Македонија
Доделени наградите за најдобрите бизнис идеи на студенти
Манифестација за прогласување на најдобрите пет бизнис планови се одржа во вторникот во рамки на проектот Организирање бизнис натпревар – „Биди перспективен започни свој бизнис“, во организација на Министерството за економија, чија цел е поттикнување на претприемничкиот дух меѓу младите, преку подготовка на студентите и младите претприемачи за отпочнување на сопствен бизнис.
„Проектот се спроведуваше во две фази. Во првата фаза, студентите и младите потенцијални претприемачи аплицираа со бизнис идеи, при што на јавниот повик од пристигнати вкупно 56 апликации, комисијата селектираше 40 најдобри бизнис идеи, кои поминаа обука составена од 13 модули, со цел да бидат адекватно оспособени за преточување на нивните идеи во бизнис план“, истакна министерот Незири, додавајќи дека во втората фаза од проектот, младите аплицираа со конкретни бизнис планови, при што од пристигнатите 29 апликации, 19 ги имале исполнето сите барани критериуми.
По направената евалуација, Комисијата за изготвување на Јавен повик и за евалуација и избор на најдобар бизнис план направи ранг листа, со селектирање на првите 5 најдобри бизнис планови кои денеска беа наградени. Министерството за економија додели парични награди – ваучери и тоа: прва награда во вредност од 330.000 денари, втора награда во вредност од 230.000 денари, трета награда од 140.000 денари, четврта награда од 100.000 денари и петта награда во вредност од 60.000 денари.
Бесарта Џони го освои првото место со нејзиниот бизнис план „Make your mobile happy with battery full“, додеека второто место му припадна на Никола Николовски за неговиот бизнис план „Решенија за паметен дом“. Петар Ниновски ја освои третата награда за биснис планот „BBP Academy The future of E-learning“, а Ана Миновска освои четврто место за бизнис планот „Иновативност, креативност, мобилност“, додека петтото место го освои Панче Рибарски за бизнис планот „Паметна градина“.
На манифестацијата, свои обраќања имаа и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски, проректорот на Универзитетот на ЈИЕ Блерим Река и продеканот на Државниот Универзитет во Тетово Рахман Исмаили, кои ја истакнаа потребата од заедничка соработка меѓу образовните институции, бизнис секторот и
Владата. Воедно, на добитниците на наградите, од страна на директорот на Агенцијата за поддршка на претприемништвото Мустафа Мандал им беа врачени ваучери кои ги покриваат трошоците за регистрирање на фирма во Централниот регистар. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

