Македонија
“Денови на македонскиот туризам” во Софија
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во четврток навечер во Софија ќе организира “Денови на македонскиот туризам”, пред партнерите и пријатели од Бугарија, тур оператори и претставници на медиумите.
Настанот се организира со цел афирмација на започнатата туристичка сезона, да им се претстави туристичкиот производ од Македонија и можност за зголемување на бројот на Бугарски туристи кои традиционално секоја година ја посетуваат нашата земја.
Настанот ќе биде збогатен со дегустација на македонско вино, македонска музика и пригодна наградна игра , а најсреќните ќе имаат можност да бидат добитници на автентични производи од Македонија, тоа се охридските бисери, филигранот со македонски рубин и се разбира викенд во Охрид за двајца.
Македонија и Бугарија како две соседни земји имаат многу заеднички работи, земји чија сегашност и чија историја се нераскинливо поврзани. Една од нив е туризмот, односно туристичката размена. Соработката меѓу Македонија и Бугарија е на високо ниво, за што се надевам дека оваа тенденција на пораст на туристичка размена ќе остане и во иднина.
Успешните промотивни активности на АППТРМ на туристичкиот пазар во Бугарија, позитивно се одразија на зголемување на број на туристи од Бугарија кои во последните неколку години изнесува повеќе од 15%.
Со оглед на тоа дека бројот на туристи од година во година расте, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот ќе продолжи и понатаму да ја дава потребната поддршка на странски тур оператори преку доделување на субвенции за странски туристички промет во државата.
Но тоа не е единствениот фактор кој придонесе за пораст на бројот на туристи во Македонија од Бугарија. Неколку години по ред се реализира медиумка кампања која се покажа како успешна и продолжуваме со исто темпо и оваа година. Започнавме со билборд кампања, медиумска кампања во печатените медиуми, дневните весници Труд, 24 часа и Стандард како и промоција на македонските туристички потенцијали и на Националното Бугарско радио, се вели во соопштението на Агенцијата. /крај/со/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

