Контакт

Македонија

Груевски: Македонија направи многу промени за подобрување на бизнис климата

Објавено пред

Премиерот Никола Груевски, заедно со економскиот тим од Владата во чиј состав е вицепремиерот Владимир Пешевски и министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Горан Мицковски, во четвртокот учествуваа на бизнис форум кој се одржа во Мадрид.

dobivaj vesti na viber

Бизнис форумот беше организиран во соработка со Стопанската комора за трговија, индустрија и услуги на Мадрид и пред деведесет претставници на компании од Шпанија беа презентирани можностите и потенцијалите за инвестирање и водење на бизнис во Република Македонија.

Груевски посочи дека едни од главните предности кои ги има направено Република Македонија во последните неколку години, а се важни за водење на бизнис, се промените во бизнис климата каде што има значително подобрување. Македонија е држава со исклучително ниски трошоци за правење на бизнис, држава која што ги намали во голема мера бирократските процедури за водење на бизнис, во таа насока го спроведовме и проектот регулаторна гилотина во соработка со стопанските комори и приватните компании при што елиминиравме илјадници бирократски процедури во полза на компаниите и домашните и странските, истакна Груевски.

Премиерот Никола Груевски изјави дека според најновиот извештај за глобална конкурентност на Светскиот економски форум за 2015 – 2016 година Република Македонија има најниски даноци во светот со вкупна ефективна даночна стапка од 7.4 отсто и е единствена земја од 140 економии со стапка пониска од 10 проценети.

Груевски посочи дека се направени реформи во целокупната сфера на водењето бизнис и според Светската банка денес Република Македонија е на првото место според квалитетот и услуги кои ги дава Централниот регистар во Европа и шеста во светот. Исто така во Македонија може да се регистрира компанија од било кое место во светот за 4 часа, без почетни трошоци, истакна Груевски.

Според македонскиот премиер, она што е важно е што голем број на глобални компании ја одбраа Македонија како нивна бизнис дестинација и изградија капацитети, тргнувајќи од американската компанија Џонсон Контролс, англиската глобална компанија Џонсон Мети, Диатек и Технокозе од Италија, Амфенол од Америка, Ванхул од Белгија, Гришко од Русија, Дрекслермаер, ОДВ, Техникал Текстајл и Кромберт и Шуберт од Германија, Леар, Капкон и повеќе други. Груевски изјави дека сето ова помогна за намалување на невработеноста достигнувајќи досега најниско ниво од 26.8 отсто.

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски посочи дека Македонија има навистина што да каже во однос на подобрувањата што ги има направено и во бизнис климата и во условите за водење на бизнис и привлекување на инвестиции и дека сето ова останува забележано од голем број на држави и компании кои веќе инвестираат во Македонија.

Иако има неколку компании капитално врзани со Шпанија сметаме дека има простор за многу повеќе да се направи и токму тоа беше целта на нашето денешно присуство. Јас верувам дека долгорочно ова е еден од првите чекори кои ќе почнат да даваат резултати. Имаме закажано и повеќе одделни средби со компании и се надевам дека сето тоа ќе вроди со плод, носење на инвестиции и отворање на нови работни места со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните, изјави Пешевски.

Претседателот на Стопанската комора за индустрија, трговија и услуги на Мадрид, Артуро Фернандез истакна дека Владата на Македонија нуди најатрактивни даночни услови во Европа, со активна помош за инвестирање претворајќи ја така Македонија во новиот рај за инвестиции во Европа.

Овој рај за инвестиции се истакнува со стабилен раст во последниве години, исто така со ниска стапка на инфлација, врамнотежена фискална политика и фиксен курс спрема еврото. Од друга страна со својата стратешка положба Македонија нуди слободен пристап до официјалните пазари и до 650 милионскиот пазар на потрошувачи преку договорите за слободна трговија, изјави претседателот на Стопанската комора на Мадрид, Артуро Фернандез.

Генералниот менаџер на компанијата „Арчелор Митал“, Хуан Педро Наваро, која е веќе присутна на македонскиот пазар, истакна дека компанијата е задоволна од Владата која прави големи напори да направи добра бизнис клима што пак создава добри услови да се продолжи со инвестирање и да се придонесе за напредокот и растењето.

Наваро истакна дека ова е најдобрата година за Арчелор Митал во Македонија и имаат многу добро напредување во производството искористувајќи ги максималните капацитети и најавувајќи проширување на капацитетите за производство.

Очекуваме да инвестираме во наредните години токму во зголемување на капацитетите на производството, почнувајќи од овој месец превземаме и конкретни чекори, изјави генералниот менаџер на „Арчелор Митал“, Хуан Педро Наваро./крај/мф

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Мицкоски: Без одржлива струја нема развој на вештачката интелигенција – градиме гасни интерконектори со две соседни држави

Објавено пред

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен интерконектор со Грција, а почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе нашата држава Србија, објасни премиерот Христијан Мицкоски на прашања поставени на панелот во Давос кои се однесуваа на вештачката интелигенција и потребните центри за гасови, како и тоа што прави Македонија да привлече странски директни инвестиции наспроти Хрватска и Словенија.

dobivaj vesti na viber

„Во однос на вештачката интелигенција ние ги зајакнуваме нашите преносни линии за електрична енергија но не само за електрична енергија, исто така ги зајакнуваме нашите преносни линии со преносните линии за гас. За центрите за податоци, ви е потребно одржливо би рекол, снабдување со електрична енергија. Значи некој мора да произведе одржливо и сигурно снабдување со електрична енергија за центрите за податоци, за да имаат добри, би рекол одлични перформанси на вештачката интелигенција. Во тој поглед градиме еден гасен интерконектор со Грција, а сега почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе мојата земја со Србија.

Што значи ова? Ќе го зголемуваме капацитетот на гас до осум милијарди кубни метри годишно. Досега трошиме половина милијарди кубни метри годишно, што значи дека илјадници и илјадници мегавати инсталиран капацитет електрани на гас да снабдуваат нови центри за податоци со електрична енергија. Ова е еден столб на еден пример и целиот институционален ризик го прифаќаме како Влада. Ова е нешто што можеме да им го обезбедиме на инвеститорите како поттик“, рече Мицкоски во Давос.

Во моментов се развиваат три важни проекти за производство на електрична енергија од хидроцентралите во вредност од 2 милијарди евра. Овие проекти, информираше премиерот, не се важни само за Македонија туку и за регионот.

„Сега развиваме три големи проект во однос на производство на електрична енергија од хидроцентрали. Зборуваме за проекти од 2 милијарди евра. Тие проекти се многу важни за нас, не само за производство на електрична енергија, туку тие три проекти се и стратешки важни за нас. Но не само за нас, туку и за регионот во целост.

Зборуваме за три големи брани кои ќе создадат три големи резервоари со многу чиста вода за пиење. Имајќи ги предвид климатските промени, мислам дека регионот ќе има потреба од тие резерви со вода за пиење, со чиста вода за пиење. И двата проекта се дел од каскада што се потпира на една голема река, наречена Црна Река. Низводно од таа каскада имаме најдоброто земјоделско земјиште во Европа, а тој регионот е познат како Тиквешки регион.

Практично сме фокусирани на енергијата, а во исто време имаме и други приоритети. Но веројатно сакате повеќе да зборувате за вештачката интелигенција. Исто сакате да се зборувате за електричната енергија и сите оние проекти кои се поврзани некако со тие две многу важни прашања, не само во мојата земја туку и овде во Давос. Многу пати слушаме од политичарите како зборуваат за вештачката интелигенција. Се прашувам дали сите тие можат да ја разберат суштината на вештачката интелигенција или ја користат вештачката интелигенција како популарен збор, како два популарни збора. Го завршив мојот докторат пред 16,17 години и користев алгоритам на фази логика за контрола на манипулативни роботи. Значи, практично тоа беше почетокот на вештачката интелигенција“, подвлече премиерот на панел дискусијата во Давос.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Мицкоски од Давос: „Бошков Мост“, „Чебрен“ и „Галиште“ ги привлекоа инвеститорите

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски од Давос соопшти дека имал уште еден успешен ден со бројни билатерални средби и настапи, во рамки на престојот на Светски економски форум.

dobivaj vesti na viber

„Уште еден успешен ден со многу билатерални средби“, изјави Мицкоски, посочувајќи дека денот започнал со средба со Борјана Кришто, по што следеле средби со мултинационални компании кои, како што рече, имаат значајна улога во глобалниот бизнис.

Мицкоски информираше дека имал и успешен панел на кој повторно се разговарало за клучните теми на овогодишниот самит во Давос – вештачката интелигенција, дата-центрите и потребата од зголемено производство на електрична енергија.

„Разговаравме со луѓе кои навистина значат во светот на вештачката интелигенција, фирми кои се водечки во управувањето со дата-центри, но и за предизвиците поврзани со потребата од зголемување на производството на електрична енергија“, изјави премиерот.

Тој додаде дека пред соговорниците ги презентирал и проектите кои за Владата се значајни, а кои опфаќаат производство на електрична енергија, подобрување на преносните капацитети и интерконекторите за електрична енергија и гас.

Мицкоски соопшти дека за прв пат на панелот ги презентирал и клучните проекти кои Владата планира да ги објави во периодот што следи – Бошков Мост, Чебрен и Галиште.

Според него, проектите привлекле големо внимание кај инвеститорите, кои по завршувањето на панелот му пристапиле за размена на контакти и биле поканети да ја посетат земјата. „Убеден сум дека овие проекти ќе бидат успешни, ќе додадат вредност во економијата на Македонија и во квалитетот на живот на македонските граѓани“, изјави Мицкоски.

Тој најави дека престојот во Давос продолжува со уште еден панел и презентација на инвестициските можности на Македонија пред нова група инвеститори, а враќањето во Скопје е планирано за утре.

Прикажи повеќе...

Економија

НБРМ: Годишен раст од 10,1 отсто на вкупните депозити и од 13,0 проценти на вкупната кредитна поддршка

Објавено пред

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 10,1%, во поголем дел поради растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор, соопшти НБРМ.

dobivaj vesti na viber

На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 13,0%, како резултат на растот на кредитите кај двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор.

Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2025/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2025_dekemvri_mk.pdf

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Ризик по животот: Човекот кој се искачи на Тајпеј 101 без заштита земал половина милион евра

Американскиот алпинист Алекс Хонолд изјави дека му е платен „смешно мал“ надомест за да се искачи на облакодер од 488...

Топ10 часа

Се претставил како инспектор, изнудил пари од жена за наводна сообраќајка, па бил фатен на граница

СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе кривична пријава до Основното јавно...

Топ10 часа

Пешак се бори за живот на Ургентен во Скопје , малолетник го удрил со автомобил

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак, кој се бори за живот во Ургентен цнетар во Скопје, информираа денеска...

Свет12 часа

Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти

Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред...

Свет13 часа

Киев е без греење на минусни температури, Зеленски бара поддршка за воздушна одбрана додека

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од сојузниците поголема поддршка за воздушна одбрана, бидејќи стотици згради во Киев се без греење...

Македонија17 часа

Безбеден град ќе казнува по 500 евра и една година без возачка за брзо возење

Министерството за внатрешни работи денеска во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на...

Македонија18 часа

Да беше жив Тоше Проески денес ќе полнеше 45 години

На денешен ден, 25 јануари 1981 година, е роден Тоше Проески, македонски пејач чиј музички опус и хуман ангажман го направија...

Македонија18 часа

АХВ за една година спровела над 125 илјади контроли и наплатила 618 илјади евра

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на...

Македонија18 часа

Денес може да се дарува крв во чест на хуманоста на Тоше Проески

Во рамките на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и оваа година ќе се реализира крводарителска акција...

Македонија1 ден

Адвокатката на газда Деко од „Пулс“ бара надлежните да реагираат откако родителите на загинатите деца ја ставија на транспарент

Адвокатката Ивана Коцевска, која е бранител на прво и на третообвинетиот во процесот „Пулс“ денеска излезе со реакција, поради употреба...

Македонија1 ден

Семејствата на загинатите во „Пулс“ со порака: Правдата што доцни не е правда

„Правдата што доцни не е правда“ – ова беше пораката што денеска повторно одекна во Кочани, од блиските на загинатите...

Свет1 ден

Зеленски: Трилатералните разговори беа конструктивни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека трилатералните разговори меѓу делегациите на Украина, Русија и САД во Абу Даби биле...

Топ1 ден

86-годишна жена од Виница измамена за 30.000 евра, лажен лекар ја довел во заблуда дека ќерката е повредена

Осумдесет и шестгодишна жена од Виница пријавила дека била жртва на телефонска измама во која останала без 30.000 евра, откако...

Свет1 ден

Завршија преговорите меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев во Абу Даби

Во Абу Даби предмалку завршија преговорите за безбедноста на Украина  меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев, јавијха руските медиуми....

Македонија2 дена

Државата наплати данок од над 2 милиони денари од донациите за настраданите во пожарот во Кочани

Иницијативата „Супорт Кочани“ ја реализираше третата распределба на средства собрани преку заедничката наменска сметка за донации. На лица директно погодени...

Свет2 дена

На минусни температури, 6.000 згради во Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад

Речиси 6.000 згради во украинската престолнина Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад, изјави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко,...

Регион2 дена

Крвава ноќ во Калуѓерица, маж по расправија со девојка се прободел со кујнски нож

Д.Г. (40) се повредил со нож во пределот на стомакот по расправија со девојка. Инцидентот се случил во белградската населба...

Македонија2 дена

Со понудени куќи, булдожери и милионска гаранција конзулот Марковски излезе од притвор

Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски...

Македонија2 дена

По денешните протести, Синдикатот на „Македонска пошта“: Надминати се сите проблеми, декемвриската плата е исплатена

Незадоволството на вработените во Македонска Пошта денеска прерасна во организиран протест низ целата држава, а причина за ваквата реакција и...

Европа2 дена

(Видео) Се појавија првите снимки од денешната средба: разговорите меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби ќе продолжат утре

Трилатералните разговори меѓу САД, Украина и Русија, што се одржаа денес во Абу Даби, беа оценети како продуктивни и ќе...