Македонија
Кучи: Витални фактори за обезбедување на квалитет во туризмот се безбедноста и сигурноста на туристите
Министерот за економија Дритон Кучи денеска учествува на Бледски стратешки форум, кој се одржува во Блед, Република Словенија. Форумот оваа година е под мотото „Зачувување на иднината“.
Министерот Кучи се обрати на панел дискусијата за туризам на тема „Одржливост и безбедност во туризмот“.„Помеѓу клучните предизвици на 21 век се истакнуваат грижата за состојбите во животната средина и порастот на секторот туризам, кои прераснуваат во едни од поважните извори на економскиот развој во светот, вклучително и во Република Македонија“ истакна министерот Кучи, додавајќи дека во последните дваесетина години, одржливиот развој е се почеста тема со која на различни начини интензивно се занимаваат бројни структури во општеството во речиси сите земји во светот. Туризмот претставува стратешка развојна дејност, кој треба да биде иницијатор за развојот на земјата во целина. Во услови на глобална конкуренција на туристичкиот пазар, постојано се јавуваат нови туристички дестинации, поради што развојот на туризмот треба да ги следи современите трендови кои се однесуваат и на функционирање на неговата материјална основа, а посебно на заштитата на природните ресурси.Министерот рече дека нема повеќе дилеми дали одржливиот развој е потребен, дилемите се само во пристапот и начинот на негова имплементација. Планирањето на идниот стопански развој, а посебно развојот на туризмот, неопходно мора да се усогласи со почитување на основните начела на одржлив развој, а тоа се: еколошка, социокултурна, економска и технолошка одржливост.Одржливиот развој на туризмот исто така подразбира и квалитет на туристичката понуда, а витални фактори за обезбедување на квалитет во туризмот се безбедноста и сигурноста на туристите во туристичката дестинација. „Безбедноста и сигурноста одсекогаш биле неопходни услови за патување, но факт е дека овие прашања добија многу поголемо значење за туризмот во последните две децении“ потенцираше министерот Кучи, додавајќи дека промените во светот во однос на безбедноста се огромни, пред сѐ поради локални војни, терористички напади, елементарни непогоди, епидемии и пандемии, разни незгоди предизвикани од човечкиот фактор, значително влијаат на намалување на безбедноста на туристите.Поради ова обезбедувањето на квалитетно туристичко искуство и доживување на туристите, преку обезбедување на принципите на безбедност и сигурност на туристичката дестинација и почитување на Глобалниот етички кодекс за туризам и одржлив развој, се основната цел на современите туристички дестинаци.Во рамките на форумот министерот Кучи оствари средби со генералниот секретар на Светската туристичка организација Талеб Рафаи, со министерот за економија на Словенија Здравко Почивалшек, со министерот за надворешни работи и трговија на Унагрија Петер Сијарто, министерката за трговија и туризам на Косово Хикмете Бајрами и со министерката за економија на Албанија Вилма Икономи. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

