Македонија
Финансиските извештаи на НБРМ позитивно оценети од независен ревизор
Советот на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во четвртокот одржа седница, на која беа разгледани и усвоени Финансиските извештаи на НБРМ и Годишната сметка за 2014 година, коишто беа предмет на ревизија на независно друштво за ревизија.
Според мислењето на независниот ревизор, Финансиските извештаи на НБРМ, од сите материјални аспекти, објективно ја претставуваат финансиската состојба на НБРМ на 31 декември 2014 година, како и резултатите од работењето и паричните текови за годината што заврши, во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).
На денешната седница Советот ги разгледа и ги усвои Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за задолжителната резерва и Одлуката за дополнување на Одлуката за благајничките записи.
Во услови кога на аукциите на благајнички записи се применува тендер со ограничен износ, во последниот квартал на 2014 година и на почетокот од 2015 година се забележува дека деловните банки редовно го започнуваат периодот со ниско исполнување на задолжителната резерва, а при тоа учествуваат на аукцијата со високи износи над нивниот ликвидносен потенцијал.
Со измената и дополнувањата на Одлуките се предвидува деловните банки да го започнат периодот на задолжителна резерва со средства на сметките во Народната банка, најмалку, во висина на задолжителната резерва. Дополнително, се предлага втора мерка со која се предвидува ограничување на користењето на задолжителната резерва во текот на целиот период на одржување, така што банките ќе имаат обврска да одржуваат дневна ликвидност најмалку во висина на 50% од задолжителната резерва. Овие мерки не ја намалуваат флексибилноста во управувањето со ликвидноста од страна на банките, а истовремено се очекува да придонесат за намалено потпирање на задолжителната резерва при формирањето на побарувачката за благајнички записи.
На денешната седница, Советот, врз основа на предвидениот распоред и динамика на активностите, ја усвои и Одлуката за издавање и Одлуката за пуштање во оптек на кованата пара за колекционерски цели „Бик’’ од серијата „Хороскопски знаци“. Кованата пара „Бик’’е со апоен од 10 денари во 7000 парчиња. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

