Македонија
Германската стопанска комора во Македонија прослави 15 години
Македонско- Германското стопанско здружение и Германска стопанска комора во Македонија го прослави своето 15 годишно работење во Македонија заедно со своите членови и партнери.
Македонско- Германското стопанско здружение и Германска стопанска комора во Македонија го прослави своето 15 годишно работење во Македонија заедно со своите членови и партнери.
Повеќе од 200 присутни гости од бизнис секторот и дипломатија, беа поздравени од германската амбасадорка во Македонија Кристине Алтхаусер и директорот на Германската стопанска комора во Македонија, Мартин Кнап.
„Македонско-Германското стопанско здружение е основано во 2000 година во Скопје со 60 компании за овие 15 години прерасна во најголемото билатерално здружение во Македонија со 185 компании членови- навистина се радуваме дека на нашиот 15 годишен јубилеј го постигнавме овој успех- соопшти Мартин Кнап.“
Членови на Здружението се главно македонски и германски мали и средни претпријатија, но и големи претпријатија од сите стопански гранки, банки и научни институции.
Здружението со своите активности прави постојани напори за поддршка и јакнење на македонско-германските стопански односи што вклучува поддршка на германските инвеститори кои доаѓаат на македонскиот пазар и нивно етаблирање тука, воедно и воспоставување на деловни контакти со македонските комапнии.
Во 2000 година во Македонија работеле 15 германски компании, во меѓу време за овие 15 години бројот на германските компании што подразбира директни инвестиции и германски претставништва е зголемем за 10 пати и ја достигнува бројката од 150.
„Билатералната трговска размена од околу 2,4 милијарди евра во 2014 година многу бргу растеше и претпоставувавм дека оваа сума ќе продолжи да се зголемува. На тој начин Германија останува најважниот трговски партнер на Македонија. Македонија меѓу германските претпријатија важи за добро место за инвестирање. 85 насто од германските претпријатија што работат овде, повторно би инвестирале во земјава“, соопшти германскара амбасадорка. Алтхаусер. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

