Македонија
ЕУ сопре 27,1 млн. евра од ИПА фондовите за Македонија
Европската унија, поради политичката криза која предолго трае во Македонија, почна да воведува санкции, а како една од првите е суспендирањето на 27,1 милиони евра од ИПА фондовите.
Оваа мерка на Брисел, како што дознава телевизијата Алсат, доаѓа како контраодговор на недостигот на политичка волја за спроведување на Договорот од Пржино кој беше постигнат пред една година со посредство на ЕУ. Европската комисија испратила известување за првите санкции на властите во земјава на 22 јуни, што владини извори го потврдуваат, но не сакале да го коментираат износот.
Се позивесно е и дека и Вашингтон подготвил санкции против службени лица вмешани во евентуална корупција. Така во јавноста излезе информација дека на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, му била одбиена визата за патување во САД, но од американската амбасада во земјава не го коментираа случајот.
„Иако не можеме да ги коментираме личните барања за визи, борбата против корупцијата е еден од клучните приоритети на Владата на САД во Македонија и во целиот свет. Во согласност со претседателската изјава 7750, Стејт Департментот може да им забрани влез во САД на корумпирани функционери. Ние овие одлуки ги донесуваме по разгледувањето на информациите од многу извори“, соопштија од амбасадата во Скопје
Од амбасадата на САД ги повикаа Владата, граѓанското општество и медиумите да продолжат да ги истражуваат имотите на високите функционери и да ги објавуваат доказите за можна корупција.
Во петокот евроамбасадорот Аиво Орав, придружуван од амбасадорите на земјите членки на Унијата порача дека Европската унија е загрижена поради политичката криза која наместо да се решава, се најде во ќор-сокак.
„Политичките лидери мора да се вклучат во отворен дијалог за решавање на политичката криза и партиите да се согласат како понатаму да се имплементира Пржинскиот договор“, порача во петокот евроамбасадорот Аиво Орав.
„Владеењето на правото е основа за силно демократско општество, а исто така важно е да се имплементираат реформските приоритети што ги предложи Европската комисија. Остануваме загрижени за проблемите со кои се соочува Специјалното јавно обвинителство при својата работа. Ги повикуваме сите тела, особено партиите кои се согласија да се воспостави СЈО, да престанат да го опструираат и да му дадат целосна поддршка“, порача евроамбасадорот.
Според него, политичките партии мора да договорат излез од политичката криза што поскоро, односно не за неколку недели или месеци, туку денови.
„Сите повторуваме дека Пржинскиот договор останува најдобар начин за земјата да излезе од актуелната криза. Во интерес на земјата и на нејзиниот евроатлантски пат е главните политички партии да договорат заеднички начин за излез од кризата во следните денови, а не во недели или месец“, рече Орав./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.
Економија
„Алкалоид“ со бизнис план за 2026: продажба од 361 милион евра и раст на добивката
АЛКАЛОИД АД Скопје во својот Бизнис-план за 2026 година предвидува консолидирани приходи од продажби од околу 361 милион евра, што претставува раст од 7 отсто во однос на очекуваните резултати за 2025 година.
Според планот, 91 отсто од продажбите ќе се реализираат преку профитниот центар Фармација, додека 9 отсто ќе отпаѓаат на Хемија, козметика и билкарство. Компанијата очекува 34 отсто од приходите да бидат остварени на домашниот пазар, а 66 отсто преку извоз.
Планираните финансиски резултати предвидуваат раст од 8 отсто на консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (EBITDA), како и раст на консолидираната нето-добивка од најмалку 7 отсто во однос на 2025 година.
Во делот на инвестициите, Алкалоид најавува вложувања од околу 8 отсто од консолидираните приходи, продолжувајќи ја долгорочната инвестициска стратегија, во чии рамки во изминатите две децении се инвестирани повеќе од 250 милиони евра. Фокусот и натаму останува на модернизација на производствените капацитети и усогласување со најсовремените GMP-стандарди.
Бизнис-планот за 2026 година предвидува и зголемување од најмалку 10 отсто на издатоците за истражување и развој, со цел натамошно унапредување на генеричкото и патентираното портфолио на компанијата.
Во рамки на ESG-стратегијата, Алкалоид ќе продолжи со интеграција на еколошките, социјалните и управувачките стандарди во сите сегменти од работењето. Паралелно, компанијата планира околу 50 нови вработувања во 2026 година и натамошни вложувања во човечкиот капитал.
Акциите на Алкалоид остануваат меѓу најликвидните на Македонската берза, со раст на просечната цена од 24 отсто во 2025 година, додека дивидендната политика ќе продолжи во согласност со остварените резултати и инвестициските потреби.
Бизнис-планот за 2026 година е усвоен од Управниот одбор на компанијата на седница одржана на 29 декември 2025 година.

