Македонија
FT: Штип меѓу десетте најдобри градови за инвестирање во ЈИЕ
Штип е меѓу десетте европски градови кои се најпривлечни за странски инвеститори бидејќи покажуваат најдобро разработени стратегии за нивно привлекување.
Изборот го направил угледниот Фајненшал тајмс (Financial times) кој го рангира Штип на шесто место според развојните стратегии за нвестирање. Прв е хрватскиот град Иванец а по Штип се Јастребарско од Хрватска, Врање од Србија, Јелгава од Латвија и Тарту од Естонија. Извештајот има над 45 страници и се однесува за 2016/2017 година.
Во поглед на цената на трошоците за бизнис, Штип е на прво место во категроијата микро-региони до 100.000 жители. А по него следат градови од Украина, БиХ, Латвија и Србија. За градоначалникот на Штип, овој извештај е доказ за успешните економски политики на Владата и на локалното раководство што резултираше со отворање на нови фабрики:
– Ние сме слуги на бизнис зедницата и затоа доаѓаат бизнисмени за инвестирање во Штип. Имаме одлично домашни бизнисмени кои му помагаат на градот. Ние правиме нова индустриска зона на површина од 350-400 хектари, од населбата Три Чешми до 4.ти километар, од двете страни на регионалниот пат до Радовиш, правиме и втора индустриска зона од училиштето „Искра“ до Кланицата, со 18 парцели со по 6000 м/2 за мали и средни претпријатија, ја доградуваме индустриската зона од ресторанот „Мал одмор“ до „Лукоил“ каде се пораненшите гиганти „Астибо“, „Алумина“ и каде даваме шанса на домашни стопанственици да доградат а имаме и нови плацеви и градиме голема индустриска зона кај Три Чешми каде ќе имаме десетина нови локации на влезот на населбата до новиот пат. Секако, тука е и е најголемиот проект на Владата за ТИР зоната на 210 хектари каде веќе работат две фабрики а третата се гради – кажа Захариев.
Захариев, кажа дека му е мило што Штип е во првата десетка на градови во категоријата на микро региони во Европа и дека отворањето на нови погони ќе ја сведе невработеноста во штип на „нула“ имајќи во предвид дека во моментов 2.000 лица се невработени од кои 1.000 земаат паричен социјален надомест.
Со оглед на тоа што доаѓаат луѓе и од соседните општини, тоа е знак дека Штип има шанса да ја искорени невработеноста и со тоа да биде прв град на овој план во Македонија, за што според него помагаат политиките на Владата за привлекување на инвеститори и проектите за стимулирање на бизнисмените. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

