Македонија
Јанакиевски: Во инфраструктурата се инвестираат 1,3 млрд евра
Околу една милјарда и 300 милиони евра е вкупната инвестиција за патната и железничката инфраструктура што во истовреме се реализира во Македонија.
Ова го изјави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески во интервју за Прес24, објавено во средата.
Тој појасни дека 500 милиони евра е вредна инвестицијата во железницата која треба да направи нова модерна железничка инфстаруктутра, а околу 800 милиона евра е инвестицијата за само трите автопатски делници кои заеднички излесуваат 312 километри и како никогаш порано во Македонија се градат во истовреме.
Ресорниот министер вели дека овие проекти ќе значат засилен развој на макдонската економија.
„Со оглед дека новите возови ќе бидат направени согласно техничките стандарди за интероперабилност на Европската Унија, значително ќе го подигнеме квалитетот на превоз за овој вид на сообраќај и на граѓаните ќе им понудиме европски услови за патување. Со ова, конечно ќе ја смениме сликата на Железницата, од претходната со стари и дотраени возови’, вели Јанакиески акцентирајќи ја потребата од инвестции во железницата.
Зошто во Македонија 20 години не се инвестирало волку во патната и железничката инфраструктура е прашање за претходните влади, вели за Прес24, Јанакиески. Тој е дециден дека никој не треба да има сомнеж дека сите овие почнати проекти ќе бидар реализирани.
„Нема сомнеж дека сите започнати проекти ќе бидат завршени, затоа што ние не започнуваме ниту еден проект без претходно да ги изготвиме потребните студии и анализи и секако, не ги започнуваме без да ги обезбедиме потребните средства за нивна конечна реализација. Она што можам да го кажам во моментот е дека капиталните проекти чија реализација е во тек се одвиваат со добра динамика и според предвидениот календар на активности“, вели министерот за транспорт и врски во интервјуто за Прес24.
Со заокружување на делницата Кичево-Гостивар, Македонија ќе добие автопатско поврзување на западно јужниот дел од државата. Со релизација на делницата Демир Капија-Смоквица целата магистрала југ-север ќе биде автопатско поврзана, а по изградбата на автопатот Штип-Скопје, ќе продолжи и реализација на проект за поврзување на источниот дел од државата со експресен пат.
„На почетокот на следната година треба да ја имаме готова и проектната документација за проширување и реконструкција на ниво на експресен пат од Штип до Кочани. Планираме да го рехабилитираме и регионалниот пат од Кочани преку Македонска Каменица до Делчево, за овој дел сме во фаза на проектирање“, вели Јанакиески во интервјуто.
Министерот за транспорт е задоволен од проектот за субвенционирање на ниско буџетните авио компании, за кои вели дека нема да имаат какви било последици и по изборот на нацвионален авио превозник, за кој Јанакиевски потенцира дека ќе има фер-игра, без фаворизирање на ниту една авиокомпанија.
„Нема никакви интерференци помеѓу воспоставувањето на национален авиопревозник и субвенционирањето на нискотарифните превозници. Нискотарифните превозници нудат доста поволни цени за патување во воздушниот сообраќај и тоа е една голема поволност за граѓаните, токму затоа е и владината стимулација во овој дел. Пазарот во Република Македонија во оваа сфера е либерален и успешноста во работењето на секој оператор зависи од начинот на кој се менаџираат потребите на македонските патници и интересот за различните дестинации,“ вели Јанакиевски.
Меѓу останатите проекти кои се предмет на реализација на министерството за транспорт и врски, а за кои Јанакиески одговора на прашањата на Прес24, е и законот за домување. Досега се издадени 43 лиценци за фирми кои одржуваат станбени објекти.
„Важно е да се напомене дека континуирано се следи работењето на овие фирми и до сега се поведени постапки за одземање на лиценцата на 10 од нив, од кои 8 се веќе правосилни, а за 2 се водат управен спор. Сите граѓани кои користат услуги од лиценцираните управители, за секое евентуално незадоволство од добиената услуга можат да се обратат до надлежната Регулаторна комисија, затоа што целта на овој закон е овозможување на прописно одржување на зедничките делови од зградите и доколку се констатира дека некоја компанија не се придржува до законските одредби, може да биде предмет на проверка со цел да се преиспита добивањето на соодветната лиценца“, вели Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски во интервју за Прес24. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Од полноќ поскап бензин, цената на дизелот останува иста
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13% во однос на одлуката од 27.2.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,977%, кај дизелот за 0,464%, кај екстра лесното масло за 0,370% и кај мазутот зголемувањето е за 3,965%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1035%.
Од 3.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 35,542 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,022 ден/кг и сега ќе изнесува 35,542 ден/кг.
Економија
ТИТАН Усје: Работиме согласно сите закони, емисиите се мерат 24 часа со независен мониторинг – нема надминувања на лимитите
ТИТАН Усје соопшти дека повеќе од 70 години работи како одговорна компанија во земјата, придонесувајќи за националниот развој, локалната економија и снабдувањето со основни материјали за клучни инфраструктурни објекти, меѓу кои болници, брани, патна и јавна инфраструктура.
Од компанијата наведуваат дека грижата за животната средина е нивна основна вредност и дека ја следат јавната дебата поврзана со квалитетот на воздухот и заштитата на животната средина, давајќи, како што велат, транспарентен придонес кон решавање на овие прашања.
„Работиме целосно во согласност со сите важечки закони, подзаконски акти и барањата на нашата А – Интегрирана еколошка дозвола – честопати применувајќи внатрешни стандарди кои се и построги од законските обврски. Нашите емисии континуирано се мерат преку 24-часовен независен мониторинг, со податоци јавно достапни и редовно доставувани до надлежните органи и до медиумите. Редовните и ненајавените инспекции од страна на надлежните тела не констатираат никакви надминувања на законските лимити“, велат од ТИТАН Усје.
Како членка на Групацијата ТИТАН, компанијата информира дека ги следи меѓународно признатите практики и ESG стандарди, со долгорочна посветеност на заштитата на животната средина, вклучувањето на заедницата и современото корпоративно управување.
Во изминатите 15 години, ТИТАН Усје инвестирала повеќе од 29 милиони евра во одржливо производство и еколошки технологии, а дополнителни три милиони евра се планирани до 2029 година.
Од компанијата посочуваат дека нивни приоритети остануваат партнерствата, благосостојбата на вработените и континуираната поддршка на заедницата.
Економија
Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка
Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење засилена автентикација на клиентите при извршувањето онлајн плаќања со платежни картички. Засилената автентикација има за цел да обезбеди заштита на паричните средства на граѓаните и на компаниите кај банките преку дополнителни сигурносни проверки на идентитетот на лицето при извршувањето на плаќањата без физичко присуство.
Имајќи предвид дека граѓаните и компаниите имаат сѐ поголема потреба за извршување секојдневни онлајн купопродажби, а со тоа и плаќања преку интернет, заради нивната брзина и практичност, се зголемува и потребата од повисоко ниво на безбедност. Дигиталните напади и обидите за злоупотреба на податоците од картичките стануваат сѐ почести, па затоа се воведува дополнителна проверка на идентитетот на лицето кое го врши плаќањето, велат од Народната банка.
Засилената автентикација му овозможува на клиентот на банката, при плаќање на интернет, покрај внесувањето на податоците од картичката, да даде дополнителна потврда за трансакцијата преку официјална апликација на банката, којашто се инсталира на мобилен телефон и му овозможува безбедно да ги следи своите сметки и да одобрува плаќања. Наместо досегашната потврда со СМС-код, клиентот ќе добие известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобри трансакцијата. Потврдата се врши со ПИН за апликацијата, отпечаток од прст или препознавање на лице. Без оваа потврда, плаќањето нема да може да се изврши, дури и ако некој ги има податоците од картичката.
Засилената автентикација како законска обврска за давателите на платежни услуги произлегува од Законот за платежни услуги и платни системи. Таа се воведува постепено во земјава и веќе е во примена при извршувањето онлајн увид во платежните сметки од страна на клиентите, како и при извршувањето плаќања со платежни картички на физичките продажни места или со платни налози преку електронското или мобилното банкарство. Со примената на засилената автентикација и при извршувањето на плаќањата преку интернет, од 1 март 2026 година, се заокружува процесот на усогласување со правилата и стандардите што се применуваат во Европската Унија за безбедно извршување онлајн плаќања.
Со оваа промена се зајакнува довербата во дигиталните плаќања и се унапредува заштитата на корисниците, се додава во соопштението на Народната банка.

