Македонија
Македонија да биде приклучена во регоналната гасна мрежа
Подобрувањето на гасната инфарструктура и изградбата на нови гасоводи ќе ја направат посигурна Европа и нејзината економија, овој став беше искажан на 14-та Годишна Конференција за гасно поврзување која се одржува, во четврток, во главниот град на Бугарија, Софија.
Министерот за економија Дритон Кучи кој ја предводи делегацијата на Македонија, изјави дека за Македонија секој можен приклучок значи подобрување на стандардот на граѓаните, имајќи во предвид дека гасот е најефтин енергенс.„За Владата на Македонија, изградбата на националниот систем за пренос на гас, неговата поврзаност со регионалните системи за гасоводот, како и изградбата на дистрибутивниот систем за природен гас се меѓу приоритетите во областа на изградба на енергетската инфраструктура“, рече Кучи.Македонија е вклучена со свои проекти во иницијативата за Гасно поврзување на Централна и Југоистична Европа (CESEC), која има за цел унапредување на диверзификацијата на снабдувањето со природен гас и сигурност во снабдувањето во регионот, по пат на унапредување на регионалната инфраструктура и подобрување на интеграцијата на пазарите, со што практично ќе се обезбеди снабдување со потребните количини на природен гас на сите потрошувачи во регионот на Централна и Југоисточна Европа (CESEC), вклучувајќи ја и Македонија. Министерот Кучи потенцира дека Македонија, во насока на унапредување на регионалната соработа, даде политичка поддршка и се вклучи во активностите во врска со гасоводниот проект ТЕСЛА, кој почнува од турската граница, има двонасочен тек на природниот гас и има за цел да носи гас од правецот југ-север и север – југ, односно ќе носи природен гас од Каспискиот регион и течен природен гас од Америка, Алжир и Блискиот исток, а во другата насока природен гас од Црното Море. „За обезбедување на предвидените количини на природен гас во наредниот период во тек се активности за доизградба на постојниот гасоводен систем во Република Македонија, неговата поврзаност со регионалните системи за гасоводот, како и отворање на преговорите за обезбедување на дополнителни количини на природен гас“, рече Кучи.Потпретседателот на Европската комисија Марош Шефчович рече дека оваа конференција е многу значајна бидејќи Европската унија е најголем увозник на гас во светот, и секој нов гасовод кој се доближува до границите на ЕУ значи поголема сигурност за Европа и за нејзините потрошувачи. Најбогат дел со гас на Европа е токму јужна и југоисточна Европа, рече Шефчович, додавајќи дека од овој регион моментално се градат три гасоводи. Европската унија само во периодот од 2015-2017 година инвестира 315 милијарди евра за гас.Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, изјави дека за да се постигне што побрзо инфраструктурно поврзување на регионот, треба да се работи сериозно, а тоа може да се постигне само со поддршка на ЕУ, додавајќи дека Бугарија има огромна поддршка од Брисел за вакви капитални проекти.На 14-та по ред конференција за гасно поврзување, која беше организирана од бугарската Булгаргаспром, присуствуваа министрите за енергетика на Македонија, Бугарија, Грција, Словачка, Романија како и 300 членови на делегации од европските држави./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

