѓорѓиевски преседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, преседателот на Стопанската комора на Република Српска Горан Ракиќ и Горан Јаниќ преседател на советодавниот одбор на Зелен Навигатор.
Пред голем број на присутни учесниците на панелот испратија јасни пораки за зголемување на соработката на ниво на Комори како и идни чекори кои е потребно да се преземат со цел да се овозможи подобро позиционирање на бизнис секторот во регионот и на европскиот пазар. Коморите преставуваат катализатор помеѓу владите и бизнис секоторот секогаш фокусирани да работат на градење мостови на соработка со цел подобрување на условите за бизнис,а тоа е возможно со поголем број на Б2Б средби,размена на искуство и воведување на нови практики во зелената транзиција која се бара од страна во Европската Унија,а нашите држави се обврзаа на тоа.
,,Затоа регионот е потребно се повеќе да го гледаме и третираме како еден пазар со фокус на зголемена ,но фер транзиција на која ќе се работи во континуитет на дигитализацијата и нови технологии без кои не можеме да замислиме дека ќе има развој” истакна Ѓорѓиевски во своето излагање.
На маргините од осмиот форум делегацијата на Соузот на Стопански комоти на Македонија реализираше состаноци со Истамбулската стопанска комора со кои се оцртаа новите форми на идна соработка со примарен фокус на инвестициите.
Со почит,
Економија
Минималните семејни трошоци во ноември 65.173 денари, со изнајмен стан надминуваат 80 илјади
Минималните месечни трошоци што едно четиричлено семејство ги има во ноември достигнуваат 65.173 денари, додека доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупните потребни средства се искачуваат на 80.548 денари.
За храна и пијалоци се издвојуваат 23.534 денари, додека 6.130 денари се потребни за режиски трошоци, соопшти Сојузот на синдикатите, кој ја изработува синдикалната минимална кошница.
Во однос на минатиот месец, кога за покривање на основните трошоци биле потребни 65.544 денари, сега е забележано намалување од 371 денар.
Економија
Кузманоска: Домашните капитални инвестиции во 2026 година ќе бидат мотор за економскиот раст на земјата
Биљана Кузманоска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година порача дека Предлог-буџетот за 2026 година носи ред, мерливи резултати и стабилен економски раст, со силен фокус на инфраструктурата и инвестиции кои треба да отворат нови работни места.
,,Буџетот за 2026 година не е само финансиска рамка, тој е одраз на новиот начин на работа, на новата политика што ја ветивме, политика на одговорност, ред и чесност“, рече Кузманоска и додаде:
,,Воведуваме јасни прагови за реализација, и тоа не на хартија туку со мерливи рокови. До крајот на првиот квартал, 15% до вториот 40% до третиот 65% и најмалку 70% до 15 ноември“.
Кузманоска посочи дека фокусот на Предлог-буџетот за 2026 година е и инфраструктурата.
,,Фокусот е на инфраструктурата што ја поврзува Македонија. Патишта, железници, училишта, болници, локални проекти. Со овој буџет имаме реален раст и стабилност. Буџетот е поставен на реални и внимателни проекции. Раст на економијата од 3,8% проекти, инфлација стабилна на 2,5%, и дефицит кој е намален н 3,5% од БДП“, истакна Кузманоска.
Таа дополни дека во 2025 година Македонија имаше рекордни странски инвестиции, што според неа, покажува стабилност, а истакна и дека во 2026 година се очекува инвестициите заедно со домашните капитални вложувања да бидат мотор на економскиот раст и да отворат нови работни места.
,,Минатата година го достигна највисокото ниво на странски директни инвестиции во својата историја, над 1 милијарда евра. Тоа не се бројки, туку доказ дека инвеститорите гледаат стабилност, предвидливост и волја за работа. Во 2026 година, заедно со домашните капитални вложувања очекуваме инвестициите да бидат мотор што ќе го движи економскиот раст и ќе отвора многу нови работни места“, кажа Кузманоска.

