Македонија
Груевски оствари средба со претседателот на ЕБОР
Македонскиот премиер Никола Груевски, во четвртокот оствари средба со претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Сума Чакрабарти во Виена.
Како што се наведува во соопштението на владината прес служба, на средбата со претседателот на ЕБОР се разговарало за тековните проекти, вкупно 17, чија реализација во најголемиот дел тече без поголеми застои и проблеми.
Соработката со ЕБОР се одвива преку инвестиции во повеќе сфери како инвестиции во автопатиштата и останатата патна инфраструктура, втората сфера е инвестиции во железница и трето инвестиции во енергетскиот сектор, истакна Груевски.
Претседателот на ЕБОР Чакрабарти изјави дека е задоволен од соработката со македонската Влада која, како што истакна, е резултат исклучиво на реформските заложби и решеноста за инвестиции во инфраструктурни проекти.
Сметам дека да се соработува со Македонија е добро. Ако погледнеме наназад во текот на изминатиот период на соработка, ЕБОР вложил 1.4 милијарди евра во инвестиции во Македонија. Минатата година беше рекордна година каде имавме преку 250 милиони евра во инвестиции и десетина проекти во приватниот и јавниот сектор. Оваа година тоа се околу 130 до 150 милиони евра и други десетина проекти што значи дека на Македонија и оди доста добро и за тоа постои добра причина. Имено, причината е што Македонија имплементира различни реформи да ја подобри инвестиционата клима. Знаеме како помина Македонија на различните анкети и испитувања во рамки на Светската Банка кои покажуваат се подобри и подобри резултати поради што многу инвеститори вклучувајќи го и ЕБОР, сакаат да инвестираат во Македонија. Тоа се добри вести и поради тоа постои цврсто партнерство меѓу ЕБОР и Македонија, изјави Чакрабарти.
ЕБОР и Република Македонија имаат традиционална добра соработка за реализацијата на повеќе инфраструктурни проекти како што се изградбата на автопатот Демир Капија-Смоквица, како и изградба и рехабилитација на 5 регионални патни правци во вкупна должина од 90 км. Истовремено, со поддршка на ЕБОР се финансира и првата делница од изградбата на железничката инфраструктура Куманово-Бељаковце, како и почетокот на втората делница Бељаковце-Крива Паланка, како и реконструкција на железничката пруга од Коридорот 10. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Поскап бензин од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.
Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,883 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

