Македонија
Груевски прими бизнис делегација од ОАЕ
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, во вторникот во Скопје оствари средба со бизнис делегација од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, во вторникот во Скопје оствари средба со бизнис делегација од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Средбата се одржа по скорешната посета на претседателот Груевски на ОАЕ каде оствари средба со престолонаследникот Шеик Мохамед Бин Зајед Ал Нахјан, соопшти во средата владината прес служба.
Во разговорите бил ставен посебен акцент на интересот за продолжување на економската соработка, зголемување на надворешно трговската размена и соработката на полето на инвестициите, при што беше договорено дека ќе се испрати бизнис делегација која треба да ги утврди бизнис можностите и поволностите кои ги нуди Република Македонија.
Делегацијата ќе престојува во Македонија два дена при што нивниот интерес се повеќе проекти и можности за соработка во делот на туризмот, енергетиката, земјоделието, инфраструктурата и повеќе други области.
Груевски во текот на денешниот ден оствари и средба со еден од основачите на организацијата Македонија 2025, стопанственикот и менаџер, Мајк Зафировски. На средбата се разговараше за теми од економијата, инвестициите и поддршка и јакнење на капацитетите во образованието. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
(Видео) СДСМ предлага зголемување на платите на полицајците за 20 отсто
СДСМ предлага 20 отсто зголемување на платите на полицајците. Ексминистерот на МВР и пратеник, Оливер Спасовски, го оцени предлог-буџетот за 2025 година како погубен, посочувајќи дека тоа ќе значи уште една загубена година за економијата, за граѓаните и за полицајците.
Вели дека за полицијата да биде вистински сервис во едно демократско општество, мора да има и мотивирани полицајци, а таа цел со овој амандман целосно се исполнува.
„Полицајците се клучна алка за безбедност и сигурност на граѓаните, чувари на редот и мирот. Тие се секогаш во првите редови подготвени да го ризикуваат својот живот за државата и за сите граѓани. Во изминатите години СДСМ силно инвестираше и во подобрување на животниот стандард на граѓаните и на модернизација и подобрување на условите за работа“, рече Спасовски.
Покрај платите, СДСМ има амандман и за набавка на нови современи технички средства. Опозициската партија бара пренамена на пари за 4 нови командни центри. Поднесен е амандман и за 30 специјализирани дронови за работа на полициските сили, за набавка на 300 напредни комуникациски уреди како и 50 уреди за мерење на издувните гасови на возилата.
СДСМ поднесе над 200 амандмани на Буџетот за идната година.
Економија
Сиљановска-Давкова пред претседателот на Азербејџан ги претстави инвестициските можности
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев. На средбата присуствуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше оценето дека тие се пријателски и во таа насока беше изразена посветеност за интензивирање и продлабочување на односите во културата, туризмот, образованието и други области од заемен интерес.
Давкова го истакна интересот од македонска страна за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји, особено во областа на енергетиката, имајќи го предвид нашиот интерес за диверзификација на изворите на снабдување со енергија.
Соговорниците се согласија дека треба да се продлабочат економските односи со конкретни билатерални договори, при што изразија задоволство од Меморандумот за разбирање меѓу македонски и азербејџански енергетски компании којшто се потпиша во Скопје со цел зајакнување на македонската енергетска стабилност.
На средбата претседателката ги претстави и инвестициските можности што ги нуди нашата држава. Од страна на претседателот Алијев беше изразена подготвеност за можни инфраструктурни проекти поврзани со гасификацијата на нашата држава.
На средбата претседателката Сиљановска Давкова упати честитки за одличната организација на самитот и благодарност за гостопримството.
Економија
СДСМ со амандмани на буџетот: 20 oтсто повисоки плати за МВР, образованието, здравството, прожарникарите
Опозициската СДСМ смета дека поднесениот Буџет за 2025 година е неразвоен и недомаќински.
Од партијата утрово потсетуваат дека поднесoa повеќе од 200 амандмани, предлагајќи зголемување на платите во полицијата за 20 отсто, во образованието, здравството, јавниот сектор, пожарникарите.
„Тоа значи повеќе пари во џебот на граѓаните, подобар животен стандард, мотивацијата на работниците а ќе овозможи и поквалитетни услуги. Браме поддршка за нивно усвојување од сите пратеници, бидејќи тие се во интерес на сите граѓани“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, нивните амандмани се конкретен план за Македонија којашто, како што велат, се грижи за своите граѓани, за нивните приходи и за нивниот животен стандард.