Македонија
Македонија и Албанија ќе се поврзат со 400 кВ далновод
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбеди кредит до 37 милиони евра за изградба на првата интерконекција на електрична енергија помеѓу Албанија и Македонија, како и за подобрување на мрежата на МЕПСО.
Овој проект е дел од иницијативата на Европската Комисија, за воспоставување на пренослив коридор на електрична енергија исток-запад, помеѓу Бугарија, Македонија, Албанија, Црна Гора и Италија, вклучувајќи го и планираниот подморски кабел од Црна Гора кон Италија. Ова претставува важен чекор кон воспоставување на регионалниот пазар на електрична енергија. Ефикасноста на компонентите на мрежата, реализирани од МЕПСО, ќе обезбедат пренос на енергетски ефикасна електричната енергија и користење на најдобрите расположиви технологии.
„Поддршката на круцијалната меѓугранична инфраструктура и создавањето на поголеми интегрирани енергетски пазари, ја зголемува безбедноста на енергијата. Тоа претставува еден од приоритетите на ЕБОР, во енергетскиот сектор на Западен Балкан“, се вели во соопштението од ЕБОР.
Банката ќе обезбеди кредит на Македонскиот оператор на електо-преносниот систем (МЕПСО), акционерско друштво, одговорно за пренос на електрична енергија и контрола на електричната енергија во земјата. Финансирањето ќе ја поддржи изградбата на македонскиот дел од планираната прекугранична конекција со електрична енергија од 400 кВ. Истото ќе послужи за изградба на инфраструктурата на пренос, од југо-западниот дел на земјата, од Битола, до албанската граница, со подстаница во Охрид, проследено со имплементирање на компоненти на ефикасност на мрежата.
МЕПСО ќе ја користи и новоразвиената платформа за електронско тендерирање со клиенти (ЕТК) за договори за тендери, со цел да ја зголеми транспарентноста и ефикасноста на работењето.
Проектот доби техничка помош од Инвестициската програма на Западен Балкан (ИПЗБ) за финансирање на студија на изводливост, проценка на еколошкото и социјалното влијание, и подготовката на главниот нацрт на проектот. Независно од ова, ЕУ го кофинансира новиот проектот со грант од 12 милиони евра, обезбедени од Пред-пристапната програма за Западен Балкан за 2015.
Обезбедени се и средства од техничките фондови за соработка од Луксембург, наменети за имплементирање на доброто корпоративно управување во МЕПСО.
,,Ова претставува важна инвестиција која ја промовира енергетската безбедност и развојот на регионалните пазари на електрична енергија. Изградбата на новиот далновод ќе го поврзе македонскиот пазар на електрична енергија, каде доминира користење на електрична енергија од термо-централи, со албанскиот пазар на електрична енергија, каде се доминантни хидро-централите. Ова ќе го подобри балансирањето на двата система на електрична енергија, ќе ги намали оперативните трошоци и ќе го поттикне користењето на обновливи енергии,” изјави Холгер Муент, Директор на ЕБОР за Западен Балкан.
,,Македонскиот и албанскиот пазар на електрична енергија ќе имаат значаен бенефит, со изградбата на далноводот. Ми претставува задоволство што имаме плодна соработка со ЕБОР, и благодарен сум на постојаната поддршка за развој на македонскиот енергетски сектор и реализацијата на енергетските инфраструктурни проекти,” истакна Беким Незири, македонскиот Министер за економија.
,,Енергијата е стратешки сектор во секоја земја, витална за сите аспекти на секојдневното живеење на луѓето и развој на сите други сектори на економијата. ЕУ обезбедува значајна поддршка на овој сектор преку програмата на ИПА и преку Инвестициската програма за Западен Балкан, што подразбира обезбедување на финансирање и техничка помош на стратешките инвестиции”, додаде Аиво Орав, Амбасадор на Делегацијата на Европската Унија.
,,Ни претставува задоволство што ја продолжуваме нашата успешна соработка со ЕБОР. Со овој нов регионален проект, МЕПСО ги поврзува земјите на Западен Балкан и го подобрува снабдувањето со електрична енергија во регионот,” нагласи Синиша Спасов, Генерален Директор и Претседател на Управниот Одбор на МЕПСО.
ЕБОР започна да инвестира во македонската економија во 1993 година. До денес во земјата, има потпишано над 90 проекти од јавниот и приватниот сектор во вредност од над 1,5 милијарди евра. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

