Македонија
Компанијата AEG Industrial Engineering Aktiengesellschaft сака да инвестира во Македонија
Германската компанија AEG Industrial Engineering Aktiengesellschaft ги разгледува можностите да инвестира во енергетските проекти во Република Македонија.
По тој повод, владина делегација предводена од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, оствари работна средба со делегација од AEG Industrial Engineering Aktiengesellschaft од Сојузна Република Германија, предводена од извршниот директор Хајнрих Отерпол.
Причина за средбата е одлуката на AEG Industrial Engineering Aktiengesellschaft, донесена пред три недели, за влез на македонскиот пазар и за основање на претставништво во Република Македонија.
Вицепремиерот Пешевски ги запозна членовите на делегацијата со реформите кои Република Македонија ги спроведува во сферата на деловната клима, бизнис опкружувањето и даночната политика, како и со стратешките енергетски инвестициски проекти во државата. Вицепремиерот Пешевски истакна дека за Република Македонија е од особено значење што една компанија од толкави размери, со 128 годишна успешна историја во работењето, ќе биде присутна на македонскиот пазар и што пројавува интерес да инвестира во Република Македонија, со што ќе придонесе за развојот на македонската економија.
Извршниот директор на компанијата Отелул изјави дека Република Македонија, како земја која е во срцето на Балканот, ја гледа како главен енергетски центар за регионот. Тој дополни дека е многу задоволен со можностите за инвестирање во Република Македонија и токму поради тоа компанијата ги разгледува можностите да инвестира во енергетските проекти во Република Македонија.
AEG Industrial Engineering Aktiengesellschaft е компанија специјализирана за производство на извори за електрична енергија, компоненти за енергетско управување, контрола и дистрибуција на електрична енергија, како и за производство на други механички и електронски апарати и делови за автомобилскиот, железничкиот и бродскиот транспорт.
Оваа компанија е дел од групацијата AEG (Allgemeine Elektrizitäts-Gesellschaft ), која започна со работа во 1887 година во Берлин и се смета дека таму се поставени темелите на индустрискиот дизајн. Оваа групација во 2004 година е инкорпорирана во групацијата Електролукс.
Компанијата е во повеќедневна посета во Република Македонија и за време на престојот остварени се и повеќе други средби со претставници од државни претпријатија. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

