Македонија
Македонија на светски конгрес за женско претприемништво во Тајван
Претставнички на Здружението на бизнис жени од Македонија учествуваат на Светскиот конгрес за женско претприемништво (21-25.09) што се оддржува во Таипеј, Тајван во присуство на преку 150 жени делегати од 120 земји од светот.
Конгресот е во организација на светската мрежа FCEM – интернационална невладина организација за жени претприемачи, која е основана пред 60 години во Франција.
Конгресот е продолжение на саемот за женско претприемништво кој се оддржа во април, оваа година во Дубровник, Хрватска, каде Здружението на бизнис жени од Македонија предводено од Валентина Дисоска како претседател, со посебни признанија стана член на Светската организација на бизнис жени FCEM.
Агендата на настанот, вклучува презентации, работилници и панели кои се фокусирани на развојот на женското претприемништво во светски рамки, како сегмент кој има потенцијал за зголемен развој, како и вмрежувањето, соработката и размената на искуства од различни земји и региони. Женското претприемништво, според FCEM е сегмент кој заслужува посебно внимание и може да допринесе за поефикасно совладување на последиците од светската економска криза на глобално ниво, како и на економскиот развој на секој регион и национална економија.
Свое обраќање, во вторникот имаше и делегатот од Македонија, Валентина Дисоска, претседател на Здружението на бизнис жени од Мaкедонија.
„Женското претприемништво во Македонија процентуално е во рамките на европскиот просек, со нешто повеќе од 30% компании основани од жени, но основен проблем ни е големината и изнаоѓањето решение како тие компании да имаат поголем профит, како да се справуваат со кризните сктуации и како да прераснат од микро во мали претпријатија,“ рече Дисовска.
Таа нагласи дека Здружението на бизнис жени за своето постоење од четири години успеа да ја подигне свеста на темата женско претприемништво, при тоа достигнувајќи препознатливoст во национални ,регионални па и светски рамки.
„Веруваме дека со заедничка работа и залагање јакнењето на женското претприемништво е неминовно и тоа на три основи или три “P”, Personality, policy i product development“, рече Дисовска.
На овој светски конгрес, обраќањето на претседателката Дисоска, како и учеството на Здружението на бизнис жени е под уставното име Република Македонија.
Здружението на бизнис жени на Македонија, води континуирана програма за интеграција на жените во сите општествени сфери, активирајќи ја жената како економски независен носител на општествениот развој преку конференции, едукација и проекти.
Со вклучувањето на светскиот конгрес во Тајван, како и со останатите проекти со локален и интернационален карактер, Здружението на бизнис жени од Македонија се потенцира дека прашањето на женското лидерство има силна економска природа и е од посебно значење за економскиот развој на секоја држава. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

