Контакт

Македонија

Македонија вклучена во европската Програма КОСМЕ

Објавено пред

Министерот за економија Беким Незири и Комесарот на Генералниот директорат за Претпријатија и индустрија, Амбасадор Нели Ферочи во понеделникот потпишаа Договор за учество на Република Македонија во европската Програма  (КОСМЕ) 2014–2020.

dobivaj vesti na viber

 

 

Ова претставува показател за подготвеноста и интересот на државата за напредок во одредените области, како подготовка за членство во ЕУ, с евели вос оопштението на министерството за економија.

 

Програмата на ЕУ за конкурентност на мали и средни претпријатија КОСМЕ, со која стартуваме годинава, има за цел да ја поттикне конкурентноста на компаниите преку обезбедување подобар пристап до финансии, бизнис услуги за поддршка и промовирање на претприемништвото за мали и средни претпријатија, постоечки и потенцијални претприемачи и бизнис организации за поддршка за развојот на бизниси. 

 

„Основни цели на програмата, чиј вкупен буџет за реализација е 2,3 милијарди евра, се зајакнување на конкурентноста и одржливоста на претпријатијата, особено малите и средните претпријатија, како и поттикнување на претприемачката култура и промовирање на создавање и развој на мали и средни претпријатија. Значи, целна група се  мали и средни претпријатија, претприемачи, бизнис организации за поддршка, регионални и национални администрации, а времетраењето е во периодот од 2014 до 2020 година, поради што би сакал да апелирам до бизнис заедницата да аплицира со што поголем број и со што поквалитетни проекти и да се вклучи во реализацијата на Програмата на ЕУ за конкурентност на мали и средни претпријатија КОСМЕ. Поттикнувајќи ја конкурентноста на компаниите ќе придонесеме за поголем економски развој, а од другата страна уште еднаш ќе ја покажеме и нашата зрелост и подготвеност како земја да пристапиме рамноправно кон европското семејство“, истакна Незири по потпишувањето.

 

Амбасадор Нели Ферочи го изрази своето задоволство што Република Македонија, со потпишувањето на овој договор, и официјално партиципира во Програмата КОСМЕ, со која ќе се придонесе за зајакнување на конкурентноста и одржливоста на претпријатијата, но што е уште поважно, ќе помогне во интегрирањето на Република Македонија во ЕУ.

 

Оваа Програма за нас како држава претставува продолжение на Програмата за конкурентност и иновации ЦИП 2007-2014, која создаде рамка за поддршка на конкурентноста, продуктивноста, иновативноста и одржливиот развој. Вкупниот буџет на одобрени проекти за  македонските субјекти заклучно со 2013 година изнесуваше 4,8 милиони евра, од кои 3,3 милиони евра се во рамки на Потпрограмата за претприемништво и иновации, и 1,5 милиони евра се во рамки на Потпрограмата за интелигентна енергија на Европа. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања – започнува членувањето во СЕПА

Објавено пред

Европскиот совет за плаќања (ЕПС) ги впиша првите четири банки од нашата земја – станува збор за три големи и една средна банка – во регистарот на учесници во шемата за кредитни трансфери на СЕПА. Овој важен чекор е резултат на успешно поднесени барања од страна на овие банки, а со тоа официјално започнува и членувањето на нашата земја во СЕПА.

dobivaj vesti na viber

Овие банки ќе започнат со вршење на кредитните трансфери во СЕПА од 6 октомври 2025 година.

Се очекува и останатите осум деловни банки, кои најавија дека ќе поднесат барања во периодот од јуни до август оваа година, ќе бидат впишани во регистарот на ЕПС и ќе започнат со вршење на плаќањата во рамките на СЕПА до 6 октомври.

Да потсетиме, на 6 март 2025 година ЕПС го прифати барањето за членство коешто го достави Народната банка за нашата земја, со што станавме членка на Единствената област за плаќање во евра (СЕПА). Со ова се овозможи приклучување на домашните банки во европските платежни шеми преку кои се извршуваат плаќањата во евра, во географски опсег од 41 земја членка.

Интеграцијата на банките од земјава во европскиот платежен екосистем носи бројни придобивки за граѓаните и за компаниите – пред сѐ побрзи, поефикасни и поевтини прекугранични плаќања во евра, како и поголема економска поврзаност и активност.

Народната банка, како институција којшто ги координираше активностите за членство во СЕПА, останува целосно посветена на процесот на интеграција на банките и ќе продолжи редовно и навремено да ја информира јавноста за постигнатиот напредок.

Прикажи повеќе...

Економија

Владата: Исплатени се субвенции на 70.000 земјоделци во вредност од повеќе од 9 милијарди денари

Објавено пред

Исплатени над девет милијарди денари субвенции на над 70.000 земјоделци.

dobivaj vesti na viber

Владата соопшти дека се врши редовна исплата на субвенциите и со тоа им се дава директна поддршка на земјоделците да продолжат со своето производство.

„За една година, Владата и МЗШВ успеа да ги исплатат заостанатите субвенции на земјоделците за сите категории од 2021, 2022, 2023 година, а се исплаќаат и тековните субвенции. Покрај ова, како Влада успеавме да ги подобриме земјоделските политики и наместо земјоделските производи да се фрлаат, истите сега се откупуваат по пристојни цени од страна на откупувачите. Промените се очигледни. Тие се случуваат. Времето на промените е тука, работиме и ја вреднуваме маката на земјоделците“, велат од владината прес-служба.

Се додава дека оваа Влада е земјоделска и земјоделците после седум години конечно имаат партнер.

Прикажи повеќе...

Економија

Од полноќ поскап дизел

Објавено пред

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

dobivaj vesti na viber

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,00 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,00 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 72,00 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 70,00 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 40,928 (денари/килограм)

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.6.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Педро Санчез

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља оствари средба со...

Топ11 часа

(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите...

Македонија13 часа

Филипче: Не е време за калкулации, ниту за ситнопартиски интереси, СДСМ останува силен промотор на европската идеја

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, изјави дека поддршката од Европската Унија за...

Македонија14 часа

Уписот во средно в година ќе биде подигитален од годинешниот: родителите нема да трчаат да ги скенираат свидетелствата, тие дигитално ќе се преземаат

Годинешното дигитално пријавување во средните училишта значеше само повеќе мака и ангажман на родителите во споредба со претходните уписи. Иако...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес

Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на заедничката прес – конференција со еврокомесарката за...

Топ18 часа

Го удрил со тупаница докторот што му давал лекарска помош, а потоа тепал и полицајци: предложен притвор за 28-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз...

Македонија20 часа

Арсовска со отворено писмо до Михалис Рокас: Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска упати отворено писмо до Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија во Македонија. „Почитуван господин...

Свет20 часа

Трамп остро му одговори на Маск: Без субвенции, би се вратил дома, во Јужна Африка

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно јавно го нападна Илон Маск, тврдејќи дека без владини субвенции, шефот на „Тесла“, „Спејс Екс“...

Свет20 часа

Маск жестоко го нападна законот на Трамп: „Ќе изгубат, дури и ако ми е последно“

По објавувањето на неговото повлекување од политичкиот свет, милијардерот и основач на Тесла, Илон Маск, речиси веднаш се врати во...

Свет21 час

Трамп потпиша укинување на санкциите против Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се укинуваат санкциите на САД врз Сирија, со што се...

Свет21 час

Палестинците во Газа протестираа со фотографии од убиени израелски деца

Група Палестинци во Појасот Газа покажаа слики од израелски деца убиени од Хамас на 7 октомври 2023 година, за време...

Македонија1 ден

Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во...

Македонија1 ден

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија2 дена

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија2 дена

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија2 дена

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...

Македонија2 дена

Муртезани: 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ

Пред една година започнавме со јасна цел: да ѝ дадеме нов импулс на европската агенда на земјава. Денес, по 12...

Македонија2 дена

Опасен пожар во близина на границата со Грција: се слуша пукање од муниција, постои опасност од неоткопани гранати

Пожар се шири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот се развива на...

Македонија2 дена

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ-Латас и струмичкиот градоначалник од СДСМ, Костдин Костадинов, откога новинарот во јавно излагање на поткаст...