Македонија
Македонија претстави проекти на состанокот на Енергетската заедница во Киев
Заменик министерот за економија Христијан Делев во вторникот ги претстави превземените активности на полето на енергетиката во Република Македонија на 12. Состанок на Министерскиот совет на Енергетската заедница, кој се одржа во Киев, Украина, како земја претседавач.
Со состанокот претседаваше министерот за енергетика и индустрија за јаглен на Украина, Јуриј Продан, а на него учествуваше и еврокомесарот за енергетика во заминување Гунтер Отингер.
На состанокот се дискутираше за повеќе теми од енергетиката, кои се опфатени со Договорот за основање на Енергетската заедница, меѓу кои статусот на имплементација на Договорот во областите електрична енергија, природен гас, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, животна средина, конкуренција и друго.
Покрај ова, беше претставен и текот на активностите поврзани со имплементацијата на проектите кои се од интерес на Енергетската заедница, како и нивната важност од аспект на обезбедување на сигурност во снабдувањето во регионот, интеграција на пазарите и друго, се вели во соопштението на министерството за економија.
Меѓу главните теми беа разгледани и можностите за реформирање на Договорот за основање на Енергетската заедница за наредните 10 години, во насока на зајакнување на механизмите за исполнување на обврските, можност за адаптација на институциите на Енергетската заедница и утврдување на разумни временски рокови за имплементација на законодавството на ЕУ, проширување на Енергетската заедница, зајакнување на институциите кои се формирани со Договорот за основање на Енергетската заедница.
Заменик министерот Делев имаше свое обраќање на состанокот, при што го информираше Министерскиот совет за превземените активности во Република Македонија во изминатата година, како и предизвиците во делот на енергетиката за наредниот период. Посебно беше истакнато отварањето на пазарот на електрична енергија, инвестициите во нови капацитети за производство на електрична енергија и развојот на гасификациониот систем, поддршката за изградба на објекти кои користат обновливи извори на енергија, развој на електропреносниот систем и друго.
Акцент беше ставен и на развојот на гасификациониот систем во Република Македонија, како во делот на преносот, така и во делот на системот за дистрибуција на природен гас и можностите за снабдување со природен гас, се наведува во соопштението. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

