Македонија
Голема акција на УЈП во Битола и Прилеп, казнети 23 фирми
Вкупно 12 тима на даночни инспектори, во текот вторникот извршија акциска контрола во над 50 објекти на подрачјето на Битола и Прилеп, соопшти вос редата Управата за јавни приходи (УЈП).
При контролите во Битола откриено е едно лице кое нерегистрирано врши дејност – трговија на мало со прехрамбени производи, а за два објекти изречена е мерка затворање од 30 дена поради непоседување на фискален апарат, и тоа: ДРАГОНАЈ (сервис за компјутери) и МЕБЕЛ Т СТИЛ ДООЕЛ.
По неодамнешниот инцидент во Битола каде непознати сторители оштетија шест службени возила, УЈП јавно најави дека ваквото однесување само остава простор за поголемо сомнение дека во конкретната општина и подрачје работат бизниси кои избегнуваат да платат данок, што се потврди и со наодите за нерегистрирање на готовинските плаќања и неиздавање на фискални сметки констатирани во 10 објекти, кои ќе бидат затворени 15 дена, и тоа: ЉУПЧО 5 ДООЕЛ БИТОЛА (санитарија), АНГРОМАРКЕТИНГ ДООЕЛ (трговија со прехранбени продукти), ЕМПЛАСТ ДООЕЛ (стовариште), САВОЗ КОМПАНИ ДООЕЛ (трговија со прехранбени продукти), ВАГО ДООЕЛ (трговија со прехранбени продукти), ВИН МАР 14 (трговија со врати ПВЦ дограма), ВАМ КО ДООЕЛ (трговија со прехранбени продукти), СПЕРА ЕТ АМАРЕ ДООЕЛ (сендвичара), стои во соопшението.
Во вечерните часови, даночните контроли се проширија на подрачјето на Прилеп. Во сите контролирани објекти во кои се вршело трговија со прехранбени производи, УЈП има утврдено неиздавање на фискални сметки, поради што покрај паричната глоба, во период од 15 дена ќе бидат затворени деловните простории на: БОС ТОРО ДООЕЛ, И.М.КОМЕРЦ ДООЕЛ, АН ПЕ ПРОМЕТ ДООЕЛ, ЕСКЕЈП ДООЕЛ, РАДИЧОСКИ КОМПАНИ ДООЕЛ, НОВА ПРОМЕТ ДООЕЛ, МАРВАЛ ПРОМЕТ ДООЕЛ, ЏУЛИЈАНО ПРОМЕТ ДООЕЛ, како и СПЛЕНДИДО ВМ ДООЕЛ (сендвичара), ЧАПКУН КОМЕРЦ ДООЕЛ (бела техника), ДРАГА ДООЕЛ (цвеќара) и ДАБОЛ ИН (колонијал).
На вкупно 23 правни лица и одговорните лица (Битола – 11 и Прилеп – 12) кои работеле спротивно на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, изречени се глоби во вкупен износ од 69.000 евра во денарска противвредност, а во зависност од прекршокот објектите се затворени на 15 или 30 дена. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

