Контакт

Македонија

Груевски: Имаме образована и талентирана работна сила

Објавено пред

Со проектите во образованието чија цел е градење на конкурентна и талентирана работна сила, е еден од аргументите за привлекување на странски инвеститори во функција на обезбедување вработувања и професионален развој и надградба на македонските работници, порача македонскиот премиер Никола Груевски,  кој со владина делегација, од петок престојуваат во посета на САД, каде во Колумбус одржаа и Бизнис форум.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на посетата премиерот Груевски и владината делегација ќе учествуваат и ќе се обратат на бизнис форуми за претставувањето на погодностите кои ги нуди нашата земја за реализација на странски инвестиции и за отворање на нови работни места. Предвидени се и средби со дијаспората во повеќе градови на американска територија. Премиерот ќе има агенда на настани и обраќања и во рамките на сесијата на Годишното собрание на Обединетите Нации.

Во петок, премиерот Груевски и владината делегација присуствуваа и се обратија на бизнис форум во Колумбус, главниот град на сојузната држава Охајо. Бизнис форумот се одржа во соработка со економската групација Колумбус 2020 и на него присуствуваа поголем број на бизнисмени од разни сектори.

Груевски во своето обраќање се осврна на пакетот на поволности кои нашата земја ги обезбедува за реализација на инвестиции. Тој ги акцентираше најниските трошоци за компаниите за водење бизнис во Европа, претставени преку ниските и рамни даноци и погодностите во технолошко – индустриските развојни зони. Потенцирајќи ги позитивните макроекономски индикатори, како што се растот на бруто домашниот производ и извозот од зоните, ниското и умерено ниво на надворешен државен долг, стабилната стапка на инфлација, македонскиот премиер истакна дека овие показатели нудат предвидливо бизнис опкружување кое е позитивно за креирање и развој на бизниси.

Тој се осврна на владината ориентација за постојан дијалог со бизнис заедницата во насока на креирање на добра бизнис клима, и отвореноста на Владата за решавање на конкретни предизвици со кои се соочуваат компаниите во својата работа, при што го истакна проектот Регулаторна гилотина.

Еден од најважните проекти кои нашата земја ги имплементира во последните години и кој ни помогна да ја подобриме бизнис климата е проектот Регулаторна гилотина. Овој проект беше имплементиран заедно со стопанските комори и со повеќе од 300 компании, различни по големина, од различни индустрии и сектори, и овој проект значеше кратење или пак поевтинување на илјадници бирократски процедури во земјата што многу им помогна и на домашните и на странските компании, истакна премиерот Груевски.Премиерот се осврна и на проектите во образованието чија што цел е градење на конкурентна и талентирана работна сила, како еден од аргументите за привлекување на странски инвеститори и во функција на обезбедување на вработување и професионален развој и надградба на македонските работници.

Оваа поента од владината политика за инвестиции во образован кадар беше потврдена и од претседателот на Бордот на директори на Кемет електорникс, Франк Бранденберг, кој во своето обраќање пред присутните, и преку конкретни примери, како еден од најголемите квалитети на нашата земја ги истакна токму способностите на работниот кадар.

„Во Македонија воспоставивме Центар за поддршка на клиентите од цела Европа, и тоа не само заради способностите за познавање на странските јазици туку затоа што луѓето во тој центар имаат бизнис способности. Кога се јавува клиентот и има прашања за на пример фактурирањето, за цените, за испораките, луѓето во центарот не само што ги зборуваат јазиците на клиентите, како на пример италијанскиот, германскиот или друг европски јазик, затоа што клиентите се од цела Европа, туку луѓето во центарот разбираат што клиентот прашува, односно имаат чувство за бизнис“, истакна Френк Бранденберг, претседател на Бордот на директори на Кемет Електроникс.

И Нагенда Равандала од компанијата Абот Лабс, која се наоѓа на 61 позиција на листата на 500 најбогати светски компании Fortune 500, беше согласен дека од податоците кои ги беше слушнал на презентацијата може да се забележи дека една од компаративните предности на нашата земја е едуцираноста и талентираноста на работната сила.

„Она што ме заинтригира е балансираниот пристап кој Македонија го има, и кој што значи не само да се создаде простор за поддршка на производствените капацитети туку и понудата на талентирана работна сила. Компаниите како нашата, кои имаат интерес за инвестиции, не бараат само простор за реализација на деловните операции туку се интересираат дали има работна сила која може да помогне во развивањето на локалните подружници и правецот на постојан раст на компанијата. Мислам дека Македонија ги поседува овие компетенции“, изјави Нагенда Равандала од компанијата Абот Лабс. Присутите бизнисмени дадоа позитивна оценка за понудата која ја обезбедува нашата земја за реализација на странски инвестиции.

„Она што го слушнав претставува значајно поттикнување за компаниите да дојдат и да се лоцираат во Македонија. Мислам дека имате значајни драстични предности и тоа во поглед на даноците, ориентираноста на Владата за унапредување на бизнис климата и едуцираната работна сила. Тоа е многу атрактивно за бизнисмените да отвораат бизниси во Македонија“, изјави Мајкл Ставроф од компанијата РГ Бери Корпорејшн.

Како најголем и главен град на државата Охајо и 15-ти најголем град во САД, Колумбус е карактеристичен по разновидната економија базирана на повеќе сектори: образование, банкарство, технологија, енергетика, здравство, осигурување, авијација, логистика, мода, итн.

Колумбус неколку пати беше рангиран меѓу најдобрите градови во Америка за водење бизнис од страна на Forbes, BusinessWeek и FDi Magazine, а во градот има седишта на поголем број на компании кои се наоѓаат на листата Fortune 500./рај/со/бб C

Економија

Мицкоски: Без одржлива струја нема развој на вештачката интелигенција – градиме гасни интерконектори со две соседни држави

Објавено пред

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен интерконектор со Грција, а почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе нашата држава Србија, објасни премиерот Христијан Мицкоски на прашања поставени на панелот во Давос кои се однесуваа на вештачката интелигенција и потребните центри за гасови, како и тоа што прави Македонија да привлече странски директни инвестиции наспроти Хрватска и Словенија.

dobivaj vesti na viber

„Во однос на вештачката интелигенција ние ги зајакнуваме нашите преносни линии за електрична енергија но не само за електрична енергија, исто така ги зајакнуваме нашите преносни линии со преносните линии за гас. За центрите за податоци, ви е потребно одржливо би рекол, снабдување со електрична енергија. Значи некој мора да произведе одржливо и сигурно снабдување со електрична енергија за центрите за податоци, за да имаат добри, би рекол одлични перформанси на вештачката интелигенција. Во тој поглед градиме еден гасен интерконектор со Грција, а сега почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе мојата земја со Србија.

Што значи ова? Ќе го зголемуваме капацитетот на гас до осум милијарди кубни метри годишно. Досега трошиме половина милијарди кубни метри годишно, што значи дека илјадници и илјадници мегавати инсталиран капацитет електрани на гас да снабдуваат нови центри за податоци со електрична енергија. Ова е еден столб на еден пример и целиот институционален ризик го прифаќаме како Влада. Ова е нешто што можеме да им го обезбедиме на инвеститорите како поттик“, рече Мицкоски во Давос.

Во моментов се развиваат три важни проекти за производство на електрична енергија од хидроцентралите во вредност од 2 милијарди евра. Овие проекти, информираше премиерот, не се важни само за Македонија туку и за регионот.

„Сега развиваме три големи проект во однос на производство на електрична енергија од хидроцентрали. Зборуваме за проекти од 2 милијарди евра. Тие проекти се многу важни за нас, не само за производство на електрична енергија, туку тие три проекти се и стратешки важни за нас. Но не само за нас, туку и за регионот во целост.

Зборуваме за три големи брани кои ќе создадат три големи резервоари со многу чиста вода за пиење. Имајќи ги предвид климатските промени, мислам дека регионот ќе има потреба од тие резерви со вода за пиење, со чиста вода за пиење. И двата проекта се дел од каскада што се потпира на една голема река, наречена Црна Река. Низводно од таа каскада имаме најдоброто земјоделско земјиште во Европа, а тој регионот е познат како Тиквешки регион.

Практично сме фокусирани на енергијата, а во исто време имаме и други приоритети. Но веројатно сакате повеќе да зборувате за вештачката интелигенција. Исто сакате да се зборувате за електричната енергија и сите оние проекти кои се поврзани некако со тие две многу важни прашања, не само во мојата земја туку и овде во Давос. Многу пати слушаме од политичарите како зборуваат за вештачката интелигенција. Се прашувам дали сите тие можат да ја разберат суштината на вештачката интелигенција или ја користат вештачката интелигенција како популарен збор, како два популарни збора. Го завршив мојот докторат пред 16,17 години и користев алгоритам на фази логика за контрола на манипулативни роботи. Значи, практично тоа беше почетокот на вештачката интелигенција“, подвлече премиерот на панел дискусијата во Давос.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Мицкоски од Давос: „Бошков Мост“, „Чебрен“ и „Галиште“ ги привлекоа инвеститорите

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски од Давос соопшти дека имал уште еден успешен ден со бројни билатерални средби и настапи, во рамки на престојот на Светски економски форум.

dobivaj vesti na viber

„Уште еден успешен ден со многу билатерални средби“, изјави Мицкоски, посочувајќи дека денот започнал со средба со Борјана Кришто, по што следеле средби со мултинационални компании кои, како што рече, имаат значајна улога во глобалниот бизнис.

Мицкоски информираше дека имал и успешен панел на кој повторно се разговарало за клучните теми на овогодишниот самит во Давос – вештачката интелигенција, дата-центрите и потребата од зголемено производство на електрична енергија.

„Разговаравме со луѓе кои навистина значат во светот на вештачката интелигенција, фирми кои се водечки во управувањето со дата-центри, но и за предизвиците поврзани со потребата од зголемување на производството на електрична енергија“, изјави премиерот.

Тој додаде дека пред соговорниците ги презентирал и проектите кои за Владата се значајни, а кои опфаќаат производство на електрична енергија, подобрување на преносните капацитети и интерконекторите за електрична енергија и гас.

Мицкоски соопшти дека за прв пат на панелот ги презентирал и клучните проекти кои Владата планира да ги објави во периодот што следи – Бошков Мост, Чебрен и Галиште.

Според него, проектите привлекле големо внимание кај инвеститорите, кои по завршувањето на панелот му пристапиле за размена на контакти и биле поканети да ја посетат земјата. „Убеден сум дека овие проекти ќе бидат успешни, ќе додадат вредност во економијата на Македонија и во квалитетот на живот на македонските граѓани“, изјави Мицкоски.

Тој најави дека престојот во Давос продолжува со уште еден панел и презентација на инвестициските можности на Македонија пред нова група инвеститори, а враќањето во Скопје е планирано за утре.

Прикажи повеќе...

Економија

НБРМ: Годишен раст од 10,1 отсто на вкупните депозити и од 13,0 проценти на вкупната кредитна поддршка

Објавено пред

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 10,1%, во поголем дел поради растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор, соопшти НБРМ.

dobivaj vesti na viber

На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 13,0%, како резултат на растот на кредитите кај двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор.

Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2025/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2025_dekemvri_mk.pdf

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Ризик по животот: Човекот кој се искачи на Тајпеј 101 без заштита земал половина милион евра

Американскиот алпинист Алекс Хонолд изјави дека му е платен „смешно мал“ надомест за да се искачи на облакодер од 488...

Топ3 часа

Се претставил како инспектор, изнудил пари од жена за наводна сообраќајка, па бил фатен на граница

СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе кривична пријава до Основното јавно...

Топ3 часа

Пешак се бори за живот на Ургентен во Скопје , малолетник го удрил со автомобил

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак, кој се бори за живот во Ургентен цнетар во Скопје, информираа денеска...

Свет5 часа

Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти

Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред...

Свет6 часа

Киев е без греење на минусни температури, Зеленски бара поддршка за воздушна одбрана додека

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од сојузниците поголема поддршка за воздушна одбрана, бидејќи стотици згради во Киев се без греење...

Македонија10 часа

Безбеден град ќе казнува по 500 евра и една година без возачка за брзо возење

Министерството за внатрешни работи денеска во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на...

Македонија11 часа

Да беше жив Тоше Проески денес ќе полнеше 45 години

На денешен ден, 25 јануари 1981 година, е роден Тоше Проески, македонски пејач чиј музички опус и хуман ангажман го направија...

Македонија11 часа

АХВ за една година спровела над 125 илјади контроли и наплатила 618 илјади евра

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на...

Македонија11 часа

Денес може да се дарува крв во чест на хуманоста на Тоше Проески

Во рамките на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и оваа година ќе се реализира крводарителска акција...

Македонија1 ден

Адвокатката на газда Деко од „Пулс“ бара надлежните да реагираат откако родителите на загинатите деца ја ставија на транспарент

Адвокатката Ивана Коцевска, која е бранител на прво и на третообвинетиот во процесот „Пулс“ денеска излезе со реакција, поради употреба...

Македонија1 ден

Семејствата на загинатите во „Пулс“ со порака: Правдата што доцни не е правда

„Правдата што доцни не е правда“ – ова беше пораката што денеска повторно одекна во Кочани, од блиските на загинатите...

Свет1 ден

Зеленски: Трилатералните разговори беа конструктивни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека трилатералните разговори меѓу делегациите на Украина, Русија и САД во Абу Даби биле...

Топ1 ден

86-годишна жена од Виница измамена за 30.000 евра, лажен лекар ја довел во заблуда дека ќерката е повредена

Осумдесет и шестгодишна жена од Виница пријавила дека била жртва на телефонска измама во која останала без 30.000 евра, откако...

Свет1 ден

Завршија преговорите меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев во Абу Даби

Во Абу Даби предмалку завршија преговорите за безбедноста на Украина  меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев, јавијха руските медиуми....

Македонија1 ден

Државата наплати данок од над 2 милиони денари од донациите за настраданите во пожарот во Кочани

Иницијативата „Супорт Кочани“ ја реализираше третата распределба на средства собрани преку заедничката наменска сметка за донации. На лица директно погодени...

Свет1 ден

На минусни температури, 6.000 згради во Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад

Речиси 6.000 згради во украинската престолнина Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад, изјави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко,...

Регион1 ден

Крвава ноќ во Калуѓерица, маж по расправија со девојка се прободел со кујнски нож

Д.Г. (40) се повредил со нож во пределот на стомакот по расправија со девојка. Инцидентот се случил во белградската населба...

Македонија2 дена

Со понудени куќи, булдожери и милионска гаранција конзулот Марковски излезе од притвор

Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски...

Македонија2 дена

По денешните протести, Синдикатот на „Македонска пошта“: Надминати се сите проблеми, декемвриската плата е исплатена

Незадоволството на вработените во Македонска Пошта денеска прерасна во организиран протест низ целата држава, а причина за ваквата реакција и...

Европа2 дена

(Видео) Се појавија првите снимки од денешната средба: разговорите меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби ќе продолжат утре

Трилатералните разговори меѓу САД, Украина и Русија, што се одржаа денес во Абу Даби, беа оценети како продуктивни и ќе...