Македонија
Димитриев со Хеемскерк за реализација на проектите со Светска банка
Реализацијата на тековните и идните проекти кои се спроведуваат со соработка на двете страни, а се однесуваат на изградбата на регионална, магистрална и локална патна инфраструктура, инвестирањето во образованието, поддршката на проектите на општините за локален економски развој, имплементацијата на други инфраструктурни проекти, како и потенцијалот на соработка во областа на енергетиката, ќе придонесат за продолжување на економскиот раст на земјата и отворањето на нови работни места.
Ова е заклучокот од средбата на претседателот на Владата за спроведување на изборите, Емил Димитриев, со Франк Хеемскерк, извршен директор во Светската Банка.Соговорниците изразиле задоволство од позитивните односи помеѓу двете страни кои резултираат со реализација на голем број на мерки, проекти и реформи чија цел е економски раст и развој на Македонија и задоволување на реалните потреби и интереси на граѓаните. Димитриев изразил благодарност за целокупната поддршка која Светската Банка ја дава на нашата земја во спроведувањето на реформите и проектите, како и благодарност до директорот Хеемскерк за неговиот личен ангажман во овој процес. Димитриев потенцираше дека проектите кои се реализираат заеднички придонесуваат за континуираниот економски раст и развој на Република Македонија, за отворање на нови работни места и намалување на невработеноста, обезбедуваат услови за поголеми странски инвестиции во земјата и развој на образованието, технолошкиот развој, иновациите и други општествени сфери.Директорот Хеемскерк даде позитивна оценка за економските политики кои ги спроведува Владата, како и за мерките за унапредување на деловната клима кои се препознаени и вреднувани од страна на меѓународните финансиски институции и организации.Соговорниците истакнаа дека реализацијата на тековните и идните проекти кои се спроведуваат со соработка на двете страни, а се однесуваат на изградбата на регионална, магистрална и локална патна инфраструктура, инвестирањето во образованието, поддршката на проектите на општините за локален економски развој, имплементацијата на други инфраструктурни проекти, како и потенцијалот на соработка во областа на енергетиката, ќе придонесат за продолжување на економскиот раст на земјата и отворањето на нови работни места.Премиерот Димитриев и директорот Хеемскерк истакнаа силна заложба за продолжување и унапредување на соработката во сите сфери од взаемен интерес, соопштија од кабинетот на премиерот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

