Македонија
Кучи: Олеснување на трговијата, преку поедноставени царински процедури
Македонија има усогласена царинска законска регулатива со царинските прописи во Европската унија и е меѓу првите членки на Светската трговска организација што ја ратификуваше Спогодбата за олеснување на трговијата.
„Преку неа може да ги намали трошоците за тргување до 10% за развиените земји и до 15% за земјите во развој, како и да овозможи поддршка на порастот на извозот во земјите во развој за околу 20%“, рече министерот Дритон Кучи на Регионалната конференција „Поедноставување и хармонизација на царинските постапки во регионот“, во организација на Стопанската комора на Македонија со поддршка на партнерскиот проект ЦЕФТА-ДИХК.Хармонизацијата на царинските прописи во регионот подолго време е императив во рамки на годишните програми на ЦЕФТА, но истовремено и во Стратегијата на ЈИЕ 2020, а Република Македонија активно се вклучи во креирањето на документот за олеснување на трговијата, преку воспоставување на транспарентни средства и поедноставување на царинските и трговски процедури за елиминирање на можни ризици во извозот и непречен пристап на пазарите во регионот, кој наскоро треба да се усвои од страна на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА. Според претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, ЦЕФТА, а сега и Берлинскиот процес се сериозни алатки за постигнување економски напредок во регионот. Тие имаат јасна цел, стабилен финансиер и персонал кој може да ги реализира, а тоа се и клучните елементи за освојување нови пазари, интензивирање на меѓународната соработка и олеснување на трговијата.„Олеснување на трговијата нема да има сѐ додека не се елиминираат митото и корупцијата. Институциите мора да се заложат за откривање на причините на ваквата појава и за нејзино целосно искоренување“, истакна Азески. Во таа насока се и четирите барања што ги испорача денеска Стопанската комора на Македонија на оваа регионална конференција за поедноставување на царинските постапки: поширока примена на поедноставните царински постапки од страна на бизнис заедницата на ниво на регионот, заживување на електронското, наспроти хартиеното работење во трговијата, пристапност на земјите од регионот до Конвенцијата за заедничка транзитна постапка за користење на бенефитите од новиот компјутеризиран транзитен систем, како и поголема соработка со ЦЕФТА комитетот за олеснување на трговијата. Македонската царина, како што соопшти директорката Наташа Радевска Крстевска, работи по исти стандарди како и вкупно три илјади царински испостави низ цела Европа, а тоа значи не само олеснување на трговијата, туку и привлекување нови инвестиции. На терминалите, нагласи Радевска Крстевска, увоз и извоз се реализира во секое време, а престојот додека трае целата постапка е бесплатен.„Царинската управа континуирано презема мерки за олеснување на царинските постапки, постојано е во контакт со бизнис заедницата и ги спроведува неопходните реформи“, посочи директорката.Во однос на барањето на компаниите за отворање нови царински терминали, министерот за економија Дритон Кучи информираше дека во тек интензивни разговори со Царинската управа да се разгледа можноста за отварање нови царински терминали во граничните премини Јажинце во Тетово и Блато во Дебар./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

