Македонија
МИДФ и Комерцијална банка со кредити од 10 млн евра за општинска инфраструктура
Фондот за развој на општинска инфраструктура (МИДФ) и Комерцијална банка АД Скопје го поддржуваат развојот на одржлива инфраструктура во Македонија со кредити на износ од 10 милиони евра што се на располагање на општини, комунални претпријатија и приватни друштва коишто даваат општински услуги.
Средствата од кредитот ќе се искористат за финансирање на изградба на нова и модернизација на основната општинска инфраструктура во помалите општини коишто обично имаат ограничен капацитет за изготвување проекти за одржлива инфраструктура и се соочуваат со тешкотии за пристап до финансирање од комерцијалните банки.
МИДФ е прв инвестициски фонд на износ од 100 милиони евра, формиран од ЕБОР и КфВ со придонес од владите на Германија, Швајцарија и Австрија, со цел стимулирање на порастот на пазарот на кредитирање на општини и остварување на долгорочна одржливост на општинските услуги во западнобалканските земји.
Освен тоа, владите на Австрија и Швајцарија обезбедуваат финансирање на техничка помош како поддршка на изготвување и спроведување на проектот и изградба на капацитетот на општинските корисници на кредити.
„Горди сме да ја објавиме оваа одлична можност за развој на општинската инфраструктура. Ние во МИДФ веруваме дека постои голема потреба од развој на локалната инфраструктура а финансискиот пазар во земјата не го опфатил овој сектор со целиот негов потенцијал. На тој начин ова претставува иновативна соработка на МИДФ со која очекуваме да се покрие финансискиот пропуст во општинската инфраструктура во Србија и да се обезбеди потребната поддршка за таа цел“ рече Клаус Рихтер, менаџер на проект на МИДФ.
„Ја цениме нововоспоставената соработка со МИДФ“ рече Хари Костов, Главен извршен директор на Комерцијална банка АД Скопје.
„Тоа е добредојден извор на финансирање за итно потребните инвестиции во инфраструктурата во Македонија придружен со значителна техничка помош на крајните корисници. Како таков, финансискиот пакет дава дополнителна придобивка за клиентите покрај поволните каматни стапки. Нашата банка веќе се докажа како долгорочен партнер во оваа земја што го поддржува економскиот равој на различни начини“, рече Костов.
МИДФ е осмислен за западнобалканските земји, а во оваа група стратегијата на Фондот ќе биде фокусирана на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија, согласно со локалните потреби. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

