Македонија
Македонско – бугарската стопанска комора за продлабочување на односите помеѓу двете држави
Годишно Собрание на Македонско – бугарската стопанска комора се одржа во средата во Скопје на кое беше усвоен нов годишен акциски план со поддршка за приоритетните активности и проектите за заеднички инфрастуктурни поврзувања преку вклучување на заеднички компании во нивната изградба.
На настанот присустуваше и минситето за економија Беким Незири кој истакна дека вкупната трговска размена меѓу двете земји за минатата година изнесува 710 милиони долари што претставува раст од 2,7 отсто во споредба со годината претходно и дека Бугарија е 9-ти трговски партнер во надворешно-трговската размена.
„Поврзаноста на двете соседни земји се огледува со политичките цели за добрососедство, континуираното зголемување на обемот на економска соработка, меѓуграничните проекти и поддршката во стратешките проекти за инфраструктурно поврзување меѓу двете земји, како што е поврзувањето со автопат и железничка пруга“, истакна Незири.
Министерот потенцираше дека Владата активно учествува во активностите на македонско-бугарската стопанска комора, дека ги следи напорите за подобрување на условите за зголемена размена меѓу двете земји и за заеднички настап на трети пазари, поздравувајќи ја идејата за Балкански продукт, како заеднички бренд во глобалната трговија, кој ќе значи и поактивно поврзување на бизнис заедниците. Тој потсети и на проектот „Чаршијата и пријателите“, во чија организација учествуваа членки на комората – општествено одговорни компании, со што беа иницирани културни-бизнис конекции со Скопската чаршија.
Претседателот на комората Зоре Темелковски истакна дека приоритет на комората е Македонија и Бугарија да ги продлабочат добрососедските односи, меѓуграѓанското разбирање, пријателството и братските средини, повикувајќи ги Владите на двете држави, час поскоро да потпишат Договор за пријателство, како храбар чекор на меѓусебна толеранција и уважување.
Претседателот на Стопанска комора на Македонија, Азески, потенцираше дека веќе почнаа да се интензивираат активностите меѓу двете држави во поглед на регионалното поврзување, но и дека мора да се вложат повеќе средства за уште подобро поврзување, бидејќи тоа претставува основа за поголема економска соработка.
„Нашата улога, како комора, продолжува со давање конструктивни идеи и проекти, со насочување на нашата енергија кон нивна реализација и давање на поддршка на евроинтеграциските процеси“, истакна во своето излагање претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Мендерес Кучи.
Покрај споменатите, на собранието се обратија и Амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, Н.Е. Иван Петков, претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска и потпретседателот на Бизнис алијансата на Косово, Суад Бериша. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

