Македонија
Годинава треба да се вработат 13.500 луѓе
Со 28 мерки насочени кон финансиска поддршка, обуки, почнување сопствени бизниси, поддршка за вработување на социјално ранливите лица и на лицата со посебни потреби ќе се вработат 13.500 лица, според оперативниот план за вработување за 2016 година, за кој се разговараше на средбата на работната група во недела во порта „Македонија“.
Во работната група учествуваат вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот за финансии Зоран Ставрески, заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
„Многу ми е важно ми е тоа што го имаме ветено пред граѓаните да се реализира и затоа денес дискутираме околу акцискиот план, роковите и начините како ќе го спроведеме планот за да сме сигурни дека сето тоа навремено и успешно ќе се реализира. Работите се одлично поставени. Оваа година се очекува преку мерките за вработување на АВРМ да бидат опфатени 13.500 лица, а најмалку 8.700 да се вработени. Има 28 мерки кои се предвидени за оваа година, ова е период кога почнуваат да се објавуваат огласите, кога невработените конкурираат за добивање на поволностите за користење на овие мерки кога невработените може да ги искористат мерките“, рече Груевски.
Апелираше до сите невработени кои активно бараат работа, да се осврнат на АВРМ, да отидат во подрчаните единици и да побараат информации околку овие активни мерки кои ги нуди Владата преку АВРМ.
Целта е што повеќе невработени да можат да се пронајдат во некоја од мерките кои стојат на располагање да се понуди и да се искористи остварување на сигурна егзистенција, како и поддршка и стимулирање на бизнис заедницата да отвора нови можности, рекоа учесниците на состанокот
Со владиниот оперативен план за оваа година, предвидени се 28 мерки во насока на финансиска поддршка, обуки, започнување на сопствени бизниси, поддршка за вработување на социјално ранливите лица и на лицата со посебни потреби, оперативен план за кој се наменети 11.5 милиони евра.
Од вкупно планираните 13.500 лица, се очекува 8.700 да бидат директно вработени.
Како дел од реализацијата на оперативниот план, минатата недела беше објавен нов повик за мерката за стекнување вештини кај познат работодавач, за што ќе бидат одвоени 6,7 милиони денари.
Според дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов ова е една од најуспешните мерки што се реализира од 2007 година, а нејзин резултат се над 7.214 поплнети работни места.
„Се создаваат можности невработените лица да поминат тримесечна обука во реални работни услови за вештините кои се побарувани на пазарот на труд. За период колку што трае обуката да се стекнат со знаење и компетенции кои ќе ги направат многу поконкурентни за работните места што им ги нудат и самите работодавачи кај кои се обучуваат“, објасни Спасов.
Тој очелкува најмалку половината од учесниците во обуките, по завршување на обуката да се вработат.
Овој оглас нема рок и ќе биде отворен се до пополнување на местата, со тоа што сите оние компании кои имаат потреба од работници можат да си ги обезбедат.
Ативен е и огласот за вработување на лица со инвалидитет, па според директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, слободни се уште околу дваесетина места, кои се очекува да се пополнат за кратко време.
Учесниците на работната средба сметаат дека воведувањето на овие мерки допринело за пад на невработеноста во државата, па така, според последното мерење стапката на невработеност е намалена на 25,5 отсто./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

