Македонија
Лошите временски прилики предизвикаа надолен тренд во тутунската индустрија
Тутунската индустрија бележи надолна тенденција по сите параметри во сезоната 2014/15 година, што во голема мера се должи на лошите временски услови.
Тутунската индустрија бележи надолна тенденција по сите параметри во сезоната 2014/15 година, што во голема мера се должи на лошите временски услови.
Според податоците на Стопанската комора на Македонија, заклучно со 15 март, до кога траеше законскиот рок за откуп на тутунот, биле склучени 34.445 договори, што е намалување за 19 отсто во споредба со 2013/14 година, кога биле склучени 42.367 договори.
Просечната откупна цена на тутунот изнесува 117,2 денари по килограм, што е за 24 отсто помалку во споредба со претходниот период, кога цената достигнала 152 денари.
Пониската цена на тутунот се должи на намалениот квалитет на тутунот, што е паследица на зголемените врнежи и на поплавите во одредени региони на Македонија, истакна Васко Ристевски од СКМ.
Тој појасни дека на почетокот на годината тутунот имал дури 30 проценти на влага, што е многу висок процент, а дури 20 отсто од вкупната реколта отпаѓа на тутун од четвртата класа.
Ристовски информираше дека околу 2.500 земјоделците во источна Македонија се преориентирале од призводство на тутун во произвдство на други култури, претежно на пиперка.
Производителите од продадениот тутун инкасирале вкупно 47,5 милиони евра, а од субвеции им се исплатени 27 милиони евра, што значи дека вкупно добиле околу 73 милиони евра.
Намалување има и кај извозот и увозот на тутун и тутунски производи. Во изминатата сезона биле извезени 23.558 тони, што е пад за осум отсто. Намалена е и продажбата цена на тунот на 5,4 долари по килограм, наспроти минатогодишните 6,1 долари.
Извозната цена на цигарите била 8,3 долари по килограм, што е намалување за околу девет отсто. Од извоз на тутун и тутунски производи се инкасирани 145 милиони долари, што е околу 20 отсто помалку во споредба со претходниот период.
Во наведениот период биле увезени вкупно 3.187 килограми тутун и тутунски производи, што е пад за 31 отсто, додека за увоз биле издвоени 31,5 милиони долари, што е за девет отсто помалку во однос на рпетходната сезона. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

