Контакт

Македонија

Груевски најави повисоки студентски и ученички стипендии и нови инвестиции во Полог

Објавено пред

Владата ќе ги зголеми за 10 отсто студентските и ученичките стипендии, истакна во саботата премиерот, Никола Груевски на народнито собир во Тетово кој го организираше неговата владејачка ВМРО-ДПМНЕ и најави нови инвестиции во Полошкиот регион во образованието, земјоделието, зравството и инфраструктурата.

dobivaj vesti na viber

За 10 отсто ќе бидат зголемени ученичките стипендии за најталентирани ученици, талентирани спортисти, деца без родители, деца со посебни потреби, ученици од социјални категории, од угостителско-туристичка струка и ученици кои се деца на бранители, како и студентските стипендии за студенти со висок успех на студиски програми по информатика, студенти од социјални категории, студенти со висок успех, студенти од природно-математички, техничко-технолошки, биотехнички и медицински науки и студенти кои се деца на бранители, најави премиерот Никола Груевски.

„Пред три седмици најавивме ваучери за студентите од трета и од четврта година, чии родители имаат пониски примања од просечната плата во Македонија, ваучери со кои бесплато ќе можат да си набават таблет со тастатура. Законот веќе помина во парламентот и постапката за аплицирање е започната“, појасни Груевски.

Нагласи дека неговата влада инвестира многу во образованието, во образовната инфраструктура, како ниедна претходно „Во тетовскиот регион досега имаме изградено четири сосема нови училишни сали во вредност од повеќе од два милиона евра. Имаме изградено и три нови спортски сали преку Агенцијата за спорт и млади, со инвестиција од над 1,5 милиони евра. Само во Тетово во моментот во тек е изградба на уште три нови спортски сали, две големи со трибини и една мала сала, за што ќе бидат инвестирани околу два милиона евра“, рече Груевски .

Додаде дека се изградени и седум целосно нови училишта, за што инвестиравме околу четири милиони евра. „Со повеќе од два милиона евра реконструиравме и 36 училишта во овој регион. За оваа година во Тетово планираме реконструкција на уште три училишта, и реконструкција на училиштето во Вратница за околу половина милион евра. Инвестираме и во спортот. Со околу милион евра изградивме фудбалски игралишта во Тетово, Гостивар и Теарце и повеќенаменски игралишта во Гостивар и во Јегуновце“, прецизираше челникот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски објави нови мерки во корист на земјоделците, попрецизно зголемување на рокот на важност на регистрацијата на тракторите, легализација на мотокултиватори, едноносни приколки и полуприколки и други мобилни машини кои им се неопходни на земјоделците за извршување на нивните секојдневни работи, како и намалување на цената за изготвување геодетски елаборати за обележување на шуми што е услов за добивање на одобрение за сеча на дрва за греење.

Овие мерки, како што рече премиерот, се произлезени на барање на земјоделците од директните контакти што ги остваруваат на терен. „Ќе овозможиме наместо секоја година тракторите да се регистрираат на секои шест години, а нивната техничка исправност ќе се потврдува на секои две години… Предлогот за легализација на мотокултиватори, едноносни приколки и полуприколки и други мобилни машини ќе може да го поднесат во рок од една година по донесувањето на законот со кој тоа ќе биде овозможено“, рече Груевски .

„По барање на граѓаните сопственици на приватни шуми, Катастарот во соработка со Комората на приватни геодетски фирми ја започна постапката за намалување на цената за изготвување на геодетски елаборати за обележување на шуми што е услов за добивање одобрение за сеча на дрва за греење. Сегашната цена која е 30 денари за метар должен ќе биде намалена за 50 отсто за површини до хектар, додека за површините над хектар и поголеми ќе се намали и до 70 отсто“, додад.

Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е партија чиешто раководство изминатите години, постојано е „на терен“ меѓу народот, „со цел да биде во тек со нивните проблеми, нивното мислење, нивните барања“.

„Во овој период, откако СДСМ потпомогната од странска разузнавачка служба, започна операција за наше оцрнување, преку монтирани, сечени, вадени од еден и ставани во друг контекст, и креирани телефонски разговори, таа комуникација е и засилена и почеста. Од тие контакти, од тие разговори директно на терен, по населените места, селата, домовите низ цела Македонија, произлегоа и нови идеи како да им се помогне на земјоделците“, рече Груевски и порача дека „ВМРО-ДПМНЕ го слуша гласот на народот, тоа беше и тоа ќе остане така“.

„Земјоделците се нашиот стратешки партнер кој секогаш ќе го има нашето полно внимание. За помош при купување на земјоделска механизација и за изградба на локална инфраструктура во селата инвестиравме два милиона евра. Во тетовско-гостиварскиот регион во изминатите години земјоделците добија над 30 милиони евра субвенции, односно по околу пет милиони евра годишно. И оваа година полошките земјоделци ќе добијат нови пет милиони евра за субвенции“, нагласи премиерот Груевски.

За тетовскиот регион рече дека е значајно тоа што веќе започнале активности за изградба на хидросистемот Равен – Речица, кој ќе се овозможи наводнување на нови 3.200 хектари земјоделско земјиште и вредност на инвестицијата од 19 милиони евра.

За Полошкиот регион годинава, само за субвенции за земјоделците од Полошко се издвоени повеќе од пет милиони евра. „Во тетовско-гостиварскиот регион во изминатите години земјоделците добија над 30 милиони евра субвенции, односно по околу 5 милиони евра годишно. И оваа година полошките земјоделци ќе добијат нови 5 милиони евра за субвенции“, рече Груевски и повтори дека земјоделците се нивниот стратешки партнер кој секогаш ќе го има нивното полно внимание.

Груевски најави инвестиции од 15 милиони евра во патната инфраструктура во Полошко, но потсети дека во тетовскиот регион изминатите три години се инвестирани повеќе од 11 милиони евра во делот на патната инфраструктура.

„Изградени, реконстуирани и модернизирани се над 90 километри локални и регионални патишта, а само во Тетово се инвестирани 4,5 милиони евра за реконструкција и модернизација на 30 километри локални и регионални патишта“, истакна премиерот

„Во периодот што следи, ќе продолжиме да инвестираме во подобрување на патната инфраструктура во Полог. Ќе инвестираме повеќе од два милиони евра за реконструкција и надградба на 20 километри пат, меѓу кои и надградбата на коловозот Тетово – Попова Шапка која ќе започне во мај-јуни, како и рехабилитацијата на регионалниот пат Тетово – Брвеница – Чегране – Гостивар во должина од 16,5 километри и инвестиција од два милиона евра која ќе започне летово“, посочи Груевски.

Додаде дека во текот наскоро ќе започне и втората фаза од рехабилитацијата на патната делница Тетово – Пирок – Гостивар во должина од 10 километри, а декја се работи и на реализација на инвестиции од 1 милион евра за реконструкција на два пата и автопатска клучка во Брвеница. Груевски информираше и дека во петокот започнаа и тендерските процедури за реконструкција на три пата во Гостиварско и санација на мостот на магистралниот пат Гостивар – Стража, инвестиција во висина од 1,5 милион евра.

„Откако ги завршивме градежните работи во висина од три милиона евра на делниците Гарски мост – Бошков Мост и Маврово – Дебар, летово започнуваме и со реконструкција на регионалниот пат Ново Село – Маврово – Жировница – Дебар во должина од 20 километри во вредност од 8 милиони евра. Реконструкција која ќе заврши за една година, рече премиерот во Тетово додавајќи дека тоа се проекти кои се од значење за сите жители од овој регион“, според Груевски.

Најави и новиот дијагностичко-ургентен центар наскоро ќе биде отворен во Тетово. Комплетно нов дијагностичко-ургентен центар е изграден во рамки на Клиничката болница во Тетово. Инвестиција е вредна над пет милиони евра. Објектот, рече Груевски, е комплетно готов и ќе биде пуштен во употреба веднаш по закажаниот технички прием веројатно до почетокот на летото, кој рече дека покрај тоа, во оваа јавна здравствена установа се вложени дополнителни 1,3 милиони евра за реконструкција на одделите за: хирургија, интерна медицина, хемодијализа.

Истакна дека набавена е и најсовремена медицинска опрема во вредност од пет милиони евра која опфаќа и апарат за компјутерска томографија, магнетна резонанца, ангиограф, мамограф и др., со кои значително го унапредиле квалитетот на медицинска дијагностика и третман на пациентите.

„Во Тетово успешно функционира Центарот за интервентна кардиологија, со што се прошири и се зајакна кардиолошката мрежа за третман на акутен срцев инфаркт. Континуирано се зајакнува и здравствениот кадар, и само во изминатите две години во тетовската болница и здравствениот дом се реализирани над 110 нови вработувања, од кои: 56 доктори, 35 медицински сестри, и други технички лица“, рече Груевски

Додаде дека сиве овие инвестиции придонеле Клиничката болница во Тетово да прерасне во регионален медицински центар, кон кој гравитираат околу 200.000 жители од реонот на Тетово, Теарце, Јегуновце, Брвеница, Боговиње, Желино… Во Гостивар, пак, за реконструкција на болницата се вложени околу половина милион евра, а набавена е и нова медицинска опрема во вредност над милион евра и обезбедени се нови санитетски возила за Итната медицинска помош при Здравствениот дом, рече уште премиерот.

Во здравството, рече Груевски, реализирани се крупни инвестиции во Тетово и Гостивар и успешно се спроведуваат проектите „Рурален доктор“ и „Домашна визита“ со кои се обезбедува здравствена заштита за граѓаните во помалите населени места кои порано патувале и по неколку часа за да стигнат до најблиската здравствена установа, а сега медицински тим ги посетува во самото место на живеење./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Економија

Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“

Објавено пред

Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.

dobivaj vesti na viber

„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.

„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“

Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:

„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

Прикажи повеќе...

Економија

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Објавено пред

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.

dobivaj vesti na viber

Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.

На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.

Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

Прикажи повеќе...

Економија

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.

„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.

Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.

„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ9 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија9 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија10 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија11 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија11 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион12 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија13 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија13 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет13 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет14 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа14 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет14 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет15 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа15 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион24 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија1 ден

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...