Македонија
ЦИКП: На секој трет работник му се исплаќаат придонеси на сума пониска од реалната месечна плата
На секој трет работник во Македонија му се исплаќаат придонеси на сума пониска од реалната месечна плата, покажуваат резултатите од анкетата за непријавената работа во Македонија што ја спроведе Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП).
Податоците покажуват дека најчесто придонесите се исплаќаат врз основа на минималната плата, додека работникот го добива остатокот од платата или во готово или врз основа на дополнителен договор на кој не се плаќаат придонеси.
Резултатите од анкетата укажуваат дека: од испитаниците кои имаат основно вработување: 84% имаат потпишано договор за работа со работодавачот; 10% во текот на претходниот месец имаат добиено дел од платата ‘во готово’; од испитаниците кои имаат дополнително вработување: 80% немаат потпишано договор за работа со работодавецот; над 50% не пријавуваат ниту пак плаќаат персонален данок за дополнителната дејност.
Дополнително, и кај оние кај кои се исплаќаат придонеси за социјално осигурување, основот за нивна исплата е различен. На секој трет работник му се исплаќаат придонеси на сума пониска од реалната месечна плата, покажуваат резилтатите.
„Најчесто придонесите се исплаќаат врз основа на минималната плата, додека работникот го добива остатокот од платата или во готово или врз основа на дополнителен договор на кој не се плаќаат придонеси. Иако одговорноста за непотполното исплаќање придонеси најмногу лежи кај работодавачите, дел од вината сносат и работниците кои ги прифаќаат таквите услови. Резултатите покажуваат дека над 20% од испитаниците би прифатиле да работат непријавени доколку земаат повисока плата“, се вели во извештајот на ЦИКП.
Овој став, продолжува извештаот, е значително поврзан со финансиската состојба на испитаниците, со тоа што оние со пониски приходи на домаќинството во поголем број би прифатиле непријавена работа (со повисока плата) во споредба со оние со повисоки приходи на домаќинството.
Овие наоди, велат од Центарот, одат во прилог на аргументот дека непријавената работа е во голем степен поврзана со високото ниво на сиромаштија и од страна на работниците се користи како механизам за справување со тешката финансиска ситуација и преживување на семејствата од ден за ден.
Покрај тоа, фактот дека над 50% од испитаниците изјавуваат дека задолжителното здравствено и социјално осигурување не им обезбедуваат доволно чувство на сигурност, може да се смета за дополнителна причина за прифаќањето на непријавена работа.
Анкетата за непријавената работа во Македонија е спроведена во текот на месец октомври 2014 година, на репрезентативен примерок од 1.116 испитаници на територијата на Република Македонија со цел да ги утврди различните форми на скриени економски активности.
Анкетата е спроведена во соработка со Центарот за изучување на демократијата (ЦИД) од Бугарија.крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

