Македонија
Климовски: Економските политиките на Владата се најпозитивниот елемент во функционирањето
Економските политики на Владата се најпозитивниот елемент од функционирањето на оваа власт изминатава година, но и годините откако е дојдена на власта, вели универзитетскиот професор, Саво Климовски во новогодишното интервју за Прес24.
Според Климовски, премиерот Никола Груевски направил историски исчекор кон функционалноста на македонската економија и дека сега е дојдено време за темелна ревизија на уставно политичкиот стсем на државата за успешна реализација на оваа политика.
„Лично мислам дека оваа Влада на чело со премиерот Груевски направи многу позитивни чекори на економски план. Го доврши процесот на пренесување на економската политика, и макро и финансова, и во секој поглед од линијата на државно самуправната економија, со сите процеси и потреси што ги носи таквата економија, на линијата, или како што велиме на колосекот, на либералната економска практика. И во таа смилсла тоа е многу тешко да се направи, но оваа Влада го доврши“, вели Климовски.
Негова процена е дека на Македонија и’ е потребна во моментов целосна, а не парцијална промена на Уставот и политичко-економскиот систем за да продолжи економското етаблирање на државата. Климовски смета дека постојната рамка на функционирање станува претесна за една ваква економија.
„Рамката веќе претставува пречка за да може премиерот сите тие политики да ги остварува. И сега е потребно да се оди кон коренито напуштање на многу одредби кои што го попречуваат ефективното реализирање на овие мерки. Јас мислам дека ако оваа Влада сака да биде успешна на економски план треба да го отвори процесот на целосна ревизија на уставниот и политичкиот систем. Само на тој начин во наредните, барем дваесетина години, ќе создаде една можна рамка за да ги реализира економските политики“, вели Климовски во интервјуто за Прес24.
Според него отварањето на тој процес мора да го дефинира и функционалноста на државата како граѓанска, наместо практиката која се наметнува како етничко-партиска.
„Ние мораме членот 2 од Уставот којшто се однесува на граѓанинот да го расчистиме. Дали сме граѓанска држава? Или сме мултиетничка држава? Ние сме мултиетничко општество, но не сме мултиетничка држава. И треба да тргнеме од тој основен проблем и понатаму да ги градиме институциите“, порачува Климовски./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

