Македонија
Енергетска сигурност преку енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија
Приоритет на Македонија е да го подобри квалитетот на животот на своите граѓани, а во полето на енергетскиот сектор, тоа ќе се постигне преку политики кои се базираат на сигурност во снабдувањето, одржливост и конкурентност, со целенергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и заштита на животната средина, односно намалување на стакленичките гасови.
Ова го истана министерот за економија, Дритон Кучи, кој во петок, во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, учествуваше на конференцијата „Енергетската сигурност и предизвиците на животната средина во земјите од западен Балкан, случај-Македонија“. На конференцијата учествуваа и министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, заменик министерот за одбрана Беким Максути, професори и експерти. „Главен приоритет на Република Македонија е да го подобри квалитетот на животот на своите граѓани. Овој приоритет се применува и во енергетскиот сектор, преку политики кои се базираат на три основни принципи и тоа: сигурност во снабдувањето, одржливост и конкурентност, а во насока на остварување на трите стратешки цели, и тоа: енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и заштита на животната средина, односно намалување на стакленичките гасови“, истакна во своето обраќање министерот Кучи.Тој појасни дека со потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација, Македонија презеде обврски и во енергетскиот сектор за усогласување на националното законодавство со она на ЕУ, но и за либерализација и развој на пазарот на електрична енергија и негова интеграција во единствениот европски пазар, процес кој не е ниту едноставен, ниту краткотраен. Оттаму, одржаниот Самит на Западен Балкан во Виена, министерот Кучи го оцени како успешен, бидејќи од него произлезе заедничка Декларација за воспоставување на регионалната канцеларија за соработка на земјите од Западен Балкан и Агенда за поврзување, на која се наоѓаат проекти од висок приоритет, а во која се опфатени и т.н. меки енергетски мерки, и тоа: мерки кои се однесуваат на формирање на Берза за електрична енергија, мерки за прекугранично балансирање, мерки поврзани со регионална распределба на капацитети и вкрстени мерки.Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети стави акцент на климатските промени и нивното влијание врз енергијата, економијата и општеството. Според него, енергетската сигурност не може да се разгледува без земање предвид на долгорочните сценарија од промените на климата, особено заради поврзаноста помеѓу производството на енергија од обновливите извори на енергија и хидропотенцијалот, а потребите кои произлегуваат од законодавството на ЕУ во делот за клима и енергија се веќе поставени како цели во стратешки и плански документи на национално ниво. „Потребно е и дефинирање на заедничките регионални интереси од оваа област и поставување на регионална рамка за адресирање на правилни одговори од аспект на идното полноправно членство во ЕУ. Во ЕУ гледаме партнер за реализација на целите, и сметаме на нивна континуирана поддршка на нашите капацитети“, рече Амети.Според заменик министерот за одбрана Беким Максути, за обезбедување на енергетска сигурност потребно е поголема разнообразност на енергетските извори по видови и снабдувачи, како и активно учество на регионалниот енергетски пазар и европската енергетска заедница. „Денес Република Македонија се наоѓа во постабилно и предвидливо соседство, испреплетено во ЕУ и НАТО интегративните процеси. Како таква, земјата во голема мера ги споделува повеќето грижи кои ги засегаат останатите европски држави. Обезбедувањето на различни енергенси, а со тоа и енергетска сигурност на државата е стратешки приоритет на оваа Влада“, рече Максути./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Без одржлива струја нема развој на вештачката интелигенција – градиме гасни интерконектори со две соседни држави
Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен интерконектор со Грција, а почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе нашата држава Србија, објасни премиерот Христијан Мицкоски на прашања поставени на панелот во Давос кои се однесуваа на вештачката интелигенција и потребните центри за гасови, како и тоа што прави Македонија да привлече странски директни инвестиции наспроти Хрватска и Словенија.
„Во однос на вештачката интелигенција ние ги зајакнуваме нашите преносни линии за електрична енергија но не само за електрична енергија, исто така ги зајакнуваме нашите преносни линии со преносните линии за гас. За центрите за податоци, ви е потребно одржливо би рекол, снабдување со електрична енергија. Значи некој мора да произведе одржливо и сигурно снабдување со електрична енергија за центрите за податоци, за да имаат добри, би рекол одлични перформанси на вештачката интелигенција. Во тој поглед градиме еден гасен интерконектор со Грција, а сега почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе мојата земја со Србија.
Што значи ова? Ќе го зголемуваме капацитетот на гас до осум милијарди кубни метри годишно. Досега трошиме половина милијарди кубни метри годишно, што значи дека илјадници и илјадници мегавати инсталиран капацитет електрани на гас да снабдуваат нови центри за податоци со електрична енергија. Ова е еден столб на еден пример и целиот институционален ризик го прифаќаме како Влада. Ова е нешто што можеме да им го обезбедиме на инвеститорите како поттик“, рече Мицкоски во Давос.
Во моментов се развиваат три важни проекти за производство на електрична енергија од хидроцентралите во вредност од 2 милијарди евра. Овие проекти, информираше премиерот, не се важни само за Македонија туку и за регионот.
„Сега развиваме три големи проект во однос на производство на електрична енергија од хидроцентрали. Зборуваме за проекти од 2 милијарди евра. Тие проекти се многу важни за нас, не само за производство на електрична енергија, туку тие три проекти се и стратешки важни за нас. Но не само за нас, туку и за регионот во целост.
Зборуваме за три големи брани кои ќе создадат три големи резервоари со многу чиста вода за пиење. Имајќи ги предвид климатските промени, мислам дека регионот ќе има потреба од тие резерви со вода за пиење, со чиста вода за пиење. И двата проекта се дел од каскада што се потпира на една голема река, наречена Црна Река. Низводно од таа каскада имаме најдоброто земјоделско земјиште во Европа, а тој регионот е познат како Тиквешки регион.
Практично сме фокусирани на енергијата, а во исто време имаме и други приоритети. Но веројатно сакате повеќе да зборувате за вештачката интелигенција. Исто сакате да се зборувате за електричната енергија и сите оние проекти кои се поврзани некако со тие две многу важни прашања, не само во мојата земја туку и овде во Давос. Многу пати слушаме од политичарите како зборуваат за вештачката интелигенција. Се прашувам дали сите тие можат да ја разберат суштината на вештачката интелигенција или ја користат вештачката интелигенција како популарен збор, како два популарни збора. Го завршив мојот докторат пред 16,17 години и користев алгоритам на фази логика за контрола на манипулативни роботи. Значи, практично тоа беше почетокот на вештачката интелигенција“, подвлече премиерот на панел дискусијата во Давос.
Економија
(Видео) Мицкоски од Давос: „Бошков Мост“, „Чебрен“ и „Галиште“ ги привлекоа инвеститорите
Премиерот Христијан Мицкоски од Давос соопшти дека имал уште еден успешен ден со бројни билатерални средби и настапи, во рамки на престојот на Светски економски форум.
„Уште еден успешен ден со многу билатерални средби“, изјави Мицкоски, посочувајќи дека денот започнал со средба со Борјана Кришто, по што следеле средби со мултинационални компании кои, како што рече, имаат значајна улога во глобалниот бизнис.
Мицкоски информираше дека имал и успешен панел на кој повторно се разговарало за клучните теми на овогодишниот самит во Давос – вештачката интелигенција, дата-центрите и потребата од зголемено производство на електрична енергија.
„Разговаравме со луѓе кои навистина значат во светот на вештачката интелигенција, фирми кои се водечки во управувањето со дата-центри, но и за предизвиците поврзани со потребата од зголемување на производството на електрична енергија“, изјави премиерот.
Тој додаде дека пред соговорниците ги презентирал и проектите кои за Владата се значајни, а кои опфаќаат производство на електрична енергија, подобрување на преносните капацитети и интерконекторите за електрична енергија и гас.
Мицкоски соопшти дека за прв пат на панелот ги презентирал и клучните проекти кои Владата планира да ги објави во периодот што следи – Бошков Мост, Чебрен и Галиште.
Според него, проектите привлекле големо внимание кај инвеститорите, кои по завршувањето на панелот му пристапиле за размена на контакти и биле поканети да ја посетат земјата. „Убеден сум дека овие проекти ќе бидат успешни, ќе додадат вредност во економијата на Македонија и во квалитетот на живот на македонските граѓани“, изјави Мицкоски.
Тој најави дека престојот во Давос продолжува со уште еден панел и презентација на инвестициските можности на Македонија пред нова група инвеститори, а враќањето во Скопје е планирано за утре.
Економија
НБРМ: Годишен раст од 10,1 отсто на вкупните депозити и од 13,0 проценти на вкупната кредитна поддршка
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 10,1%, во поголем дел поради растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор, соопшти НБРМ.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 13,0%, како резултат на растот на кредитите кај двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2025/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2025_dekemvri_mk.pdf

