Македонија
Ќе се вработат уште 30 деца без родители
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, кој во вторник беше во посета на СОС Детското село, најави вработување на уште 30 деца без родители и родителска грижа преку програмата Д10 која трае до 4 март.
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, кој во вторник беше во посета на СОС Детското село, најави вработување на уште 30 деца без родители и родителска грижа преку програмата Д10 која трае до 4 март.
„Сите оние кои што се заинтересирани и кои што немаат редовно работно место можат да аплицираат, а биле деца без родители и родителска грижа до 18 години и се во оваа категорија на лица. Исто така би сакал да потенцирам дека оваа програма се реализира од 2013 година и замислата е системски да се реши проблемот за вработување на децата без родители и родителска грижа“, рече Спасов.
Појасни дека до сега се вработени 83 деца без родители и родителска грижа, а во тек е постапка во завршна фаза, за вработување на 30 деца и ова е новиот оглас кој што е објавен и кој што трае до 4 март.
Од 2013 година, со завршување и на овој оглас ќе се вработат 143 деца без родители и родителска грижа во јавната и државната администрација. Министерот посочи дека ова е успешен показател и едно системско решение со кое практично се покажува дека со државна помош може да се создаде сигурна иднина, за овие деца и ќе имаат можност да обезбедат редовно работно место и редовни приходи и практично да застанат на здрава основа и да продолжат во иднина да се реализираат себеси.
„И понатаму како Влада ќе продолжиме со директна и непосредна грижа за оваа категорија на деца, за децата без родители и родителска грижа впрочем како тоа што го правиме изминатиов период и ќе продолжи интензивната соработка со СОС Детското село”, потенцира Спасов.
За вработувања за реализација на последниот оглас се издвоени 5.250.000 денари, а вкупно досега се издвоени над 34.000.000 денари за реализација на вкупно 143 вработувања на деца без родители и родителска грижа./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
НБРМ: Годишен раст од 10,1 отсто на вкупните депозити и од 13,0 проценти на вкупната кредитна поддршка
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 10,1%, во поголем дел поради растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор, соопшти НБРМ.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 13,0%, како резултат на растот на кредитите кај двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2025/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2025_dekemvri_mk.pdf
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

