Македонија
Градежна комора: Достигнат е лимит на најниска цена на становите
Градежната комора на Република Македонија во која членуваат над 450 компании со голем удел во пазарот на недвижнини, остро ја демантираат анализата на индивидуални нерелевантни субјекти, според која пет домашни компании ја диктираат цената на становите, изјава дадена без целосни и точно информации.
Ставот на компаниите членови на Градежната комора на Македонија е дека цените на становите се формираат како резултат на трошоците за изградба што се прават, а главен приоритет при изградба е да создадат висококвалитетни, стабилни, енергетски ефикасни и економични станови, според европски квалитет и најнови стандарди.
„Услови за да се намалат цените нема, освен ако се штеди на квалитет. Со понизок квалитет граѓаните ќе имаат двојнопоголеми трошоци по купувањето на станот. Трошоците за производство се зголемени, воведени се нови нормативи и за енергетска ефикасност, така што градежните компании имаат повисоките трошоци при инвестирање, а нудат максимален квалитет и реална пазарна цена. Согласно овие параметри, како стопанственици формираме цени кои гледаме да бидат достапни за граѓаните. Цените на становите во споредба со тоа какви беа пред само 5 години, веќе се значително намалени. Некој што од различни побуди го руши угледнот на комопаниите и сака да дојде до брзи пари сега може да ги намали цените, но тоа ќе биде моментална одлука, бидејќи на долгорочен план ќе работи со загуба“, изјави Роберт Хот, претседател на Градежна комора на Македонија.
Со невистинитите информации кои се пласираа во јавноста за нереалната пазарна цена на становите, не само што се девалвира вредноста на непродадените станови, туку истовремено се девалвира имотот на уште 700.000 граѓани во Република Македонија.
„Во формирањето на цената покрај градежните трошоци, со голем процент учествуваат локацијата, односно градежното земјиште, потоа комуналиите, трошоците за проектирање, ревизии и надзор, приклучоците, енергетската ефикасност што најчесто е од А-класа, што значително ги крева трошоците во производство и ангажираните средства на инвеститорите“, изјави Ивица Јакимовски, член на УО на Градежна комора на Македонија.
Според официјалните информации просечните цени на становите минатата година во Скопје изнесувале 876 евра за метар квадратен без ДДВ за разлика од 2010 година кога биле 1.043 евра. Во останатите населени места низ Македонија метар квадратен лани чинел 544 евра, а во 2010 – 718 евра. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

