Македонија
ЕУ и прогнозира на Македонија највисок раст во Европа
Република Македонија ќе има најголем економски раст во Европа оваа и следната година, предвидува Европската комисија во пролетна економска прогноза, која беше објавена во вторникот во Брисел.
Македонија се очекува да има раст на бруто домашниот производ (БДП) од 3,8 отсто во 2015 година, односно 3,9 отсто во наредната, што е најдобра прогноза за целиот континент.
Најновата економска прогноза на Европската унија ја објави комесарот за економски и финансиски прашања, Пјер Московици, јави МИА од Брисел
За целата Европската унија се редвидува раст од 1,8 проценти годинава, а 2,1 отсто догодина, при што во рамки на Унијата, најголем економски раст се очекува да имаат Ирска и Малта (по 3,6 отсто на БДП), па Луксембург (3,4 отсто) и Полска (3,3 отсто) во 2015 година, а во 2016 година, Ирска и Луксембург се очекува да остварат економски раст од по 3,5 проценти.
Се очекува сите членки на ЕУ, освен Кипар (- 0,5 отсто) годинава да излезат од рецесија, со тоа што најмал економски раст се предвидува да имаат Финска и Хрватска (по 0,3 проценти, Грција (0,5 отсто) и Италија (0,6 отсто).
Еврокомисијата очекува буџетскиот дефицит во Македонија да падне од 4,2 отсто од БДП минатата година на 3,8 отсто годинава, а во 2015 година да се спушти на 3,6 отсто. Јавниот долг на Македонија се очекува да продолжи да расте и од 27,8 проценти во 2014 година, оваа година да достигне 29,1 отсто, а догодина 40,5 проценти.
Во однос на невработеноста, Европската унија најавува дека се очекува да продолжи да се намалува во Македонија и од 28,1 отсто минатата година, годинава да се спушти на 27,4 проценти, а во 2016 година да се намали за уште еден процент и да изнесува 26,4 отсто.
Со наслов „Зацврстувањето на домашната побарувачка поттикнува понатамошно забрзување на растот“, Европската комисија во пролетната економска прогноза за Македонија вели дека растот на производството се зголемил во 2014 година, а предводен од извозот на странските инвеститори и инвестициите во јавната инфраструктура.
Брисел нотира дека солидната добивка во потрошувачката на домаќинствата дополнително ја зголемува домашната побарувачка. Со оглед на високите инвестиции и побарувачката од увозната трговија, странската рамнотежа натежнала на економската активност.
Натамошните добивки во домашната побарувачка можно е да го постават растот на Бруто-домашниот производ БДП на уште посилно темпо во 2015 и 2016 година, додека негативниот придонес од нето-извозот се очекува да се намали. Владата продолжува да поддржува, со планови за понатамошни инфраструктурни проекти, како и зголемување на овластувањата за трошење, релаксирајќи ја својата среднорочна стратегија за фискална консолидација, наведува Еврокомисијата.
Потенцирајќи дека извозот и зголемувањето на инвестициите го движеле растот во 2014 година, Комисијата за Македонија наведува дека големите јавни инфраструктурни проекти и растот на извозот, главно се должеле на странските компании основани во земјата. Тоа, според пролетната економска прогноза на неформалната Влада на ЕУ придонело за значајно забрзување на растот на реалниот БДП во 2014 година. Со оглед на високата увозна содржина на инвестициите и извозот, Комисијата вели дека ја направило надворешната рамнотежа да има негативен придонес кон растот, откако беше негова главна поддршка во 2013 година.
Според ЕК, силното зголемување на вкупниот бруто-капитал во првите три квартали на 2014 година биле проследени со мало забавување кон крајот на годината, но сепак, во просек, инвестициската активност значително се обновила по малото забавување во претходната година.
Почнувајќи од вториот квартал, според Брисел, потрошувачката на домаќинствата, поддржана од зголемувањето на реалната нето-плата, стабилните приливи од приватните трансфери и подобрувањето на пристапот до кредити, се претворило во солиден втор столб на растот на домашната побарувачка. Трговскиот биланс на стоки, пак е подобрен во 2014 година во однос на БДП-то, во споредба со претходната година.
Ова, во комбинација со зголемениот суфицит во билансот на услуги и стабилниот прилив од приватните трансфери, придонесе за стеснување на дефицитот во тековната сметка од 0,5 проценти на 1,3 отсто од БДП. Создавањето работни места во секторот на производството, засилено од активните мерки на пазарот на трудот, беа главниот двигател за понатаму и покрај забавениот раст на вработеноста, но и за понатамошно намалување на стапката на невработеност. Учеството на пазарот на труд остана ниско, со 57 отсто во целина и тоа особено за жените. Немаше подобрување на состојбата на младите работници и речиси половина од работната сила на возраст меѓу 15 и 24 години се регистрирани како невработени, се наведува во прогноза за Македонија.
Еврокомисијата утврдува и дека притисоците од трошењето му тежат на буџетот, па вели дека фискалните перформанси и понатаму разочарувале во втората половина на 2014 година, додека даночните приходи закрепнале, сепак се зголемиле расходите на потрошувачката и имало неочекувани дополнителни трошоци за транспортниот Коридор 10 во однос на изградба на патишта, што довело до притисоци дури и по ребалансот на Буџетот што беше донесен во септември минатата година.
Во прилог на зголемување на правото за трошење, кој стапи на сила на почетокот на годината, Владата на Република Македонија, според Брисел ја поддржувала приватната побарувачка со уште едно зголемување на платите во јавниот сектор во есента 2014 година. На крајот на годината, општиот владин дефицит изнесуваше 4,2 отсто од БДП, што според ЕК ја надминало ревидираната горна граница за 0,5 проценти. Зголемувањето на државниот долг се задржало во 2014 година, но задолжувањето на претпријатијата во државна сопственост, според Брисел го повлекло јавниот долг, како и потенцијалните обврски на Владата која обезбедува гаранции за нивните кредити.
Комисијата очекува и намалување на повлекувањето од надворешната рамнотежа. Па, така, наведува дека домашната побарувачка се очекува да остане единствен двигател на растот во иднина. Инвестициската активност, управувана од страна на јавните расходи за транспортни и енергетски проекти, како и изградба на нови објекти од странските инвестиции, проектирано е да придонесат за понатамошна солидна добивка, иако стапките на раст се забавуваат во нивниот долгогодишен просек. Потрошувачката на домаќинствата, како резултат на силните основи, според Еврокомисијата се очекува и да се зголемува и натаму и да стане главен извор на раст на производството во 2015 година и 2016 година.
Извозот е проектиран да остане цврст, што главно се должи на странските извозници кои изградија нови производствени линии во оператива. Ако извозот поврзан со инвестициите малку застане, трговскиот биланс на стоката веројатно ќе се подобри малку оваа и следната година, ублажувајќи го негативниот придонес во растот на БДП од надворешната рамнотежа. Сепак, дефицитот на тековната сметка е поставен за некако да се прошири и во голема мера ја има предвид очекуваната нормализација на приливите од приватните трансфери на поумерено, просечно ниво, прогнозира ЕК за Македонија.
На крајот во образложението за пролетната економска прогноза за Македонија, неформалната Влада на Европската унија посочува дека јавните расходи продолжуваат да ја поддржуваат домашната побарувачка. Затоа, ЕК смета дека македонската Влада се очекува да продолжи да обезбедува позитивен фискален поттик на домашната побарувачка за оваа и следната година, а преку понатамошно зголемување на социјалните трансфери, пензиите и платите во јавниот сектор. Во исто време, според Брисел, значителни буџетски средства и финансирање од страна на претпријатијата во државна сопственост, се наменети за понатамошно инвестирање во јавната инфраструктура.
Фискалниот разултат за оваа година, пак, Комисијата смета дека може да ја надмине владината цел за дефицит од 3,3 отсто за околу 0,5 pроценти. А, неодамна предвидените зголемувања на правото на трошоци веќе оставиле белег на успешноста на буџетот, па според Еврокомисијата, во првите два месеци од 2015 година акумулираниот буџетски дефицит изнесува околу 25 проценти од целта за буџетот за целата година или 0,8 отсто од планираниот БДП.
Голем број на мерки за зголемување на приходите се планирани за 2015 година, но тие не можат да го компензираат планираниот пораст на актуелните трошоци, вклучувајќи ја и неодамнешната одлука на Владата за зголемување на социјалните трансфери од јули оваа година за пет проценти повеќе што е предвидено во буџетот. Оттука, потреба за ребаланс на буџетот, што би предвидело намалување на буџетскиот раст за зголемување на капиталните расходи не се очекува, заклучува Европската комисија во пролетната економска прогноза за Македонија. /крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

