Контакт

Македонија

Груевски: Поволностите од проектот „Македонија вработува“ траат до 15 април

Објавено пред

Проектот „Македонија вработува“ преку кој се вработени 14.300 лица завршува на 15-ти април и сите оние коишто сакаат да ги искористат поволностите имаат уште околу месец иполовина, апелираше денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој беше во посета на општина Делчево и селата Вириче и Град, како и компанијата „Рудине“.

dobivaj vesti na viber

Како што посочи Груевски, најверојатно до завршувањето на проектот ќе се вработат уште две до три илјади лица, а сите вработувања во рамки на проектот, како што рече, ги направиле над осум илјади компании.

„Имаме една добра работа и кај компаниите и кај оние што биле без работа. Компаниите дојдоа до работници за коишто имаат многу помали трошоци, за кои не плаќаат различни давачки кои вообичаено ги плаќаат, како што се персонален данок на доход, придонеси зависно од мерките, а пак од друга страна, луѓето дојдоа полесно до вработување затоа што компаниите беа охрабрени и им беше помогнато со пониски трошоци да вработат луѓе. Тоа беше во значаен период исклучително важен и значаен проект, кој, како што реков, завршува на 15 април. Така што оние компании кои сакаат да ги искористат поволностите можат да ги искористат“, појасни Груевски.

Потсети дека заедно со проектот „Македонија вработува“ и комплементарниот проект „Вработување на млади до 29 години“ досега се вработени над 22.400 вработувања што значи, како што нагласи Груевски, дека е мошне висок бројот на вработувања за кус период.

„Мина неполна година од проектот Македонија вработува, а проектот Вработување за млади до 29 години започна во март 2014 година, и заедно овие два проекта се вработија 22.400 лица, а над 8.000 компании успеаја да си најдат работници за исклучително пониски трошоци отколку што тоа вообичаено го има во Република Македонија“, нагласи претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф/бб

Извор: Макфакс

Економија

УЈП: Инкасирани 2,3 милијарди денари или 37,4 милиони евра повеќе во буџетот споредбено со јули лани

Објавено пред

Во јули 2025 година, Управата за јавни приходи оствари значителен раст на наплатата по основ на даноци и социјални придонеси за речиси 37,4 милиони евра во споредба со јули 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Вкупната наплата од даноци (Данок на додадена вредност (ДДВ), данок на личен доход (ДЛД) и данок на добивка ДД) изнесува 14.344 милиони денари, односно приближно 233 милиони евра, што претставува рекордна месечна наплата досега.

По тој основ остварен е раст од 922 милиони денари или околу 15 милиони евра, што е раст од 6,9% во однос на јули 2024 година. Раст од 13,4% се бележи и кај социјалните придонеси, и по тој основ наплатени се 11.823 милиони денари (192,2 милиони евра), што е за 1.400 милиони денари (околу 23 милиони евра) повеќе наплатени средства од придонеси во споредба со истиот месец минатата година.

„Растот на приходите не е случаен – тој е резултат на зголемена економска активност, како и посветена работа, партнерство и доверба која Управата за јавни приходи постојано ја гради со даночните обврзници. Во изминатиот период, а во согласнст со законските надлежности, УЈП презеде низа мерки и е во постојан контакт со даночните обврзници и нивните овластени сметководители кои имаат пријавен, но ненаплатен долг за соодветниот даночен период. Целта е навремено подмирување на обврските и избегнување на блокада на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата“, велат од УЈП.

Во рамки на превентивните мерки, доставени се персонализирани пораки и известувања до обврзниците, со јасна порака за доброволно усогласување. Придобивката од овој пристап е јасна: се овозможува финансиска стабилност кај обврзниците, се избегнуваат санкции и се гради одржлива даночна историја, што директно придонесува за стабилни јавни финансии и позитивна деловна клима.

Прикажи повеќе...

Економија

Потпишани договори за 828 проекти со 225 милиони евра преку капитални инвестиции

Објавено пред

Со склучувањето на договорите за вториот повик од инструментот за капитални инвестиции, денес започнува нова фаза на големи вложувања во општините ширум Македонија, соопшти премиерот, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Вкупната вредност на проектите изнесува 13,8 милијарди денари, односно околу 225 милиони евра, а се опфатени 828 проекти во различни области. Најголем дел од средствата, над 8 милијарди денари, ќе бидат инвестирани во инфраструктурата – патишта, мостови и локални врски.

Покрај тоа, во областа на животната средина ќе се реализираат 143 проекти со вкупна вредност од над 2,4 милијарди денари, кои се однесуваат на чиста вода, канализациски системи, управување со отпад и создавање нови паркови.

Во секторот образование, преку 48 проекти, ќе се инвестираат 1,6 милијарди денари за изградба и обнова на училишта и градинки, додека има и проекти поврзани со култура, спорт и социјална политика.

„Ова е најголемата инвестициска офанзива некогаш направена за општините, без партиски филтри и фаворизирања. Секоја општина што има проект добива поддршка,“ истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека со овие инвестиции се гради еднаквост и пристап до квалитетен живот за сите граѓани, без разлика на нивната локација, и најави дека нема да се дозволи запоставување на ниту еден регион.

Со склучените договори и веќе започнатите проекти, Мицкоски ја опиша оваа иницијатива како конкретен чекор кон подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот во Македонија, која според него од хартија преминува во реалност.

Прикажи повеќе...

Економија

Побрз живот – побрзи навики, и времето е пари

Објавено пред

Живееме побрзо отколку што се живеело порано. На работа, дома, на улица, на интернет – сè се случува побрзо во споредба со минатото. Ова не е само паушална претпоставка изведена од нашите лични искуства, и науката докажува дека темпото на живот е забрзано. Постојат голем број студии и истражувања според кои модерниот начин на живот е подинамичен за разлика од пред 20 или 30 години. Некои од истражувањата се базираат на социолошки критериуми, додека, пак, други на технолошкиот развој. Едно од најзанимливите истражувања е она на професорот Ричард Вајсмен (Richard Wiseman) кој ја мерел брзината со која се движат пешаците во големите градови. Тој утврдил дека за 16 години, брзината, во просек, се зголемила за 10 отсто, односно луѓето сѐ повеќе брзаат кога се движат по градските тротоари.

dobivaj vesti na viber

Тргнете од сопствената практика и ќе утврдите дека од вас се очекува да направите повеќе работи во текот на денот во споредба со порано. Секојдневието е исполнето со обврски, рокови, мобилни нотификации и постојана трка со времето. Технологијата ни го олесни животот, но, истовремено, создаде нова динамика каде што сите очекуваат брза реакција, за само неколку минути. Во вакви услови, времето стана скапоцен ресурс затоа што, едноставно, имаме чувство дека сè помалку го има. Да, денот трае 1.440 минути, исто колку и пред сто години, но денес многу повеќе се цени можноста да завршите работа или да добиете услуга за неколку минути за да ви остане повеќе време за себе и за вашите најблиски.

Во услови кога изреката „и времето е пари“ станува сè порелевантна, на сите ни е важно да можеме само со неколку клика на мобилниот телефон да извадиме документ, да нарачаме храна, да резервираме одмор, да земеме брзи кредити.

Секако, кога се живее брзо, еден од највредните ресурси е брзиот пристап до пари. Credissimo има систем за одобрување кредити приспособен на брзото темпо на живот и обезбедува пари навреме за сите потреби, предизвици и желби на своите клиенти. Ќе доловиме само неколку ситуации кога е важно да имате брз и сигурен пристап до пари, со поволни услови за враќање.

  • На интернет начекувате LAST MINUTE понуда за некоја атрактивна летна дестинација, но дел од сумата треба да се уплати во наредните 24 часа. Тоа е трошок што не сте го планирале, а би било супер да може да добиете позајмица уште истиот ден.
  • Имате идеја за сопствен бизнис, но ви недостасуваат неколку илјади евра за да започнете со работа. Не сакате да губите време со долги банкарски процедури, бидејќи имате чувство дека треба да почнете веднаш.
  • Ви се расипа автомобилот баш во сезона на летни одмори. Поправката не чини многу, но семејниот буџет е планиран за летување на море.
  • Во некоја од соседните земји концерт најавува вашиот омилен бенд. Ви требаат пари за карти за концертот, за превоз, за сместување, храна и други трошоци. Правите пресметка дека сето тоа чини околу 400 евра, но во моментот немате толку средства на располагање.

Во вакви ситуации, времето е клучен фактор. Традиционалните начини на финансирање бараат долги процедури, документација и чекање. Затоа брзите кредити станаа составен дел од финансиската реалност на многу луѓе. Тоа не е случајно. Тие се приспособени токму на потребите на модерниот човек – брзина, едноставност и достапност.

Аплицирањето за брзи кредити во Credissimo е целосно онлајн, а постапката за одобрување трае само неколку минути, по што парите веднаш се достапни на вашата сметка. Притоа, нивните основни карактеристики се:

  • Достапни 24/7 – идеални кога ви треба брз пристап до пари
  • Транспарентни – со јасно дефинирани услови и трошоци
  • Флексибилни – со можност за избор на износ и рок на отплата според вашите можности

Како дополнителна поволност, сè уште е во тек понудата за тримесечни кредити со 0 % камата, со која враќате точно онолку колку што сте позајмиле, без никакви дополнителни трошоци.

Брзиот начин на живот не мора да значи дека сте принудени да живеете под постојан финансиски притисок. Со внимателно користење на модерните финансиски алатки, како што се брзите кредити, може да имате повеќе контрола врз сопствениот буџет, повеќе слобода во носењето одлуки и можеби, најважно, повеќе мир и слободно време во секојдневието.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Обвинителство: Детално ќе ги испитаме наводите за нелегално прислушување

Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите, велат од Јавното обвинителство. Од таму додаваат дека Обвинителството единствено...

Македонија3 часа

Напаѓачот на Арсовска доби казна од две години затвор

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која напаѓачот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, е осуден на две години...

Македонија4 часа

(Видео) Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес одговори на прашањето во врска со наводите за следење на премиерот и други функционери,...

Македонија4 часа

Пенов и Пановски главни адути за локалните избори во Скопје од ЛДП

Поранешниот градоначаник на Скопје, Ристо Пенов, и актуелниот советник во Град Скопје од ЛДП и епидемиолог, Никола Пановски, се главни...

Македонија5 часа

Мицкоски за прислушувањето: Нема да има селективна правда, ќе има одговорност и правна разрешница

Нашата определба за партнерство и транспарентност е тесно поврзана со европската иднина на државата. Процесот на приближување кон Европската Унија...

Топ5 часа

(Вознемирувачко) Малолетнички тепале девојче во Чаир, го снимиле нападот и го објавиле на социјалните мрежи

На социјалните мрежи е објавено видео со вознемирувачка содржина на кое се гледа како малолетнички тепаат друго девојче. Од МВР...

Македонија5 часа

Студентите може да добијат повеќе пари за субвенциониран оброк, но в година тоа ќе зависи од буџетот на државата, вели Јаневска

Зголемување на сумата од 140 денари што сега ја добиваат студентите за оброк може да има, но не оваа, туку...

Македонија5 часа

Ексдиректорот на АНБ тврди: Мицкоски не бил прислушуван

Христијан Мицкоски во периодот од 2019 до 2024 година како лидер на тогашна опозициска партија не бил предмет на посебен...

Македонија7 часа

Два активни пожара на територијата на Македонија, три под контрола

Во изминатото деноноќие, до 08:00 часот утрово, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од...

Македонија7 часа

„И официјално потврдено: Мицкоски и новинари биле следени, СДС на Филипче направил груб упад на системот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Мора да се стави крај на злоупотреба на безбедносните служби и да има одговорност за следењето на јавни личности, на...

Свет8 часа

Мадуро: Поради Америка, се соочуваме со закана каква што не сме виделе 100 години

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ги обвини САД дека го загрозуваат суверенитетот на неговата земја со распоредување воени бродови во...

Свет9 часа

(Видео) Путин и Шји во Пекинг: „Нашите односи се на невидено ниво“

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг и неговиот руски колега Владимир Путин почнаа билатерални разговори во Пекинг пред големата воена парада во...

Свет10 часа

Ненадејно лизгање на земјиштето во Судан, повеќе од илјада мртви

Најмалку илјада луѓе загинаа во катастрофално лизгање на земјиштето во оддалечените планини Мара во западен Судан, соопшти бунтовничката група Суданско...

Свет10 часа

Белгија: Ќе ја признаеме Палестина, разгледуваме санкции против Израел

Белгија ќе признае палестинска држава на Генералното собрание на ОН, изјави министерот за надворешни работи, Максим Прево, зголемувајќи го меѓународниот...

Свет10 часа

(Фото) Виетнам слави: делат пари, ослободуваат затвореници, организирана голема парада

Виетнам ја одбележа 80-годишнината од својата независност од колонијалната власт со најголемата воена парада во последните децении, масовна парична помош...

Регион19 часа

Кремљ негира вмешаност во инцидентот со ГПС со авионот на Урсула фон дер Лајен во Бугарија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли тврдењата дека Русија се мешала во услугата на Глобалниот систем за позиционирање (ГПС)...

Македонија20 часа

Мицкоски: АР и АНБ ги користеле државните ресурси и ме прислушкувале, мислејќи дека на тој начин ќе добијат предност кај нивните налогодавци

Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање посочи дека во минатото Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ги...

Македонија23 часа

(Видео) Родителите од Демир Хисар на протест побараа бесплатен превоз за учениците: „Нема да престанеме да се бориме“

На првиот училиштен ден,  на патниот правец Демир Хисар – Битола, кај местото Мраморица, се одржа мирен протест со блокада...

Македонија24 часа

Николоски: Доста е од злоупотреби на тајните служби, процесуирање на одговорните е предуслов за демократијата во Македонија

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, повика Обвинителството да отвори истрага и да ги процесуира...

Македонија1 ден

Муцунски: Благодарение на СДС и ДУИ преговорите со ЕУ не може да бидат блокирани затоа што никогаш и не почнаа

Денес Венко Филипче повторно зборуваше за преговорите со ЕУ, како тие да се блокирани. Но вистината е тажна и едноставна...