Македонија
Договорена листата на заеднички проекти во делот на регионалната енергетска инфраструктура
Советот на министри, како највисок орган на Енергетската заедница, на денешниот 14-ти состанок ја изгласа Листата на заеднички проекти во делот на енергетската инфраструктура, како и европските директиви (ACQUIS) во делот на животната средина.
Министрите од земјите потписнички на Договорот, меѓу кои и министерот за економија Дритон Кучи, дискутираа за реформирање на Договорот за основање на Енергетската заедница и се согласија за почеток на преговорите за измени и дополнувања на споменатиот Договор, процес кој треба да заврши до наредниот министерски состанок, чиј домаќин во 2017 година ќе биде Приштина.На денешниот состанок на Советот беше дискутирано и за регионалните иницијативи, кои претставуваат одговор на енергетските барања на договорните страни, а Грузија пристапи кон Договорот за основање на ЕЗ, како најнов член, додека Белорусија, по нејзино барање, доби статус на држава-набљудувач кон Договорот. На денешниот состанок, Република Босна и Херцеговина, како актуелен претседавач со Енергетската заедница го предаде претседавањето за 2017 година на Република Косово, која накусо информираше за приоритетите кои ќе го одбележат идното претседателство со Енергетската заедница. На состанокот на министрите беше присутен и Доминик Ристори, генерален директор за енергетика на Европската Унија. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
УЈП: Се наближува рокот за поднесување барање за признавање расход во даночниот биланс
Даночните обврзници на данокот на добивка и вршители на дејност кои водат деловни книги, доколку во текот на 2024 година имаат средства кои понатаму не можат да се користат, односно се трајно надвор од употреба, а кои имаат нето сметководствена вредност, најдоцна до 31 јануари 2025 година до УЈП можат да поднесат:
Барање согласност за признавање на расход во даночен биланс за данок на добивка (образец “ДД-БС”) eлектронски преку преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/
Барање согласност за признавање на расход од работењето на даночниот обврзник во даночен биланс за данок на доход (образец “ДЛД-БС”) електронски преку https://e-ujp.ujp.gov.mk
Под средства што се трајно надвор од употреба се сметаат:
средствата што се уништени или оштетени поради виша сила како и од други непредвидливи настани, физичка дотраеност или техничка застареност; средствата што повеќе од една година непрекинато не ги користите, а нивното ставање надвор од употреба не е поради поправка или доградба; средствата што се во фаза на набавка, а чија набавка, со одлука или со друг акт е откажана или три години едноподруго не се вложуваат средства за довршување на таа набавка, и средствата што во последните пет години непрекинато ги користите помалку од 30% од нивниот програмиран капацитет. Барањето ДД-БС и ДЛД-БС се поднесува со цел преостанатата сметководствена вредност на средствата да се амортизира во целина независно од пропишаниот век на траење и таквата амортизација во целина да влезе како признат расход при утврдување на даночната основа за данокот на добивка односно данок на личен доход.
Во прилог на барањето ДД-БС задолжително се поднесува:
Список на средства кои не можат понатаму да се користат
Во списокот треба да се содржани следните податоци: назив на средството кое се отпишува, инвентарен број, амортизациона група и подгрупа на која средството припаѓа, набавна вредност, исправка на вредност и сегашна вредност на средствата што се отпишуваат со состојба на 31 декември 2024 година.
Акт со кој се уредува начинот на пресметување на амортизацијата
Одлука за усвојување на извештајот за попис и евидентирање на утврдените разлики, донесена од органот на управување на друштвото односно од обврзникот кој остварува доход од самостојна дејност
Изјава дека средствата не можат понатаму да се користат во која се наведува причината поради која истите не може да се користат.
За дополнителни информации или поддршка во врска со барањето ДД-БС и ДЛД-БС, може да се обратите до Контакт центарот на УЈП на:
е-пошта: [email protected]
Од фиксна линија: 0800 33 000
од мобилен и фиксен 02 3253 200
Економија
Мицкоски на економски и политички средби во Вашингтон: „Се лобира за интересите и напредок на државата“, велат од Владата
Во текот на вчерашниот ден, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, присуствуваше на дел од инаугурациските активности на новиот претседател на САД, кои се оддржаа во Вашингтон.
Тој оствари средба и со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли, со кого го проследи поздравниот говор на американскиот претседател Доналд Трамп.
Меѓу другото, престојот во Вашингтон беше искористен и за многубројни средби на кои се лобира за македонските интереси, соопштија од владината прес-служба.
Премиерот Мицкоски на свеченоста „Гласови на слободата“, организирана од компаниите „Трамп медија“ и „Рамбл“, која се одржа по инаугурацијата, оствари средба со Ден Бонџино, еден од најблиските соработници на претседателот Трамп и најпознат политички десничарски коментатор.
„Разговор во кој зборувавме за Македонија, нашите предизвици, но и можности. Нашите аргументи и позиции се јасни и нашето стратешко партнерство со САД и со администрацијата на претседателот Трамп се силни. Се бориме дома за повисоки плати, пензии, нова инфраструктура, подобро здравство, поконкуретно образование, брзорастечка економија итн., но се бориме и во Брисел, Берлин, Париз, Лондон, Вашингтон итн., нашиот глас е сè посилен“, истакна за средбата премиерот на македонската влада, Мицкоски.
Истовремено, македонскиот премиер оствари разговор со Ендру Пејкоф, канадски бизнисмен со македонско потекло, основач и претседател на „Нијагара ботлинг“, компанија што има годишен приход од речиси 4 милијарди американски долари и приближно 5.000 вработени. Компанијата е основана 1963 година и денес е најголема компанија на американскиот пазар од оваа област.
„Инвестициите на ‘Нијагара ботлинг’ во Македонија се добредојдени. Македонската дијаспора е клучен елемент во системот, нашиот глас и аргументите да бидат појасни и посилни во светот. Обновуваме, но и создаваме нови можности и партнерства со секој што може да ѝ помогне на државата“, истакна Мицкоски за средбата.
Претседателот на македонската Влада, Христијан Мицкоски. се сретна и со Џеси Спиро, главен директор во „Тетер“ и одговорен за стратешките односи со владите во светот. „Тетер“ е најголемата компанија во светот, која управува со дигитален капитал, криптовалути. Профитот на компанијата во 2023 година е 6,2 милијарди американски долари, а само во првата половина од 2024 година профитот на компанијата е 5,2 милијарди американски долари.
За средбата Мицкоски истакна:
„Разговаравме за криптопазарот, иднината на криптовалутите и блокчејн-технологијата. Секоја инвестијата на ‘Тетер’ и споделено искуство од најголемите во својата област е добредојдено. Мора да чекориме со големи чекори напред. Предизвиците на иднината не смееме да ги игнорираме“.
Економија
УЈП со потсетување до даночните обврзници: рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите е до 27 јануари
Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници, кои имаат обврска да поднесат ДДВ-04 пријави, дека рокот за поднесување е до 27 јануари 2025 година.
До денес, од вкупно 41.531 очекувани ДДВ-04 пријави, поднесени се 6.253 пријави, што претставува само 15,1 % од вкупниот број. Остануваат уште 35.278 ДДВ-04 пријави, кои треба да се поднесат во преостанатите денови, соопштија од УЈП.
Апелираат граѓани да бидат одговорни даночни обврзници и да ги достават сите потребни документи до сметководителите со цел навремено и точно да се обработат нивните ДДВ-04 пријави за овој даночен период.