Македонија
Груевски најави нова поддршка за иновативните идеи во Македонија
Денеска се испишува нова историја во делот на поддршката на иновативните идеи во Македонија, порача премиерот Никола Груевска пред претставници на 16 нови компании чии проекти беа избрани на првиот конкурс за кофинансирани грантови на „стар ап„ и „спин оф“ претпријатија и иновации, распишан од Фондот за иновации и технолошки развој, кои во понеделникот ги потпишаа договорите со Фондот за нивна реализација во вкупна вредност од 458.700 евра.
„Моето лично задоволство, пред сé, произлегува од мојата длабока убеденост дека развојот на иновативниот и претприемачки дух во Македонија е процес кој треба интензивно да се помага и поттикнува посебно затоа што тоа не било правено во минатото, а процесот е од големо значење за многу развојни сегменти во нашата држава. Овие процеси се особено важни, во прв ред, поради фактот што и по повеќе од дваесет години од напуштањето на социјализмот, развојот на претприемачкиот дух и иновативниот пристап во нашата земја е сé уште на релативно ниско ниво. Тоа не е присутно само кај повозрасните, туку и кај значително мнозинство млади луѓе кои воопшто не го живееле времето на социјализмот, а сепак ги чувствуваат влијанијата од тоа време“, рече премиерот Груевски.
Смета дека уште е „широко распространет менталитетот на пасивна индивидуа и филозофијата“ оти најважна е дипломата, а државата е таа која треба да најде соодветно вработување за таа диплома, без будење на креацијата кај младите луѓе како самите да заработат, да направат бизнис, да се самовработат. „Ова делумно е резултат на воспитанието пренесено од родителите, на образовниот систем во Македонија, кој иако во изминатите дваесет години постепено се менуваше, генерално ја занемаруваше практиката и поттикнувањето на креативниот потенцијал кај младите, но и на немањето слух и поддршка од страна на претходните влади кон поединци и фирми во делот на иновациите и претприемништвото“, додаде Груевски.
Порача дека ваквите состојби како Влада се решени сериозно да ги променат. Притоа потсети дека изминативе неколку години беа преземени бројни мерки и кампањи и конкретни проекти за поттикнување на претприемништвото и иновативниот дух кај населението, да се разбудикреативниот дух кај младите, да ги поттикнат да бидат похрабри, да веруваат во себе и да го искористат максимумот од своето знаење, вештини и идеи.
Тоа Груевски го илустрираше со бројните измени во наставните содржини за основно и средно образование, воведување комплетно нови наставни програми по предмети поврзани со претприемништвото, бизнисот и иновациите, донесувањето национална стратегија за претприемачко учење, како и донесувањето Закон за иновации чиј составен дел е и формирањето на Фондот за иновации и технолошки развој како централна институција за развој и спроведување на националната политика за иновации и технологии.
„Вашите проекти се одличен пример дека Македонија располага со моќни умови, храбри луѓе и со силна база на креативен и иновативен потенцијал“, порача Груевски и искажа надежи дека со овој прв оглас преку Фондот за иновации и технолошки развој ја раздвиживме базата на креативен и иновативен потенцијал со која Македонија располага. Нагласи дека до крајот на годинава е планирано преку ФИТР да се распише уште еден повик за поддршка на иновативни проекти. Вкупниот буџет за 2015 година за оваа намена изнесува 2.280.000 евра, а до крајот на 2017 година вкупно 10 милиони евра за поддршка на овој вид проекти.
Директорката на Фондот Јасмина Поповска изрази задоволство од интересот, бројот на апликации, како и од иновативноста на пристигнатите предлог-проекти на првиот распишан повик за кофинансирање грантови на старт ап претпријатија и иновации.
„Ова беше препознаено и од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции составен од меѓународни експерти кои ја донесоа одлуката за финансирање. Успехот се должи и на добрата соработка со партнерите на Фондот, како претставниците на Светска банка, стопанските комори, универзитетите и општините“, рече Попоска.
Во втората половина од 2015 година ќе биде објавен и втор повик за сите инструменти на Фондот со расположлив буџет во износ од милион и 680 илјади евра.
Платформа за навигација и известување во затворени простории, микропроцесорко управување на печки на пелети, изработка на интелигентни лежечки полицајци, системи за домашна автоматизација се дел од 16 – те проекти кои се избрани на првиот повик на Фондот за кофинансирани грантови на старт ап и спин оф претпријатија и иновации. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

