Македонија
Градежништвото е водечка стопанска гранка
Градежништвото во моментот е една од водечките стопански гранки, со најголем раст, и двигател на домашната економија, а со најавените владини инвестиции, особено во делот на инфраструктурата се очекува негово понатамошно зајакнување, сметаат од Стопанската комора.
Се очекува зголемување на бројот вработени не само во големите градежни компании, туку и во помалите кои најчесто се ангажирани како подизведувачи.„Евидентно е дека создаваме кадар способен за изведба на големи инфраструктурни проекти што досега не беше случај. Компаниите веќе располагаат и со современа опрема, на многу високо техничко ниво. Поради најавените проекти, изградбата на автопатите Скопје – Блаце и Гостивар – Кичево, како и рехабилитацијата на патиштата Кочани – Делчево, Штип – Миладиновци, Куманово – бугарска граница,…, од кои дел се почнати, а други наскоро ќе стартуваат, очекуваме можеби и увезување работници од странство“, рече претседателот на Здружението на градежништвото Андреа Серафимовски, во понеделник на прес-конференција.И покрај тоа што на земјава и претстои предизборен период, не се очекува намалување на градежните активности, а забележаниот негативен тренд на македонските градежни активности надвор се главно резултат на големата ангажираност дома.„Идниот подем и зголемувањето на активностите кои особено се очекуваат годинава ќедонесе уште поголем развој на градежништвото. Особено радува фактот што домашнитефирми реализираат комплексни проекти со сопствени ресурси“, рече Серафимовски.Тој рече дека нема најави за поевтинување на градежните материјали.Според последните статистички податоци, Марија Петроска од Стопанската комора рече дека градежништвото бележи раст во сите сегменти: ниско и високоградба, инфраструктура, изградба на станови. Зголемен е и уделот во БДП, од 4,9 отсто во 2008 година на 6,4 отсто во 2014 година. Годишно се градат по околу 5.500 до 6.000 станови, а многу малку од нив остануваат непродадени. Во првите три месеци од 2015 година градежништвото остварило 35,4 милиони денари што е пораст од 11,7 отсто во однос на 2014 година.„Средните и големите компании во формирањето на БДП за градежништвото учествуваат со околу 90 отсто и вработуваат преку 75 проценти од вработените во секторот“, појасни Петроска./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

