Македонија
Дегустација на италијанска храна и вино во „ La Dolce Vita”
Италијанскиот Фестивал кој по трет пат се одржува во Македонија, оваа година нуди богата програма на гастрономски, културни и бизнис настани со цел да се претстави најдоброто од “Made in Italy” и е организиран од ИЧЕ- Италијанската агенција за промоција и интернационализација на италијанските компании во странство во соработка со Амбасадата на Република Италија во Македонија.
Италијанскиот Фестивал започнува во среда во Скопје со “La Dolce Vita” со дегустација на вина и италијански прехранбени производи, на која учествуваат 17 италијански компании и ги претставуваат најдобрите вина, маслиново масло, тестенини, сирења и др.прехранбени производи од регионите: Тоскана, Пуља, Лацио, Сардинија, Сицилија, Модена, Лигурија и Пјемонте.Дегустацијата, која по трет пат се одржува во Скопје, во рамките на Италијанскиот Фестивал Македонија 2016, ќе почне во 15.30 часот, а е посветена на презентација и дегустација на италијански прехранбени производи и вина кои сеуште не се присутни на македонскиот пазар, и има за цел да се промовира нивниот извонреден квалитет како и да овозможи влез на нови италијански брендови на македонскиот пазар. Станува збор за специјализиран настан наменет пред се’ за увозниците и дистрибутерите на храна и вино, за големите ланци на супермаркети, енотеки, ресторани, хотели и фирми за кетеринг, за медиуми и специјализирани списанија.Првиот дел од настанот ќе биде посветен на бизнис средби меѓу претставниците на италијанските компании и македонските увозници и дистрибутери на храна и вина. Во попладневните часови, посетителите ќе имаат можност да дегустираат специјалитети и леб типични за регионот Сардинија. Дегустацијата на вина ќе ја водат меѓународните судии за вино, Ивана Симјановска и Пол Капуто, кои во таа прилика ќе одржат Мастерклас по енологија.Постојаниот пораст на квалитетот на животот на македонмскиот потрошувач придонесе до прогресивен пораст на побарувачката за италијански прехранбени производи и како резултат на тоа тие се се’ поприсутни на пазарот. Италијанските производи во кај македонските потрошувачи уживаат имиџ на луксуз и квалитет; некои производи како пармезанот, маслиновото масло и кафето поставуваат нови стандарди во угостителсвото.Италијанската агенција за промоција и интернационализација на италијанските компании во странство е државна агенција која има за цел да ја промовира и поддржи трговската соработка на Италија со други земји со активности насочени кон интернационализација на италијанските компании и нивното присуство на странските пазари, со посебен акцент на малите и средните претпријатија и нивните здруженија. Преку централата во Рим, канцеларијата во Милано и мрежата на канцеларии во светот, ИЧЕ Агенцијата се занимава со информирање, поддршка и промоција на компании и институции, корпоративни и индивидуални обуки и промоција на соработката во сите бизнис сектори. Надвор од Италија ИЧЕ Aгенцијата работи во рамките на италијанските дипломатски претставништва и во тесна соработка со коморите и бизнис здруженијата им нуди координирана поддршка на италијанските компании заинтересирани за влез на странските пазари. Преку ИЧЕ Агенцијата италијанските компании имаат можност да се запознаат со странските пазари преку детални статистички и пазарни анализи, информации за правната и даночната регулатива, да добијат информации за бизнис и инвестициските можности во различни сектори, како и поддршка при дефинирањето стратегија за настап на странските пазари.Во рамките на Канцеларијата на ИЧЕ Агенцијата во Скопје работи посебен деск кој има за цел да прибира и да им презентира на италијанските компании информации во врска со бизнис можностите поврзани со проекти во секторите: инфраструктура, енергетика, земјоделие и животна средина. Дескот издава месечен билтен на италијански јазик, со информации за проектите и тендерите кои се однесуваат на горенаведените сектори и е наменет за италијанските компании кои работат во Македонија или се заинтересирани да настапат на македонскиот пазар./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Ковачевски: Поддршката за домашните компании продолжува, СДСМ нема да се откаже од подобра и европска иднина за државата
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Менди Ќура, и со членовите на комората, на која што се разговараше за ефектите од досегашните економски мерки, за идните мерки на СДСМ, како и за нивните предлози, за тоа што е потребно да се направи во следниот период за развој на приватниот сектор и економијата.
Ковачевски по средбата, во изјава за медиуми, речедека со сите стопански комори досега имало успешна соработка, потенцирајќи дека и во време на најтешки кризи се Владата предводена од СДСМ, носеше правилни мерки за заштита на економијата, ликвидноста на компаниите и стандардот на граѓаните.
„Во тоа време направивме девет пакети антикризни мерки, во кои што учествуваа секогаш и претставниците на Стопанските комори, вклучително и Стопанската комората на Северозападна Мкаедонија. На тој начин успеавме да спасиме 80.000 работни места во 20.000 компании. Подоцна продолживме со зголемување на минималната плата, за која што секогаш имаше поддршка од оваа комора меѓутоа и од другите, и до зголемување дојде и на просечната плата“, рече Ковачевски.
Во однос на поддршката за домашните компании, Ковачевски посочи дека тоа е еден од приоритети на СДСМ и дека преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, домашните компании за прв пат добија поддршка од држвата, која со новата четиригодишна програма на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, ќе се зголеми.
„Во текот на изминатите години, како Влада имаме обезбедено 100 милиони евра финансиска поддршка за домашните компании. За наредниот четиригодишен мандат, планираме над 180 милиони евра, што ќе отвори нов циклус на инвестиции кај домашните компании“, рече Ковачевски.
На средбата, како што кажа Ковачевски, се разговарало и за клучните реформи во државата кои што се поврзани со евроатлантските интеграции на Северна Македонија, при што Ковачевски потенцираше дека СДСМ како партија не се откажува од интегрирањето на државата во ЕУ, согласно со преговарачката рамка која што е усвоена.
„Веќе оваа недела ќе биде усвоена реформската агенда која што е дел од Планот за раст на Западен Балкан, во кој што точно ќе бидат наведени реформите кои што ќе треба да се прават со цел да се повлекуваат траншите за Македонија. Тоа ќе бидат реформи во сите области од економијата, јавната администрација до правосудството и добрососедските односи“, истакна Ковачевски.
При тоа, Ковачевски потенцираше дека најголем дел од предлозите на Стопанската комора на Северо-западна Македонија, кои што беа дадени уште пред изборите, се веќе имплементирани во четиригодишната програма на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.
„Значи тоа зголемување понатамошно на минималната плата, зголемување на просечната плата и секако поддршка нова на индустријата, особено на компании кои што се извозно ориентирани и определување на доволна сума на финансиски средства за капитални инвестиции во државата. Ние имаме предвидено 3,5 милијарди од кои што 2,7 милијарди се за инфраструктурни проекти во државата во наредниот четиригодишен период.Тука би го додал и земјоделството, предвидуваме поддршка во земјоделството во четиригодишниот период од 1,3 милијарди евра, што секако ќе значи зголемено производство на храна, зголемен извоз на храна и зголемен извоз на земјоделски производи“, исткана претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Економија
АСО: Владата преку измени на тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ја охрабрува Владата, согласно своите законски надлежности, да ги заштити правата на осигурениците и преку измени во Тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.
АСО како регулатор на пазарот на осигурување уште еднаш јавно информира дека е целосно неоправдан и без основа потегот со кој осигурителните компании ги зголемија цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност.
Клучните аргументи против зголемување на цената се наведени во анализата што е доставена до надлежната комисија при Министерството за финансии.
Зголемувањето на цената на осигурувањето не е во функција на јакнење на заштитата на осигурениците. Напротив, како што се додава, ова зголемување на цените е само и исклучиво во функција на покривање на трошоците за оперативно работење на компаниите за осигурување.
Економија
Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација
Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледа доставениот извештај од Националното биро за осигурување поврзано со зголемените цени по основ на премија за вршење на дејноста на осигурување.
На состанокот Комисијата му укажа на Националното биро за осигурување и на регулаторот Агенцијата за супервизија на осигурувањето во текот на денешниот ден да им предложи на друштвата за осигурување до крајот на денешниот ден да ги стават во мирување одлуките за зголемување на трошоците и да ги вратат на ниво од пред 25 април 2024 година и да ја известат Комисијата во текот на денешниот ден. Ваквото укажување е со цел обезбедување транспарентност и предвидливост на процесите, имајќи предвид дека компаниите ниту поединечно, ниту преку Националното биро за осигурување го немаат известено регулаторот, односно Агенцијата за супервизија на осигурувањето ниту Комисијата дека планираат да ги зголемат трошоците по основ на премијата за вршење на дејноста на осигурување, и на тој начин не е обезбеден инклузивен пристап и кооперативност со сите засегнатите страни при донесување на одлуките.
Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница побара од регулаторот, односно Агенцијата за супервизија на осигурувањето, да изготви анализа за оправданоста и исправноста на донесените одлуки од страна на друштвата за осигурување, во насока на заштита на крајните корисници, а со цел обезбедување сеопфатна информација за донесување објективна и транспарентна одлука. Во правец на ова е укажувањето кон регулаторот за ставање во мирување на одлуката за зголемување на цената на трошоците од страна на друштвата за осигурување. Истовремено, побара од друштвата за осигурување преку Националното биро да дадат свој придонес во изготвување на анализата и предлог-заклучоци за промена на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица.
На состанокот, Комисијата одлучи во најскоро време по доставување на анализата од регулаторот, односно Агенцијата за супервизија на осигурувањето, да свика седница и да ја разгледа доставената Информација и да донесе соодветни заклучоци.