Македонија
Конкуренцијата приоритет во 2015 година
Стопанската комора на Македонија, во среда, одбележа 93-години од основањето со иницијатива за прогласување на 2015 за година на конкуретноста во Македонија и во земјите – членки на Асоцијацијата на балканските комори.
Според нејзиниот претседател Бранко Азески, за развој на конкуренцијата најпрво треба да се има развиена инфраструктура, а за таа цел, Стопанската комора во мај организира конференција што ќе се одржи во Охрид, каде се најавени повеќе од 200 учесници, кои ќе разговараат за развој на железничкиот транспорт.
„Без реформи на пазарот на трудот не ме да се реши проблемот со невработеноста во земјите од регионот“, рече претседателот на Унијата на индустриски комори и стокови берзи на Турција, Рифат Хисарчиклиоглу.
Тој смета дека како регион имаме потенцијал, но треба квалификувана работна сила, стручно образовани кадри, простап до финансиски средства, се во насока на равој на конкурентноста.
„Покрај инвестиции во инфраструктурата, треба да се поработи на логистиката, а потребни се и структурни реформи, кои ќе доведат до макроекономска стабилност“, рече Хисарчиклиоглу.
Според министерот за финансии и вицепремиер, Зоран Ставрески, Македонија, заедно со Турција, Ирска и уште неколку други земји успешно се справува со економските предизвици. „Има стапка на раст од близу 4 отсто, а може годинава да се стигне и до 4 или 4,5 отсто, ако се оди како што е планирано“.
Владата прифати 2015 година да биде прогласена за година на конкурнцијата, а тоа може да се одвива и подолг период, но за тоа се потребни посебни мерки и финансии, со цел нејзино зајакнување.
Ставрески најави подобрување на железничкиот транспорт кон Бугарија и кон Албанија, за што се разговара со Европската банка за обнова и развој, од каде би се обезбедиле средства.
Договор за формирање Комитет за соработка меѓу Турција и македонија потпишаа претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и претседателот на Унијата на индустриски комори и стокови берзи на Турција, Рифат Хисарчиклиоглу.
Целта на Комитетот ќе биде поблиска економска соработка, планирање учество на саеми, привлекување инвестиции од двете земји и друи економнски активности, со цел подобрување на конкурентноста.
Во чест на годишнината од основањето Стопанската комора додели награди за најголеми инвестиции во нови капацитети на ФЕНИ, Групацијата „СОЛ“ Италија и рудници „САСА“.
За долгогодишна коморска активност наградени беа Доне Танески, претседател на „Македонија Турист“, Страшо Милковски од „Гранит“ и Министерството за финансии./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
НБРМ: Годишен раст од 10,1 отсто на вкупните депозити и од 13,0 проценти на вкупната кредитна поддршка
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 10,1%, во поголем дел поради растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор, соопшти НБРМ.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 13,0%, како резултат на растот на кредитите кај двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2025/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2025_dekemvri_mk.pdf
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

