Македонија
Македонско-руската стопанска комора го прослави својот 10 годишен јубилеј
Македонско- руската стопанска комора во средата на свечен начин го одбележа 10 годишниот јубилеј на активно и успешно делување.
На свеченоста присуствуваа бројни видни гости, претставници на македонската Влада, на компаниите членки на комората, претставници на Дипломатскиот кор и специјални гости деловниот свет од Руската Федерација.
Меѓу говорниците беа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, рускиот амбасадорот, Олег Николаевич Шчербак, заменик претседателот на стопанската комора на Руската Федерација, Георги Георгевич Петров, претседателот на Македонско –руската стопанска комора Ѓорѓи Дика и Извршниот директор на комората Дејан Бешлиев.
Почесни гости кои по овој повод допатуваа од Русија беа Михаил Бобров – почесен конзул на Република Македонија во Санкт Петерсбург и Владимир Дмитриевич Солоцински – поранешен амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија.
Свеченоста на одбележувањето на 10 годишниот јубилеј ја отвори Ѓорѓи Дика кој во своето обраќање ја истакна улогата на Македонско–руската стопанска комора која 10 години е мост на економско поврзување меѓу Република Македонија и Руската Федерација. Тој се наврати на главните моменти од воспоставувањето на првите контакти и големиот ентузијазам со кој група на македонски и руски бизнисмени сакаа своите успешни деловни односи да ги институционализираат и во официјална стопанска комора. Во оваа прилика Дика се заблагодари за големата помош добиена од амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и од амбасадата на Република Македонија во Руската Федерација како и од тимовите во дипломатските претсавништва.
Министерот Зоран Ставрески потсети на традиционално добрите и пријателски односи помеѓу Република Македонија и Руската Федерација. Вицепремиерот истакна дека целите на комората и на скромниот почеток и денес кога комората прерасна во институција на постојан и значаен партнер за унапреување на трговските односи меѓу Македонија и Русија се исти.
Ставрески истакна дека Комората функционира како ефикасен стопански мост и субјект во процесот на остварување на бизнис релациите помеѓу нашата земја и пазарот од 144 милиони потрошувачи во пријателската Руска Федерација. Рускиот пазар е секако голем предизвик за македонските компании, наште врати за руските комании се отворени, постојат одлични можности за проширување на рускиот бизнис во Македонија.
Јубилејот на Комората го поздрави Амбасадорот на Руската Федерацја во Република Македонија Олег Николаевич Шчербак кој ја истакна улогата на комората во градењето на бизнис релациите меѓу двете земји.
„Изминативе 10 гдини македонско-руската стопанска комора ја докажа својата ефикасност даде голем придонес за проширување и зацврстување на директните врски меѓу деловните кругови на Русија и Република Македонија. Клучните елементи на нејзиниот успех се добрите разгранети контакти со стопанските комори на различни руски региони, активно учество во меѓународни специјализирани саеми одржани на деловни мисии и промоции на македонските компании во Русија и руските во Македонија,“ рече Шчербак.
Георги Георгиевич Петров – Заменик претседател на стопанската комора на Руската Федерација кој поздравувајќи ги присутните во салата ја пренесе пораката од денешната средба со Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов. Претседателот Иванов честитајќи го 10 годишниот јубилеј ја истакнал важноста на комората и посакал во иднина со многу работа и успешни проекти да се прослави и 100 годишен јубилеј на оваа институција. Меѓу другото, во разговорот, станало збор за важната улога на економската соработка со Русија во развојот на Македонија. Се дискутирало за подобрување на условите и неопходноста за отстранување на постоечките пречки. Тој истакна дека во 2014 година растот на БДП се зголеми за 3,8% и во таа бројка значаен е и рускиот удел. Посебен осврт бил направен кон претстојната изградба на гасоводот со кој ќе биде опфатена Република Македонија, а, воедно го решаваме проблемот со клирингшкиот долг на поранешниот СССР кон поранешната СФРЈ. Проблем за чие решение беа потребни повеќе години.
Извршниот директор на македонско-руска стопанска комора Дејан Бешлиев со чие излагање се затвори говорничкиот дел дел на настанот, се осврна кон иднте планови и визијата. Тој изјави дека се создадени услови да се изработи Национална стратегија за економска соработка со конкретни региони во Руската Федерација, по примерот на повеќе земји членки од Европската унија како што се Словенија, Унгарија, итн. Втора суштинска работа што е акцентирана е образованието на стручен кадар во македонските компании кој ќе биде двигател на идните економски односи меѓу двете земји.
На настанот беа промовирани монографијата по повод 10 годишниот јублеј, како и иновативната идеа на комората: Македонско – руски аудио видео бизнис разговорник, со кој ќе се помогне во понамошната полесна меѓусебна бизнис комуникација на македоските и руските стопанственици. Раговорникот содржи аудио и видео приказ на фрази на макодонски и руски јазик, кои се најчесто употребувани при деловата комуникација.
Македонско-руската стопанска комора по повод 10 годичниот јубилеј, како израз на благодарност за значајниот придонес во создавањето, развојот и поддршката на делувањето, додели плакети на поединци, институции и компании. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

