Контакт

Македонија

Германските инвеститори во Македонија сметаат дека деловната клима е подобрена

Објавено пред

Осумдесет проценти од компаниите членовите на Македонско-Германското стопанско здружение повторно би ја одбрале Македонија како дестинација за својата инвестиција.

dobivaj vesti na viber

 

 

Ова го покажуваат резултатите од овогодишната анкета за конјунктурата во Македонија во 2015 која Македонско-Германското стопанско здружение и Германската стопанска комора во Македонија по десети пат ја спроведоа помеѓу 179 компании членови во првиот квартал од 2015 година.

 

Оценката на општата економска состојба во Македонија е значително попозитивна во споредба со претходните години, покажала анкетата.

Мнозинството на компаниите, кои се активни во Македонија ја оценува сегашната економска состојба во Македонија како добра (21%) или како задоволителна (41%),  додека 38% ја класифицираат моменталната економска состојба како лоша, при што 25% од испитаниците дури сметаат и на подобрување во 2015 година.

Во минатата година беа уште 42%, кои ја оценија актуелната економска состојба како лоша и само 8% како добра. Што се однесува на оценката на општата економска состојба, ова е најдобар резултат од почетокот на спроведувањето на анкетата во 2007 година. 65% од испитаните комании (2014:52%) ја оценуваат деловната состојба на своите компании како задоволителна, 27% ја оценуваат како добра (2014:36%).

 

Сепак во анкетата се критикуваа важни локални фактори како транспарентноста на јавните набавки, ефикасноста на јавната администрација, политичката и социјална стабвилност, правната сигурност,  условите за развој и истаржување. Овие фактори беа оценети со најслаби оценки.

 

Моменталната деловна ситуацијa на својата компанија ја сметаат 27% од испитаниците за добра (2014:19%), 65% ја оценуваат како задоволитлна (2014:57%) и 8% (2014: 24%) наведуваат, дека се наоѓаат во лоша економска ситуација. Во однос на очекувањата за развојот на деловната ситуација на својата компанија во 2015 година во споредба со претходната година, над 47% од испитаните компании сметаат на подобрување на својата состојба на компанијата. 47% прогнозираат постојани и непроменети услови за нивната компанија. Само 6% очекуваат потешка економска ситуација во 2015 година.

 

Резултатите од овогодинешната анкета и при набљудување на инвестициите и вработувањето на нови работници, за компаниите – членки на Македонско- Германското стопанско здружение пазарот на трудот и инвстиции во Македонија станува се поинтересен, дури 32% сакаат да ги зголемат своите инвестиции во 2015 година и 27% ќе вработат нови работници.

 

Во локалните фактори кои беа позитивно оценети се вбројуваат продуктивноста на работниците, трошоците на трудот, квалификацијата и академското образование.

 

 

Мартин Кнап, директор  на германската стопанска комора во Македонија и раководен член на Управниот одбор на Македонско- Германското стопанско здружение ги сумираше резултатите.

 

Во 2014 година Германија била најголемиот трговски партнер на Македонија и трговскиот промет изнесувал 2,5 милијарди евра. Треба да се забележи, дека извозот на Македонија кон Германија во изминативе години континуирано расте. Во 2014 година извозот на Македонија кон Германија изнесувал 1,8 милијарди евра, а увозот од Германија изнесувал 712 милиони евра, со што Македонија е една од малкуте земји, кои со Германија имаат трговски суфицит.

 

„Со оглед на постоечките и најавените германски инвестиции во Македонија, очекуваме оваа тенденција да продолжи. Во изминатите две години дури четири германски компании кои размислуваа дали да инвестираат во Македонија или во Србија, донесоа одлука својата инвестиција да ја реализираат во Македонија, со тоа веќе постоечките и последните нови  германските инвестиции обезбедуваат вработување дури на 11.000 граѓани во Македонија. Успех ветува и почетокот на изградбата на нови автопатишта и проширувањето на постоечката железничка мрежа, како и изградбата на нова железничка врска со Бугарија. Подобрената инфраструктура ќе допринесе за тоа да се зголеми атрактивноста на Македонија како место за инвестиции и со тоа ќе се поттикне ангажманот на германското стопанство во форма на нови инвестиции“, рече Кнап

 

Михаел Дикамп, претседател на Македонското-Германско Стопанско Здружение оцени дека проценката на актуелната економска состојба во Македонија дава позитивни сигнали.

 

„При оценувањето на изгледите на македонската економија за тековната година, повторно се покажа дека компаниите-членки на Македонското-Германско Стопанско Здружение, веруваат во Македонија: тие и понатаму сакаат да инвестираат, да вработуваат нови работници и очекуваат висок промет и добивка. 79% од испитаните компании повторно би инвестирале во Македонија. Од анкетата произлегува дека инвестициите и градењето на деловните врски пред се зависат од понатамошното подобрување на рамковните услови: мора да постои правна сигурност, да се покачи платежната дисциплина, а административните постапки, како и постапките за јавни набавки да бидат потранспарентни и поефикасни. Овие фактори се основни предуслови за да се стекнат нови, особено мали и средни германски претпријатија како инвеститори во Македонија“, смета Дикамп. /крај/

Економија

Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“

Објавено пред

Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.

dobivaj vesti na viber

„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.

„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“

Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:

„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

Прикажи повеќе...

Економија

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Објавено пред

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.

dobivaj vesti na viber

Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.

На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.

Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

Прикажи повеќе...

Економија

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.

„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.

Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.

„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ21 минута

Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир

Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од...

Македонија48 минути

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија2 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија2 часа

„Дафина Стојановска итно да си поднесе оставка – пратеничката функција е сосема спротивно од ова што таа го демонстрира“, велат од Левица

​​​​​Левица бара итна оставка од пратеничката од редовите на ДПМНЕ, Дафина Стојаноска од гостиварско, „која очигледно и веќе во неколку...

Македонија3 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија3 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион3 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија4 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија5 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет5 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет5 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа6 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет6 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет6 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа6 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион16 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија16 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет19 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија22 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...