Македонија
Ивановски: Македонија бележи континуиран раст во ИКТ сферата што овозможува нови работни места
Информациско-комуникациската технологија (ИКТ) во македонија во последните години бележи нотинуиран раст, а расте и нејзиниот удел во вкупната национална економија.
Ова го истакна Министерстот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски во средата на јавната расправа посветена на Предлог националната краткорочна ИКТ стратегија за перидот 2016 – 2017 година и нејзиниот акционен план, на која учество зедоа претставници на јавниот, приватниот и академскиот сектор во земјата.
„Вкупната вредност на македонскиот ИКТ пазар во 2013 година изнесуваше околу 450 милиони евра, од кои само за пазарната вредност беа пресметани 100 милиони евра, што значи дека од софтвер беа остварени 20 милиони евра. Сегментите на ИТ пазарот го имаа следниот удел на пазарот: 62 отсто хардвер, 25,6 проценти ИТ услуги и 13 отсто спакуван софтвер,“ рече Ивановски.
Тој напомена дека на крајот на 2013 година, во ИКТ секторот има 1.446 активни претпријатија, каде работат 16.205 вработени или 2,4 отсто од вкупната вработена работна сила, кои придонеле со 4,1 проценти од вкупната додадена вредност во земјата или 288,3 евра.
„Во 2013 година, овој сектор извезол телекомуникациски, компјутерски и информатички услуги во вредност од 120 милиони евра, што претставува 13 отсто раст во споредба со 2012 година. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен август 2014 година, изнесува 564 евра. ИТ секторот на крајот на 2013 година, се состои од 539 активни компании, од кои 88 отсто микро и 11 проценти мали претпријатија, што претставува раст од 30% споредено со 2010 година. Овие компании вработиле 2.586 работници во 2013 година, што претставува пораст од 138 отсто во однос на 2010 година и придонесува со бруто додадена вредност од 33,13 милиони евра во 2011 година, што претставува зголемување од 48 отсто во споредба со 2009 година“, информираше Ивановски.
Целта на стратегијата е зголемување на придонесот на ИКТ индустријата во насока на одржлив економски развој и поддршка на создавање на работни места во рамките на ИКТ и други поддржани индустрии. Таа го опфаќа периодот до 2017 година и претставува прв чекор кон создавање на долгорочна стратегија.
Главната цел на овој документ е да ги презентира мерките чија цел е да се зголеми придонесот на ИКТ индустријата во насока на одржлив економски развој и за поддршка на создавање на работни места во рамките на ИКТ и други поддржани индустрии, со фокусирање на следните четири области: обезбедување на поддршка на бизнисот за ИКТ компании, создавање на ИКТ општество, промовирање на јавно-приватен дијалог и подобрување./крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

