Македонија
Иселеник од Австралија инвестира во битолско Кравари
Повратникот од Австралија Горданчо Мирчевски инвестираше во фабрика за производство на компиров чипс во битослкот село Кравари која во саботата беше пуштена во работа во присуство на премиерот Никола Груевски.
„ Инвестицијата на нашиот сограѓанин Горданчо Мирчевски во родниот крај е типичен пример за голем број Македонци кои ниту далечината, ниту времето, ниту, пак,. стандардите на високо развиените земји не ги одделија од својата татковина. Македонија во своето поблиско и подалечно минато беше изложена на голем одлив на население. Многумина заминаа, но никогаш не заборавија на Македонија. Секогаш кога може македонската дијаспора помага во секоја смисла на зборот. За жал, многу наши луѓето кои во минатото сакаа своето занење и својот тешко заработен капитал да го вложат во својата татковина беа соочени со бројни потешкотии и недоразбирања. Сепак оваа Влада ја промени таквата слика и повеќе години наназад ние интензивно работиме на зацврстувањето на релациите со македонската дијаспора и нејзино анимирање за вклучување во актуелните општествени политички реформски и бизнис процеси во Македонија“, рече Груевски.
Потсети дека кај македонските иселеници има многу искуство и потенцијал, знаење и умешност, коишто можат да придонесат за напредок на нивната таковина во секој поглед и посебно во делот на бизнис и економската соработка.
„Ваквото поттикнување во изминатите години придонесе многу луѓе од дијаспората да се вклучат во разни сегменти од нашето општество. Фабриката која денес ја отвораме е уште еден од позитивните примери во оваа насока. Инвестицијата се проценува на околу три милиона евра, а во неколку години планирано е да се вработат околу 100 лица. Она што е од особено значење е тоа што ова ќе биде прво македонско производство на чипс од свеж компир и ќе значи голем број индиректни работни места, соработка со повеќе домашни фирми и откуп на поголеми количини компир од македонските производители. Севкупно ова е одличен пример кој верувам дека ќе придонесе и многу други Македонци да најдат свој интерес за инвестирање во Македонија“, истакна премиерот Груевски.
Рече дека Македонија и натаму останува лидер во регионот и една од најдобрите држави во Европа по условите за правење бизнис.
„Таквиот статус од година в година е сé подобар и подобар, и ние и натаму се трудиме да го подобруваме. Нашите политики за македонската дијаспора се општо познати и ние и понатаму ќе се залагаме Македонците од дијапосрата да имаат што поголемо влијание и што посилни релации со својата татковина. Еден од многуте примери за позитивните ефекти од таквите политики е и оваа фабрика која денеска ја отворивме“, рече Груевски.
Министерот за странски инвестиции Бил Павлевски се осврна на фактот дека оваа фабрика особено ќе биде интересна за земјоделците производители на компир од коишто ќе се врши непосреден откуп на суровината потребна за производство на чипс од свеж компир.
„Отворањето на фабриката за чипс ќе значи заживување и економски просперитет не само за жителите на селото Кравари, туку и за околните рурални средини во битолскиот регион и намалување на стапката на невработеност преку директни и индиректни вработувања“, рече Павлевски.
Инвеститорот на новата фабрика Мирчевски ѝ се заблагодари на Владата за охрабрувањето својата бизнис идеја да ја претвори во дело.
„За да се вратиме од Австралија и да инвестираме во Македонија бевме поттикнати од добрите мерки на Владата и нивниот добар однос кон инвеститорите. Лично им се заблагодарувам на премиерот и на неговата администрација за поддршката во реализацијата на овој проект. Иако оваа инвестиција не е голема сепак вие ни давате поддршка и во текот на реализацијата на овој проект наидовме на разбирање и заемно почитување со што во голема мера ни ја олеснивте нашата работа. Ние тука ќе произведуваме чипс кој засега во Македонија се обезбедува само од увоз, а Македонија е голем производител на компири. Нашата намера е со производствената линија да обезбедиме преработка на пет илјади тони компири. Нашиот чипс во прво време ќе се продава на пазарот во Македонија, а потоа и да го извезувме и на пазарите во Европа но и во Австралија каде што нашинците го очекуваат овој македонски приоизвод со нетрпение“, рече Мирчевски./крај/мф/аш
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

