Македонија
„Фортон“: Компаниите имаат профит и до 40 отсто по продаден стан
Цената на становите во Македонија и покрај условите за намалување ќе остане непроменета и во наредниот период, затоа што пазарот го диктираат пет фирми, а за тоа да се промени потребен е влез на странски градежни компании, сугерира анализата на „Фортон“, консултантска компанија за недвижности:
Цената на становите во Македонија и покрај условите за намалување ќе остане непроменета и во наредниот период, затоа што пазарот го диктираат пет фирми, а за тоа да се промени потребен е влез на странски градежни компании, сугерира анализата на „Фортон“, консултантска компанија за недвижности:
Во првата половина од годинава споредено со втората полугодие од минатата година продажбата на станови е зголемена за 30,5 отсто, но зголемената пазарна побарувачка к не влијаела на просечните пазарни цени кои останале стабилни на 979 евра за метар квадратен.Влатко Богоевски, генерален директор на „Фортон Македонија“, информира дека изградба на метар квадаратен станбена површина, инвеститорите ги чини од 443 евра до 650 евра. „Вкупно цената за изградба чини 443 евра по метар квдаратен односно 650 најскапо. Ако земеме предвид дека 979 евра е просечна цена во тој случај доаѓаме до тоа дека внатрешната стапка IRR интернал рејт оф ретурн за инвеститорите на становите се движи од 20 до 45 проценти. Овде се работи за огромни профити и се некарактеристични за поразвиените земји, како на пример Австрија, Унгарија, Полска, Бугарија, каде обично профитите се движат од 8 до 15 отсто“, рече Богоевски. Според него, потребно е подобрување на целосната бизнис клима за да има повеќе заинтересирани странски инвеститори за секторот на недвижности. Се очекува банките дополнително да ја конкуренцијата на пазарот на станбени кредити со понуда на ниски каматни стапки. До крајот на 2016 година се очекува на пазарот да се испорачаат 4.392 нови станбени единици. Поголемиот дел, речиси 70 отсто од новата понуда ќе биде во општина Аеродром, општина Карпош и во општина Центар”.Во Општина Аеродром просечната пазарна цена изнесува 940 евра за метар квадратен, во Центар 1.161 евро, а во Општина Карпош 1.100 евра.Најбарани се становите со површина од 67 квадрати, а во Скопје такви се 83 отсто од изградените станови. Најпродавани се становите со 54 и 59 квадрати со две спални.Според анализата на „Фортон“ политичката криза во државата најмногу го погоди сегментот на деловниот простор.„Вкупната закупена површина на деловен простор во првата половина на годинава се зголеми за 94 проценти во споредбата со втората половина од минатата година. Ова е многу голем раст и ако не настанеше политичката криза овој процент ќе беше многу поголем. Од политичката криза најпогоден беше секторот на деловниот простор од причина што најактивни беа ИТ компаниите и КОЛ центрите кои што доаѓаат и кои донесоа најмногу одлуки да ги одложат своите инвестиции поради политичките случувања. Овој сектор има голем раст, но ако не се случеше кризата ќе имаше уште поголем раст“, наведе Богоевски.Кај хотелите, пак, просечното ниво на исполнетост се задржало на 44 отсто. Во споредба со крајот на 2014 година, просечната дневна цена се намалила на нивото од 110 евра, а пресметаниот приход по соба се намали на 55 евра./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

