Македонија
Драстичен пораст на бројот на патници од македонските аеродроми
Драстично зголемување на бројот на превезени патници забележано е во првиот квартал од оваа година на двата аеродроми во Македонија, споредено со истиот период минатата година.
Во периодот јануари-март од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид биле превезени вкупно 268 400 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 207 963 патници што претставува зголемување на бројот на превезени патници од 29, 1 отсто, соопшти Министерството за транспорт и врски.
На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во периодот од јануари до март 2015 година регистрирани се вкупно 264 165 патници што во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезесни 204 285 патници, се забележува зголемување од 29,3 отсто.
Истовремено на аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид превезени се 4.235 патници, што во споредба со истиот период од 2014 година кога биле превезени 3.678 патници, се бележи зголемување од 15,1 отсто.
Најзастапени дестинации според бројот на патници за периодот јануари-март годинава се: Истанбул, Цирих, Базел, Виена, Малме, Лондон и Минхен.
Од месец јуни ќе се воведат директни линии за пет нови дестинации до европските градови и тоа: Oд аеродромот Александар Велики во Скопје до Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен и тоа два пати неделно.
Од аеродормот Св. Апостол Павле од Охрид, ќе се воведе директен лет до Базел исто така два пати неделно.
Забележаниот континуиран раст на бројот на превезени патници, како и бројот на компании кои оперираат со нови дестинации е резултат на Проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај, се вели во соопштението.
Во тој контекст позитивните политики за развој на воздушниот сообраќај ќе продолжуват да се применуваат и во наредните години, со цел промовирање на нашата држава како атрактивна туристичка и бизнис дестинација. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

