Контакт

Македонија

Македонско-руската стопанска комора го прослави својот 10 годишен јубилеј

Објавено пред

Македонско- руската стопанска комора во средата на свечен начин го одбележа 10 годишниот  јубилеј на активно и успешно делување.

dobivaj vesti na viber

 

 

На свеченоста присуствуваа бројни видни гости, претставници на македонската Влада, на компаниите членки на комората, претставници на  Дипломатскиот кор и специјални гости деловниот свет од Руската Федерација.

 

Меѓу говорниците беа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, рускиот амбасадорот, Олег Николаевич Шчербак, заменик претседателот на стопанската комора на Руската Федерација, Георги Георгевич Петров, претседателот на Македонско –руската стопанска комора Ѓорѓи Дика и Извршниот директор на комората Дејан Бешлиев.

 

Почесни гости кои по овој повод допатуваа од Русија беа Михаил Бобров – почесен конзул на Република Македонија во Санкт Петерсбург и  Владимир Дмитриевич Солоцински  – поранешен амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија.

 

Свеченоста на одбележувањето на 10 годишниот јубилеј ја отвори Ѓорѓи Дика кој во своето обраќање ја истакна улогата на Македонско–руската стопанска комора која 10 години е мост на економско поврзување меѓу Република Македонија и Руската Федерација. Тој се наврати на главните моменти од воспоставувањето на првите контакти и големиот ентузијазам со кој група на македонски и руски бизнисмени сакаа своите успешни деловни односи да ги институционализираат и во официјална стопанска комора. Во оваа прилика Дика се заблагодари за големата помош добиена од амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и од амбасадата на Република Македонија во Руската Федерација како и од тимовите во дипломатските претсавништва.

Министерот Зоран Ставрески  потсети на традиционално добрите и пријателски односи помеѓу Република Македонија и Руската Федерација.  Вицепремиерот истакна дека целите на комората и на скромниот почеток и денес кога комората прерасна во институција на постојан и значаен партнер за унапреување на трговските односи меѓу Македонија и Русија се исти.

 

Ставрески истакна дека Комората функционира како ефикасен стопански мост и субјект во процесот на остварување на бизнис релациите помеѓу нашата земја и пазарот од 144 милиони потрошувачи во пријателската Руска Федерација. Рускиот пазар е секако голем предизвик за македонските компании, наште врати за руските комании се отворени, постојат одлични можности за проширување на рускиот бизнис во Македонија.

 

Јубилејот на Комората го поздрави Амбасадорот  на Руската Федерацја во Република Македонија Олег Николаевич Шчербак кој ја истакна улогата на комората во градењето на бизнис релациите меѓу двете земји.

 

„Изминативе 10 гдини македонско-руската стопанска комора ја докажа својата ефикасност даде голем придонес за проширување и зацврстување на директните врски меѓу деловните кругови на Русија и Република Македонија. Клучните елементи на нејзиниот успех се добрите разгранети контакти со стопанските комори на различни руски региони, активно учество во меѓународни специјализирани саеми одржани на деловни мисии и промоции на македонските компании во Русија и руските во Македонија,“ рече Шчербак.

 

Георги Георгиевич Петров – Заменик претседател на стопанската комора на Руската Федерација кој поздравувајќи ги присутните во салата ја пренесе пораката од денешната средба со Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов. Претседателот Иванов  честитајќи го 10 годишниот јубилеј ја истакнал важноста на комората и посакал во иднина со многу работа и успешни проекти да се прослави и 100 годишен јубилеј на оваа институција. Меѓу другото, во разговорот, станало збор за важната улога на економската соработка со Русија во развојот на Македонија. Се дискутирало за подобрување на условите и неопходноста за отстранување на постоечките пречки. Тој истакна дека во 2014 година растот на БДП се зголеми за 3,8% и во таа бројка значаен е и рускиот удел. Посебен осврт бил направен кон претстојната изградба на гасоводот со кој ќе биде опфатена Република Македонија, а, воедно го решаваме проблемот со клирингшкиот долг на поранешниот СССР кон поранешната СФРЈ. Проблем за чие решение беа потребни повеќе години.

 

Извршниот директор на македонско-руска стопанска комора Дејан Бешлиев со чие излагање се затвори говорничкиот дел дел на настанот, се осврна кон иднте планови и визијата. Тој изјави дека се создадени услови да се изработи Национална стратегија за економска соработка со конкретни региони во Руската Федерација, по примерот на повеќе земји членки од Европската унија како што се Словенија, Унгарија, итн. Втора суштинска работа што е акцентирана е образованието на стручен кадар во македонските компании кој ќе биде двигател на идните економски односи меѓу двете земји.

 

На настанот беа промовирани монографијата по повод 10 годишниот јублеј, како и иновативната идеа на комората: Македонско – руски аудио видео бизнис разговорник, со кој ќе се помогне во понамошната полесна меѓусебна бизнис комуникација на македоските и руските стопанственици. Раговорникот содржи аудио и видео приказ на фрази на макодонски и руски јазик, кои се најчесто употребувани при деловата комуникација.

 

Македонско-руската стопанска комора по повод 10 годичниот јубилеј, како израз на благодарност за значајниот придонес во создавањето, развојот и поддршката на делувањето, додели плакети на поединци, институции и компании. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Објавено пред

„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.

dobivaj vesti na viber

Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.

„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.

„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.

Прикажи повеќе...

Економија

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено поради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

Објавено пред

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Ресен каде што оствари работни средби со овоштарите од овој регион.

dobivaj vesti na viber

„Овоштарите од Ресен претрпуваат големи губитоци заради погрешните политики на СДС и големиот увоз на странско јаболко во Република Македонија. Согласно податоците, додека ресенското јаболко стои неоткупено, од 1 септември 2023 година до сега во Македонија се влезени околу 4 милиони килограми јаболко што е главна причина што ресенчани ги преживуваат најцрните денови во историјата на овоштарството во Македонија“, изјави Трипуновски.

Како поголеми проблеми на земјоделците од Ресенскиот регион, Трипуновски ги посочи неисплатените субвенции како и неисплатените штети од природните непогоди од пред некоја година, откупно-дистрибутивниот центар којшто требаше да биде завршен во 2023 година сѐ уште не е ни започнат со градба.

„Цврсто им ветив дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има сериозен план и конкретни мерки со кои ќе се стави крај на маките на ресенчани“, заврши Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби на ММФ и СБ: Носителите на политики ќе дискутираат за состојбите и перспективите во економијата

Објавено пред

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, ја предводат нашата делегација, која учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Во делегацијата на Народната банка на овие средби ќе земе учество и вицегувернерот Фадил Бајрами.

dobivaj vesti na viber

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот Бајрами на претстојните Пролетни средби ќе одржат состаноци со заменик-директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, како и со извршниот директор на ММФ и алтернативниот извршен директор, Пол Хиберс и Лук Дресе. На состаноците со високите претставници на ММФ ќе стане збор за економските состојби во нашата земја и поставеноста на монетарната политика, којашто придонесе за стабилизирање на инфлацијата. Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерката, ќе оствари средба и со претставниците на одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на која ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка.

Во рамките на Пролетните средби, Ангеловска-Бежоска ќе одржи состаноци и со високи претставници на Светската банка, заменик-претседателката на СБ, Антонела Басани и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. Исто така, делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.

Одржувањето на Пролетните средби секоја година на едно место ги собира носителите на политиките, односно првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки, кои ќе разговараат за политиките и финансиските реформи во насока на остварување на целите за одржлив раст (SDG), особено поврзани со климатските промени и родовата еднаквост.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 минути

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија22 минути

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет2 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет2 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет3 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион3 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет3 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија14 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија14 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија15 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија17 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија21 час

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ21 час

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија22 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија24 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија24 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија1 ден

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...